Author: dino

Голманот на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Јан Облак, пред почетокот на сезоната не сакаше да направи трансфер во Англија бидејќи веруваше дека проектот на клубот од „ Ванда Метрополитано“ ќе му донесе успех во наредниот период. „Летото решив да останам да освојувам трофеи, се надевам дека ќе ја осовиме и Лигата на шампионите”, рече словенечкиот чувар во интервју за – „FourFourTwo“. „Сé е можно во иднина. Јануари е тука, доаѓа јули. Работите можат многу брзо да се променат… Премиер лигата е интересна можност. Може ќе одам таму, но, не знам дали тоа ќе се случи по една година, две, пет…

Read More

Голманот на фудбалскиот состав ПСЖ, Џиџи Буфон, признал дека страдал од депресија во почетокот на кариерата во Јувентус и дека морал да пропуштил натпревар поради напад на паника .„Неколку месеци подоцна тоа немаше значење. Се чинеше дека никој не се грижи за мене” – изјави голманот со напомена дека добил напад на паника кога имал 25 години. „Отидов кај тренерот на голманите, Ивано Бордон и побарав Антонио Кименти да се загрее и да игра. Не бев подготвен за настап“ – потенцираше Буфон.

Read More

Луѓето од кошаркарскиот состав Барселона соопштија дека на 1 март ќе биде реализирана посебна церемонијата на која ќе биде повлечен од употреба дресот со број 11 кој го носеше легендарниот играч на тимот, Хуан Наваро. Тогаш во каталонската престолнина ќе гостува големиот ривал, Реал (Мадрид). Првичната идеја беше церемонијата да се реализира на 25 ноември кога имаше Ел Класико од календарот на шпанското првенство, но, тоа не се случи бидејќи почина таткото на Наваро. Досега само четворица кошаркари во целата историја на Барселона биле промовирани меѓу славните на тој начин, тоа се: Хуан Антонио Сан Епифанио, (№15), Начо Солосабал (№7),…

Read More

Германскиот фудбалски репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Тони Крос, заработил потешка повреда на мечот со Реал Сосиедат одигран во неделата на стадионот – „Сантијаго Бернабе“, објавија медиумите во Шпанија. 29-годишниот играч од средниот ред бил на детални лекарски прегледи кои покажале дека има посериозна повреда на мускулот на левата нога и дека ќе мора да паузира подолг период. Тој нема да игра против Леганес во Купот на Шпанија како и на средбите против Бетис, Севилја и Еспањол во Примера Дивизион.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, изјави дека ќе ја продолжи соработката со тимот иако за неговите услуги се заинтересирани луѓето од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Аргентинецот рече дека би сакал да остане во клубот 20 години, како што тоа го направи Арсен Венгер во екипата на Арсенал. „Имам огромна почит кон Арсен Венгер бидејќи остана цели 22 години во клуб каков што е Арсенал. Треба да бидеш многу добар – не само како тренер туку и како човек за да го постигнеш тоа“ – вели Почетино. „Јас сум среќен тука  бидејќи парите не се приоритет. Во иднина,…

Read More

Висенте Ибора се определи да го напушти премиер-лигашот Лестер и да потпише договор до 2023 година со шпанскиот состав Вилјареал, објавија медиумите во Англија. 30-годишниот фудбалер откако пристигна во Премиер лигата од Севилја во 2017 година одигра 37 меча во дресот на „лисиците“. Тој во тековнава сезона има реализирано само 11 меча. Неговиот нов состав, Вилјареал, игра очајно во шампионатот на Шпанија и со само 17 освоени бодови се наоѓа во опасната зона.

Read More

Англискиот фудбалски состав Манчестер Сити, ги стартувал преговорите за ангажман на Хуан Фернандо Кинтеро, кој настапува како позајмен oд Порто во редовите на Ривер Плата, потврди самиот играч. „ Горд сум што голем клуб се интересира за мене. Ако се вратам во Европа, сакам да го направам вистинскиот избор. Имам понуди и од Кина, но, тие не ме интересираат“ – вели Колумбиецот. Неговиот договор со Порто трае до 2021 година а откупната клаузула му изнесува 40 милиони евра.

Read More

Двократниот шампион, Насер Ал-Атијах (Катар) со возилото на „Тојота” ја освои првата етапа кај автомобилите на релито – Дакар. Победникот на трката во 2011 и 2015 година, беше најбрз низ дините на перуанската пустина на делницата од Лима до Писко. Второто место му припадна на бранителот на титулата од претходната година , Карлос Саинс (Шпанија) со возилото на „Мини“ додека третото место го освои Полјакот, Јакуб Пржигонски, исто со возило на „Мини“. Кај мотоциклистите најбрз во првата фаза беше Шпанецот, Хоан Бареда со „Хонда“ пред Пабло Кинтанија со „Хуксварна“ и Рики Врабец од САД со „Хонда“. Кај камионите, шампионот од…

Read More

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска на „Олд Трафорд“ го совладаа Ридинг со 2:0 и обезбедија место во наредната фаза во ФА Купот на Англија. Тренерот на домаќините, Оле Гунар Солскјер, го искористи мечот за да им даде шанса на поголем дел од играчите кои главно ја греат клупата. Норвежанецот и покрај победата, изјави, дека не е задоволен од пристапот. „Ќе имаме неколку денови во кои ќе треба да закрепнеме и да тренираме напорно за наредните предизвици. Не смееме да ги правиме истите грешки и на гостувањето кај Тотенхем на „Вембли“ ако сакаме да ја сочуваме нашата мрежа“ – вели тренерот…

Read More

Скијачката од САД, Михаела Шифрин, беше најбрза на денешниот слалом кој се возеше во рамките на Светскиот куп. Таа на патеката – „Сљеме“ во двете возења постигна вкупно време од 2:01,90 минути што беше доволно да се искачи на највисокото место на пидесталот. Втората позиција ја обезбеди Петра Вихова додека Венди Холендер имаше трет резултат. Шифрин со 52-та победа во Светскиот куп, ја зголеми предноста во генералниот пласман и сега има 1.214 бодови пред Вихова со 748. Шифрин со 680 бода води и во поредокот во слалом пред Вихова со 580 и Холендер со 375 бодови.

Read More