Author: dino

Фудбалскиот состав Бока Јуниорс го назначи Густаво Алфаро на тренерската позиција. Тој ќе го замени Гилјермо Шелот кој се определи  да ја продолжи кариерата на МЛС лигата во САД на чело Лос Анџелес Галакси. 56-годишниот Алфаро кој во месец декември го напушти тимот на Хуракан, денеска беше официјално претставен на прес-конференцијата која се реализираше во Буенос Аирес. Специјалистот рече дека добро ги знае  приоритетите на еден од најголемите клубови во Јужна Америка и дека акцентот ќе биде ставен на освојување на Купот Либертадорес.

Read More

Еден од најдобрите англиски судии во изминатата деценија – Марк Клатенбург, не е целосно задоволен од работата на неговите колеги во тековната сезона во Премиер лигата. Тој побара построги санкции за сите што ќе се обидат да изнудат пенал. „Моментот кога фудбалерите се  обидуваат да добијат пенал, останува голем проблем за Премиер Лигата. Во рок од само три дена Мохамед Салах  доби два лесни пенала а Хари Кејн заработи жолт картон за симулирање на средбата со Вулверхемптон“ – изјави Калтенбург за „Дејли меил“. „Дојде време Фудбалската асоцијација да стане построга а соодветната комисијата кога ги разгледува спорните ситуации да биде…

Read More

Селекторот на „црвената фурија“, Жорди Рибера, очекувано ги изостави ветераните Штербик и Македа од конечниот список за Светското ракометно првенство во Германија и Данска кое ќе започне кон средината на јануари. Познато е дека Шпанија ќе и биде противник на Македонија во групната фаза во Минхен заедно со селекциите на Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин. Рибера се определи да им укаже доверба на голманите Гонзало (Барселона) и Коралес (ПСЖ). Во бековската линија ќе конкурираат: Раул Ентрериос (Барселона), Сармиенто (Сант Рафаел), Кањелјас (ПИК Сегед), Даниел Душебаев (Киелце), Алекс Душебаев (Киелце), Гои (Аикс), Гурбиндо (Нант). На крилните позиции ќе бидат активни: Арињо…

Read More

Полскиот фудбалер, Роберт Левандовски, кој на крајот на изминатата сезона сакаше да го напушти Баерн Минхен, сега е подготвен да ја заврши професионалната кариера во клубот. „Има опција да останам тука до самиот крај. Воопшто не мислам на трансфер. Признавам дека размислував за такво нешто во изминатото лето. Сега откако поминаа сите проблеми, максимално сум посветен на клубот ” – изјави голгетерот за – „Sport Bild“. Левандовски во тековнава сезона има одиграно 24 средби во сите конкуренции и има псотигнато 22 гола. Неговиот договор со Баварците е валиден до летото во 2021 година.

Read More

Младиот, Маркос Лоренте,  во рок од само два месеца го промени текот на кариерата и докажа дека ги има потребните вештини и карактер за да биде стартер за Реал Мадрид.  Тој има одиграно 678 минути од почетокот на сезонава. Се појави на 9 натпревари и даде еден гол на светското клубско првенство. Минатата сезона Лоренте имаше одиграно 1063 минути  додека тимот го водеше Зинедин Зидан. Тој со неговите настапи докажа дека во изминатите 10 години работел максимално напорно и дека заслужено го носи дресот на „кралевите“. Во тековнава сезона новиот тренер, Солари, не е задоволен од игрите на  Тони Крос…

Read More

Американската скијачка Микаела Шифрин влезе во историјата на светското скијање откако ја запиша 15. победа на трките од Алпскиот куп во една календарска година. Таа на слаломот во Семеринг успеа да ги остави зад неа Петра Влхова од Чешка и Венди Холендер од Швајцарија. Американката влезе во историјата на скијањето како единствената што успеала да забележи 15 победи во една календарска година. Микаела Шифрин доминира во слаломот и  во генералниот пласман во светскиот куп во алпско скијање.

Read More

Стручен тим од Агенцијата за млади и спорт предводен од Директорот, Дарко Каевски заедно со посебните советници за спорт од Владата на РМ, Даниел Димевски и Ѓорѓи Тасев, денеска реализираа средба со претставниците на спортските федерации и спортските работници. На истата беа дефинирани критериуми за користење на Ваучерите во спортот како дополнителен извор за финансирање на спортот во Република Македонија во 2019 година а се потенцираше и потребата од  формирање на посебно тело во Агенцијата за млади и спорт чија главна обврска ќе биде работата со ваучерскиот систем, при што целиот процес, како и досега, ќе се води низ транспарентен, партнерски…

Read More

Поранешниот возач во Формула 1, Марк Вебер, е загрижен од одлуката на Даниел Рикардо да го напушти Ред Бул и да замине во фабричката екипа на Рено. Многумина беа изненадени од неговиот избор а во Ред Бул дури беа и шокирани. Вебер тогаш беше меѓу првите што изјавија дека Рикардо прави грешка. „Моето мислење нема да се промени. Загрижен сум поради таа одлука. Луѓето сакаа тој да остане во Ред Бул. Разговарав со Даниел но, тој нема намера да се откаже“ – потенцирал Вебер.

Read More

Кристијано Роналдо откако направи трансфер во Јувентус, имаше интересна изјава поврзана со ѕвездата на Барселона, Лео Меси. Португалецот кој со аргентинскиот ас имаше жестоки дуели во Примера додека играше за Реал Мадрид,  изјави дека му недостасува ривалството со Меси и дека би сакал еден ден да го види фудбалерот на Барселона во Серија А. Меси подолг период не сакаше да ја коментира изјавата на Роналдо, но, откако во последното интервју за „Марка“, доби конретно прашање, се определи и да го одговори. „Да го прифатам предизвикот на Роналдо и да се приклучам на италијанскиот фудбал? Не ми треба никаков предизвик. Јас сум…

Read More

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер откако седна на клупата на фудбалскио состав, Манчестер Јунајтед, во континуитет е присутен во медиумите во Англија. Поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ откако го наследи Жозе Мурињо, успеа да наметне победничка атмосферата во тимот. Тој на денешната прес конференција, изјави дека Антонио Валенсија ќе остане капитен до крајот на сезоната. „Нема да има никакви промени. Антонио Валенсија е капитен. Кога ќе биде целосно подготвен и кога ќе може да игра тогаш ќе ја носи и капитенската лента. Нема многу десни бекови кои знаат да играат офанзивно“ –  искоментира Солскјер.

Read More