Author: dino

Вчерашните мечеви во последната рунда по групи, ги определија патниците на Европското првенство во одбојка за мажи кое ќе биде реализирано годинава во септември во Франција, Белгија, Холандија и Словенија. Покрај ко-домаќините на континенталниот собир ќе настапат и : Австрија, Белорусија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Италија, Црна Гора, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Шпанија, Турција и Украина. Дел од големиот спортски настан ќе биде и нашата селекција која со вчерашната победа против Унгарија, се избори за историски настап на европско првенство.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера славеа убедливо со 9 спрема 0 во првиот меч против Брајтон во рамките на англискиот Лига куп. Третолигашиот  направи огромно изненадување со пласманот во полуфиналето, но, тука налета на разиграната чета на Пеп Гвардиола која реално гледано немаше милост и одигра максимално професионално. Шпанскиот стратег по мечот се обидел да им каже неколку зборови на гостинските играчи кои тешко го прифатија катастрофалниот пораз на стадионот „Етихад“. „Сакав да им честитам на играчите на Брајтон за тоа што стигнаа до тука во натпреварувањево. Го заслужуваат  нашиот респект и морав да им оддадам почит“ – потенцираше Гвардиола.

Read More
NBA

Тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, Стив Кер, најави дека Демаркус Казинс, може да дебитира за шампионскиот состав на 18 јануари на средбата со Лос Анџелес Клиперс во рамките на новата рунда во НБА лигата. Кошаркарот кој е висок 211 сантиметри не игра речиси една година откако ја повреди ахиловата тетива додека го носеше дресот на екипата на Њу Орлеанс. Казинс кој во текот на изминатото лето потпиша за Голден Стејт, пред околу две недели започна со интензивни тренинзи. Голден Стејт кој досега има 27 победи, во моментов се наоѓа на второто место во Западната конференција.

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје вчера победија на гостувањето кај Ловќен во Црна Гора со 85 спрема 67 со што направија голем чекор кон плеј-офот во АБА 2 лигата. Нашиот тим од самиот почеток имаше контрола на резултатот а тренерот, Ѓорѓи Кочов, направи одлична стратегија со која ги запре  нападите на домаќинот. „Одигравме квалитетен меч и дојодовме до голема победа. Во првиот дел имавме предност од 6-7 поени додека во вториот  бевме фантастични и заслужено победивме“ – потенцираше Кочов. Македонскиот претставник во АБа 2 лигата има ефект од десет победи и пет порази и се наоѓа на второто место на табелата.…

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Алваро Мората, не е задоволен од минутажата на „Стемфорд Бриж“ и затоа размислува да го напушти тимот предводен од Маурицио Сари. Италијанскиот тренер се почесто го остава напаѓачот на клупата за резерви што предизвикува незадоволство кај Мората кој јавно изјави дека планира да ја промени средината. Шпанскиот весник –„Мундо Депортиво“, тврди, дека агентите на Шпанецот започнале преговори за негово враќање во татковината и тоа во екипата на Атлетико Мадрид. Доколку тоа навистина се случи, голгетерот ќе се врати во клубот во кој беше активен во младинските категории се до 2007 година.

Read More

Селекторот на нашата машка одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ, по триумфот против Унгарија и обезбеденото учество на Европското првенство, сите заслуги им ги препиша на играчите. „Момчињата заслужија да се радуваат. Не бевме перфектни, но, одигравме добро. Во прилог ни одеа и резултатите од другите натпревар, на крајот среќата ни се насмевна“ – изјави Матијашевиќ. Европското првенство кон крајот на годинава ќе биде реализирано во четири земји. Тоа се: Франција, Белгија, Холандија и Словенија.

Read More

Ракометарите на Германија и Кореја денеска од 18:15 часот во арената во Берлин, ќе го отворат 26-от  Мундијал кој ќе се реализира во шест градови во Германија и Данска. Тоа се: Минхен, Берлин, Келн, Хамбург (Германија) и Копенхаген и Хернинг (Данска). На првенството ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во четири групи. А-група (Берлин): Германија, Франција, Русија, Србија, Бразил, Кореја. Б-група (Минхен): Хрватска, Шпанија, Исланд, Македонија, Бахреин и Јапонија.Ц-група (Копенхаген и Хернинг): Австрија, Данска, Норвешка, Тунис, Саудиска Арабија и Чиле. Д-група (Kопенхаген): Унгарија, Шведска, Египет, Аргентина, Ангола и Катар. Во втората рунда ќе одат трите најдоби од секоја група по што…

Read More

Капитенот на нашата одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, изјави дека му се исполнил сонот да заигра на голем меѓународен настан. „Јас сум горд на момчињата, се издигнавме над сите проблеми. Пласманот на ЕП е круна на една генерација, најсреќниот ден за сите“ –  вели Ѓорѓиев. „На повеќе од натпреварите немавме среќа, во изминатото лето беше многу тешко, имавме и одредени недоразбирања меѓу нас, но, тоа го надминавме и дојдовме до посакуваниот пласман на Европското првенство“ – потенцираше Ѓорѓиев

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација дојде до историски пласман на Европско првенство откако со 3-0 ја победи Унгарија и ги искористи поразите на Азербејџан и Израел. Прво „викинзите“ го победија Азербејџан а потоа отпишаната Летонија славеше против Израел по што нашите „Спартанци“ сами си ја решаваа судбината. Тие во СРЦ Кале максимално мотивирано успеаа да ја прегазат Унгарија со посакуваниот резултат од 3 спрема 0 и да обезбедат настап на Континеталниот собир. Првиот сет го добивме со 25:21, вториот со 25:20 а третиот со 25:21.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, најави дека Мунир Ел Хадади е на излезната врата од „Камп Ноу“. Шпанецот со мароканско потекло ќе го одработи договорот со каталонците до крајот на сезоната а потоа ќе си замине. „Одлуката е донесена. Ние сакаме брзо решение, ако тоа се случи за време на зимскиот трансфер период ќе биде одлично. Немам ништо против” –  изјави Валверде на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар со Леванте во Купот на Шпанија. „Тимот е во добра форма. Секој сака да игра финале. Ја сакаме титулата и пехарот во Купот. Ние нема да се откажеме од ништо”…

Read More