Author: dino

Фудбалерот на Барселона, Мунир Ел Хадади ќе се пресели во редовите на Севилја. Тој ќе потпише договор за три и половина години и ќе биде одлично засилување во средниот ред на екипата од Андалузија, објавија денеска медиумите во Шпанија. Трансферот е во висина од само 1 милиони евра бидејќи Ел Хадади има договор со Барселона само до крајот на сезоната кога ќе може да си замине како слободен агент. Од таа причина, Каталонците се решија да го продадат во текот на зимскиов преоден рок.

Read More

Кире Лазаров иако е задоволен од победата против Јапонија на стартот на возбудувањата во групата „Б“ во Минхен, потенцира дека разликата од девет голови не ги покажува реалните случувања на теренот. „Лично не ми се допаднаа одредени работи,  неколку неодговорни шутеви во моментите кога обезбедувавме посолидна предност. Сепак, сите знаеме дека имаме подмладена репрезентација и дека такви работи ќе се случуваат“ – вели нашиот капитен. „Сега ќе размислуваме за наредниот меч, ќе одиме чекор по чекор за да дојдеме до посакуваната втора фаза. Мислам дека мечот со Бахреин нема да помине лесно“ – заврши Кире Лазаров по денешната прва победа…

Read More

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Раул Гонзалес, по стартниот триумф против Јапонија на СП во Германија и Данска, нагласи дека ќе мора да се корегираат одредени делови од нашата игра и тоа пред се во одбраната. „Сакам да им честитам на моите ракометари за победата. Нашиот голман беше одличен во почетокот, стигнавме до пристојна предност, но, потоа се заморивме“ – вели Раул. „За мене нема поделба на стари и млади ракометари, за мене и Кире е млад. Ние имавме позитивни моменти, но, и противникот покажа квалитет. Победата со девет голови е сосема реална“ – потенцираше Гонзалес.

Read More

Стојанче Стоилов кој постигна шест голови на мечот со Јапонија на стартот на ракометниот Мундијал во Германија и Данска, изјави дека е задоволен од победата и дека треба да се задржи позитивната атмосфера. „На теренот не беше лесно, немавме премногу грешки а одбраната беше на послабо ниво. Противникот беше многу брз и подвижен и мислам дека може да им направи проблем на другите репрезентации“-вели Стоилов. „Не очекуваат уште мечеви, сега и со Бахреин ќе ја имаме улогата на фаворит, мислам дека треба сите да добијат шанса за да ја задржиме свежината за понатамошните мечеви“ – нагласи нашиот пивот кој беше…

Read More

Нашите најдобри ракометари денеска ја совладаа Јапонија со 38 спрема 29 на стартот на возбудувањата во групата „Б“ која се реализира во арената во Минхен. Триумфот против „самураите“ ни го донесоа бравурозните одбрани на голманот Ристовски, играта 7 на 6 со акцент на пикерите како и луцидните комбинации кои тотално го разбија противникот. Капитенот Кире Лазаров со осум голови беше најпрецизен во нашиот табор, Манасков постигна седум а Стоилов шест. Кај Јапонците се издвоија Ванатбе со пет и Шиба со четири голови. Четата на Раул во второто коло в недела ќе се сретне со селекцијата на Бахреин.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, вели дека е многу среќен бидејќи тимот влезе во победничка серија по доаѓањето на Оле Гунер Солскјер кој го замени отпуштениот Жозе Мурињо. „Црвените ѓаволи“ под диргентската палка на Норвежанецот забележаа пет победи во исто толку средби и си ја вратија самодовербата. Шпанецот се надева дека серијата ќе биде продолжена и по гостувањето кај Тотенхем. „Имаме одлична форма и ќе се обидеме да ја задржиме подолг период. Иако го гледаме на хоризонтот новиот предизвик – гостување кај Тотенхем во Лондон, сега се насладуваме на престојот во Дубаи” – напиша Мата на неговиот профил на…

Read More

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, бара начин како да ја засили дефанзивата бидејќи поголем дел од неговите фудбалери се соочуваат со повреди. Според весникот – „Сан“, искусниот стратег го насочил погледот кон играчот на Барнли, Џејмс Тарковски. „Црвените“ сакаат да го ангажираат дефанзивецот на позајмица до крајот на сезоната, но, раководството на Барнли бара големи 50 милиони фунти. Познато е дека тројцата централни стопери во Ливерпул, Жоел Матип, Џо Гомез и Дејан Ловрен, се соочуваат со потешки повреди што му создава големи проблеми на искусниот тренер.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Марко Алонзо, не гледа причина зошто неговиот соиграч Калум Хадсон да го напушти тимот и да замине во Баерн Минхен иако германците се обидуваат со сите сили да го купат младиот играч. „Калум е добар фудбалер, но, уште е премногу млад. Тој треба да биде трпелив и во исто време да се бори за место во тимот“ вели Алонзо. „Тој ги има сите услови да стане одличен играч. Зошто да оди во Баерн? Ние сме Челзи – голем тим а Премиер лигата е најинтересното првенство во светот. Не разбирам зошто некој би отишол во Минхен“ – потенцираше…

Read More

Нашиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, потпиша тригодишен договор со германскиот бундеслигаш Магдебург кој ќе стартува од месец јуни. Задоволството од ангажманот на нашиот бек не го криеше тренерот на германците, Бенет Вигерт. „Филип Кузмановски има и големо интернационално искуство со настапите во Лигата на шампионите како и во дресот на македонската репрезентација на сите светски и европски првенства. Се работи за играч флексибилен во нападот и во одбраната.Со нетрпение го очекуваме во нашите редови “ – вели тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт. Кузмановски до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Еурофарм работник а потоа во текот на летото ќе се…

Read More

Челниците на Челзи планираат да испратат понуда од 50 милиони фунти за напаѓачот на ПСЖ Едисон Кавани, објавија дел од медиумите во Англија. 31-годишниот фудбалер за францускиот тим одиграл 262 меча и постигнал 183 гола. Уругваецот кој има договор до 2020 година, добива 16,5 милиони фунти по сезона  што го прави еден од најплатените играчи во францускиот шампионат. Ќе потсетиме дека корпулентиот напаѓач претходно беше страв и трепет и за голманите во Италија додека настапуваше во Серија „А“.  Тој во дресот на Наполи постигна 104 голови во 138 натпревари. Единствен проблема за можниот трансфер преставуваат годините на Кавани бидејќи Челзи…

Read More