Author: dino

Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, веднаш ја одбил понудата упатена од страна на Бенфика која од вчера е без тренер. Довчерашниот стратег на Манчестер Јунајтед кој е без ангажман, нема намера да се врати и да работи во татковината. Бенфика се обидува брзо да најде замена за отпуштениот Руи Виториа кој влезе во лоша серија со „лисабонските орли“ и мораше да си замине. Ќе потсетиме дека Мурињо додека го водеше составот на Порто успеа да ја освои Лигата на шампионите во 2004 година.

Read More

Нашите најдобри ракометари одиграа успешен контролен натпревар против селекцијата на Србија додека се подготвуваат за Светското првенство во Германија и Данска. Во СЦ Борис Трајковски, избраниците на селекторот, Раул Гонзалес, користејќи ја главно тактиката седум на шест, успеаа да слават со 37 спрема 31. Крилото Дејан Манасков постигна девет голови, повеќето од нив на атрактивен начин, Филип Кузмановски забележа пет погодоци а Кире Лазаров и Жарко Пешевски успеаа по четири пати да се запишат во листата на стрелците. Македонија и Србија утре на истата локација ќе го одиграат и вториот контролен меч кој ќе биде затворен за јавноста.

Read More

Голгетерот на фудбалскиот состав Милан, Фабио Борини, има реална шанса да ја продолжи кариерата во кинескиот шампионат откако екипата на Шенжен ја зголеми понудата на 8,5 милиони евра. Во исто време, „росонерите“ се надеваат дека договорот ќе се реализира во текот на зимскиот трансфер период за да можат да ги искористата средствата за ангажман на нови фудбалери. 27-годишниот напаѓач во меѓувреме ги договoри сите детали со челниците на  Шенжен.Тој ќе потпише 3-годишен договор со кој ќе добива по 5 милиони евра на сезона.

Read More

Диего Армандо Марадона ќе остане на кормилото на мексиканскиот второлигаш Дорадос, тоа денеска го потврди неговиот агент со што ги демантираше последните гласинини дека фудбалската легенда ќе замине во друга средина. Дорадос во претходната сезона под водство на Марадона стигна до плеј-офот за пласман во елитниот ранг, но, не успеа да го помине тимот Атлетико Сан Луиз. Новиот шампионат во Мексико стартуваше деновиве а Дорадос првиот меч ќе го одигра во текот на викендот.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера ремизираа на теренот на Вилјареал (2:2) и не успеаа да направат прогрес на табелата во Примера Дивизион. Тоа воопшто не му се допаѓа на Предраг Мијатовиќ, кој изрази песимизам околу натамошната форма и резултатите на „кралевите“. „Тешко ми е да го гледам Реал во сезонава. Одигра одлично прво полувреме со Вилјареал и кога помисливме дека се ќе биде добро, одигра катастрофално во второто полувреме.Таквиот однос на играчите не ми влева никаков оптимизам“ – потенцира Мијатовиќ во изјавата за „Ел Ларгеро“. „Мене ми се допаѓа Бејл, но, тој не е играчот кој треба да биде лидер…

Read More

Македонската карате федерација денеска на посебна свеченост ги прогласи најдобрите во повеќе категории за 2018 година. Кај сениорите, очекувано признанието го понесе Емил Павлов (КК Штип) кој претходно беше прогласен и за спортист на Македонија додека во женска конкуренција наградата заврши во рацете на Ангела Мојсовска од екипата на Макпетрол. Најдобар тренер кај сениорите е Сашко Арсовски а кај младинците Александар Кузмановски. Во ката-сениори наградата ја прими Ферри Исиќ (Вардар-Скопје) а кај дамите Пулексенија Јовановска од тимот на Ронин од Прилеп. Најуспешен клуб кај сениорите е Штип додека во младинска конкуренција признанието заврши кај КК Олимпик Спорт -2007 од Скопје.…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, може да се појави на денешното дерби со Ливерпул во рамките на 20-то коло во Премиер лигата.Четата на Пеп Гвардиола ја очекува значаен меч против „црвените“ кои се единствениот тим без пораз во досегашниот дел од сезоната. Натпреварот на „Етихад“ може да се покаже и како решавачки во трката титулата а Гвардиола се надева дека ќе ги има најдобрите и дека белгискиот интернационалец кој вчера се појави во тренинг центарот на „граѓаните“, ќе може да го облече дресот и да им помогне на соиграчите. „Кевин тренираше со групата. Подобар е, но, уште не…

Read More

Оле Гунар Солскјер со вчерашната победа на теренот на Њукасл, стана вториот менаџер во фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед кој стартувал со четири победи. Toj го повтори рекордот на Мет Безби поставен во далечната 1946 година. На тешкото гостувањето на стадионот – „Ст. Џејмс парк“, Норвежанецот  направи вистински потег со уфрлувањето во игра на Ромелу Лукаку кој само неполна минута подоцна ја искористи грешката на домашниот голман Дубравка и му донесе предност на неговиот тим.  Солксјер по мечот скромно изјави дека влегувањето на Лукаку е логичен избор и дека рекордот нема да влијае на неговата натамошна работа. „Јас воопшто не мислам…

Read More

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој во текот на Мундијалот во Русија отворено и даваше поддршка на хрватската фудбалска репрезентација, во последното интервју за „Блиц“, порача, дека народите на околните простори ги чувствува како негови. „Знам каква е сегашната политичка ситуација и дека раните од војната се уште се свежи за многу луѓе. Се молам за секого на кој војната не му донесе ништо добро, но, спортот секогаш треба да биде над политиката, во тоа цврство верувам“ – потенцираше Ѓоковиќ. „ Хрватите, Македонците и Босанците се наши први соседи и на нив гледам како на наши браќа. Можеби многумина ќе…

Read More

Францускиот фудбалски интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, влезе во неверојатен ритам откако од кормилото си замина португалскиот тренер, Жозе Мурињо. Тој во последните три натпревари во Премиер конкуренцијата успеа да постигна дури четири погодоци и да направи три асистенции. Токму поради тој ефект, беше избран за најдобар фудбалер на Манчестер Јунајтед за месец декември. Погба кој беше инволвиран во повеќе инциденти со претходниот тренер, сега по доаѓањето на „Олд Трафорд“ на Оле Гунар Солскјер игра како препороден и се наметнува како лидер на екипата.

Read More