Author: dino

Дефанзивниот фудбалер на шпанскиот состав Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез, кариерата ќе ја продолжи во сегашниот состав иако неодамна се појавија гласини дека за неговиот потпис се заинтересирани луѓето од Баерн Минхен. Интернационалецот од Франција кој настапува во крајниот лев дел од одбраната на „јорганџиите“, во континуитет се поврзуваше со Баварскиот гигант кој наводно е подготвен да плати околу 85. милиони евра. Сега како што пренесуваат дел од медиумите во Шпанија, 22. годишниот играч кој се појави на вкупно 17 средби во сите конкуренции, нема да добие дозвола да си замине од тимот барем додека трае тековнава сезона.

Read More

Ситуацијата со суспендираниот Раџа Наиголан во тимот на Интер добива сосема поразлична димензија откако се појави аудио снимка во која фудбалерот користи погрни зборови за клубот и ја оценува неговата состојба како хаотична и неподнослива. „Мајко мила, тие мислат дека сум готов, но, нека биде така. Секогаш сум покажувал што имам на теренот. Потоа некои интеристи може да дојдат да ми го бакнат задникот, тука е хаос, сакам да се вратам. Тоти може да ми помогне“. Тоа е дел од кажаното на аудио записот за кој медиумите потенцираат дека се слуша  гласот на Наиголан. Познато е дека големото летно засилување…

Read More

Шпанскиот интернационалец во редовите на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, јавно потенцираше дека неговиот поранешниот тренер, Жозе Мурињо, има посебно влијание за освоените трофеи. Стратегот од Португалија неодамна доби отказ од кормилото на „црвените ѓаволи“  откако имаше многу недоразбирања со дел од ѕвездите на тимот. Меѓу нив не се вбројува Мата кој е еден од ретките што се задоволни со работата на трофејниот тренер. „Имавме посебна недела откако дојде промената на тренерот. Јас би сакал да му се заблагодарам на Жозе Мурињо за трофеите што ги освоивме заедно. Му пожелувам среќа во иднина“ –  изјави Мата.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Баер Леверкузен се определија да му врачат отказ на тренерот, Хајко Херлих, откако „фармацевтите“ влегоa во серија на катастрофални резултати во сите конкуренции. Баер иако се вбројуваше меѓу претендентите за висок пласман, првиот дел од сезоната го заврши далеку од посакуваните позиции во врвот на табелата што се покажа како доволна причина Херлих да заработи отказ. Во пролетниот дел од Бундеслигата, тимот ќе биде воден од Петер Бош,  поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ајакс. Неговата промоција е закажана за 4  јануари а договорот треба да му биде валиден до јуни во 2020 година. Во меѓувреме со…

Read More

Норвежанецот, Оле Гунар Солскјер, кој деновиве го наследи Жозе Мурињо на клупата на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, не може да поверува дека ќе го води неговиот некогашен состав на мечот со Хадерсфилд кој ќе се одигра на така наречениот – „Боксинг деј“. Тој објасни дека претходно ги одвел неговите три деца на – „Олд Трафорд“ да ги гледаат средбите против Јувентус и Јанг Бојс во Лигата на шампионите и дека по речиси еден месец од тие настани, тој повеќе не е фан, туку менаџер на „црвените ѓаволи“. „Имаше возбуда во Лигата на Шампионите, децата снимаа со телефоните. Сега, на „Боксинг…

Read More

Легендарниот играч на Барселона и на Шпанија, Андрес Иниеста, кој сега ги брани боите на јапонскито состав Кобе, размислува да влезе во тренерските води откакао ќе ја заврши долгата и успешна кариера. „Тешко е да се предвиди што ќе се случува во иднина, но, како одминува времето се повеќе размислувам околу тренерската кариера” – вели 34-годишниот фудбалер. Иниеста во дресот на Барселона зад неговото име има запишано 9 титули во Примера и 4 пехари од Лигата на шампионите додека со селекцијата на Шпанија успеа да ги освои европскиот и светскиот трон.Тој не крие дека постои желба еден ден да се…

Read More

Фудбаалерите на Јувентус вчера го совладаа составот на Рома со минимални 1 спрема 0 во дербито на 17. Коло во Серија „А“. Батпреварот го реши хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ кој погоди во 35 минута. Тренерот на „Старата дама“,  Масимилијано Алегри, по мечот во еуфорично расположение не штедеше пофални зборови за играта на Манчукиќ. „Марио е извонреден, феноменален играч. Нема зборови со кои може да се опише… За нас е исклучително значен бидејќи е играч кој има беспрекорна комбинација на физичка подготовка и техника“ – рече Алегри. „Одигравмe добар меч против Рома. Бевме организирани и не дозволивме да примиме гол иако во…

Read More

Италијанскиот фудбалски состав Лацио најави дека е заинтересиран за услугите на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, објави денеска весникот – „Кориере дело Спорт“. Неговиот тим Фенербахче се соочува со големи финасиски проблеми и полека започнува да ги продава фудбалерите бидејќи не може да го издржи финансиски товар. Од таа причина се верува дека турскиот состав нема да ја добие понудата на „лацијалите“ во висина од 15 милиони евра. Тоа е можност за Фенербахче  да заработи повеќекратно ако се знае дека  за услугите на Елмас му платија на Работнички скормни 180 илјади. Во исто време се појавија шпекулации дека за нашиот играч…

Read More

Играчот на Шкендија, Бесарт Ибраими, е прогласен за најдобар фудбалер на Македонија за сезоната 2017/2018. Тој на свеченоста во организација на ФФМ во Македонскиот народен театар го доби и признанието за најдобар стрелец во шампионатот. Посебно признание за долготраен придонес во македонскиот фудбал доби Горан Пандев додека за најдобар интернационалец беше прогласен Енис Барди од Леванте.Најдобар тренер за изминатата 2017/2018 сезона е Ќатип Османи од тимот на Шкендија. Еве каде завршија другите предвидени награди: Фер-плеј екипа: ФК Шкендија Најдобар фудбалски работник: Кирил Гогов (ФК Кит Го – Пехчево) Најдобар судија: Марјан Маркоски (Охрид) Најдобар клуб во младински фудбал: ФК Шкендија Најдобар млад фудбалер: Енис Фазлагиќ…

Read More

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар се најде на тапет на Европската фудбалска федерација. „Црвено-црните“ поради неподмирени обврски може да добијат забрана за настап во наредните две години. УЕФА денеска преку телото задолжено за „финансиската контрола на клубовите“, соопшти, дека нашиот тим е казнет со 100.000 евра и дека до 31 јануари во наредната година мора да ги исплати сите долговите. Доколку тоа не се случи, Вардар ќе се соочи со најавените санкции. Во истовреме УЕФА објави дека во истата ситуација се и бугарскиот состав Левски од Софија како португалскиот, Спортинг Лисабон.

Read More