Author: dino

Градоначалникот на Мајорка, Матеус Пугрос, ја искористи можноста јавно да му се заблагодари на шпанскиот тенисер, Рафаел Надал,  кој донираше еден милион евра за настраданите во неодамнешните поплави кои се случија во неговиот роден град. „Во име на сите граѓани сакам да му се заблагодарам на Надал на тоа што го направи на лице место”- стои во дел до изјавата на Пугрос која ја пренесоа медиумите во Шпанија. Ќе потсетиме дека во природната катастрофа животот го загубија 13-ет лица а Рафаел Надал беше на терен и помагаше во санирањето на штетите.

Read More

Техничкиот директор на Формула 1, Рос Браун, рече дека е разгледана можноста да се одржи посебна трка во главниот град на Велика Британија. Тој, сепак, навести дека трката нема да се случи во центарот на Лондон бидејќи тоа би било неприфатливо. „Лондончани не треба да бидат  загрижени дека центарот ќе биде затворен цела недела поради нас. Има опции во периферијата на градот кои може да се искористат“ – вели Браун. Луѓето од градската управа потврдија дека Гран-при трка може да се организира во иднина, но, дека мора да се дефинираат сите услови. Во истовреме, Рос Браун посочи, дека Либерти Медиа…

Read More

Една од легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, имаше интересна изјава поврзана со отказот на тренерот Жозе Мурињо. Тој во интервјуто за „Би-Би-Си“ ги обвини фудбалерите дека намерно не ги исполнувале задачите на Португалецот и дека имале намера да го избркаат од клубот. „Се извлекоа како жртви. Луѓето зборуваа дека Мурињо влегол во расправија со нив. Секој нормален тренер би го направил тоа со играч кој на подготвките доаѓа со вишок килограми и не сака да работи максималн на тренинзите“ – вели Кин. „Јас не сум најголем обожавател на Мурињо, но, на играчите треба да им биде срам. Се покажаа како слабаци…

Read More

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Асенсио, заработил потешка повреда на средбата со Кашима во полу-финалето на Светското клупско првенство и затоа ќе мора да паузира подолг период. 22-годишниот играч од средниот ред влезе во игра во 60. минута на мечот против Јапонците но, по само 15 минути мораше принудно да го напушти теренот. Според објавеното, Асенсио ќе мора да го пропушти финалето  против Ал-Аин а потоа и натпреварите во Примера против Виљареал, Бетис, Реал Сосиедад и Севилја. Асенсио пред да дојде во редовите на „кралевите“ во 2014 година, настапуваше и за екипите на Еспањол и Мајорка.

Read More

Маурицио Сари кој во текот на летото се пресели на клупата на Челзи, изјави, дека жали што неговиот колега, Мурињо не остана на кормилото на Манчестер јунајтед. Италијанецот на шега потенцираше дека сака да го види Мурињо повторно како тренер , но, не на неговото место кај „сините“. „Како што сите знаете, Мурињо освои сè, – секаде! Јас, многу го сакам и почитувам и како тренер и како човек. Тој беше во право кога рече дека Манчестер јунајтед има иднина и без него“ нагласи Сари. „Многу ми се допаѓа, би сакал брзо да го видам на клупата, можеби во Англија…

Read More

Еден од најдобрите фудбалери на Арсенал во тековнава сезона, Хенрих Мхтаријан, поради повреда на зглобот, ќе го пропушти мечот со Барнли закажан за утре во рамките на Премиер лигата на Англија. Неговото отсуство е дополнителен проблем за менаџерот, Унаи Емери, кој поради здравствени причини не може да ги има во тимот и: Сеад Колашинац, Дани Велбек, Роб Холдинг, Константинос Мавропанос и Ектор Белерин. Како делумно олеснување за Емери доаѓа веста дека централниот дефанзивец, Шкодран Мустафи, ја санирал повредата и дека ќе може да игра на утрешниот натпревар.

Read More

Нашата најдобра фудбалска репрезентација со вкупно 1343 бодови ќе ја заврши годинава на 68 место на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација. Македонија во 2018-та одигра осум натпревари со ефект од пет победи, две нерешени и два пораза. Четата на Ангеловски успешно ја мина првата фаза во Лигата на нации и се избори за место во полу-финалето.Таму ќе имаме дуел со Косово. На врвот на ФИФА прва е Белгија пред актуелниот светски шампион Франција и селекцијата на Бразил. Во Топ 10 уште влегуваат и: Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Read More

Англискиот фудбалски состав, Борнмаут, нема намера да го продаде најдобриот стрелец во јануарскиот трансфер-период, Калум Вилсон. 26-годишниот напаѓач има одлична сезона во Премиер лигата откако во 16 натпревари постигна осум голови и направи 6 асистенции.Токму со таквиот ефект, црномурестиот играч го привлече вниманието на неколку клубови меѓу кои влегува и Челзи. „Калум е играч на Борнмут кој е многу, многу сконцентриран на настапите за нашиот тим. Мислам дека го докажува на теренот. Не гледам опција да се разделиме со него во јануари” – искоментира менаџерот, Еди Хај.

Read More

Миси Френклин која беше прогласена за најдобра пливачка во светот во 2017–та година, изненадувачки, објави, дека ќе ја заврши кариерата на само 23. години. Таа како главна причина за повлекувањето ја потенцира повредата на рамото која ја измачува подолг период. Френклин имаше само 17-години кога го освои олимпиското злато на патеките 100 и 200 метри грбно на собирот во Лондон во 2012-та година. Младата пливачка која е носителка на 6 златни медали од Светското првенство во Барселона, успеа во 2016-та година на Олимписките игри во Рио де Жанеиро да дојде до златниот медал со штафетата на САД. Веднаш потоа се…

Read More

Италијанските медиуми  објавија дека челниците на Милан му поставиле ултиматум на тренерот Џенаро Гатузо. Тоа не е изненадување ако се земе в предви дека клубот од Сан Сиро го заврши настапот уште во групната фаза во Лигата на Европа додека во Серија „А“ се наоѓа далеку од посакуваната позиција во врвот на табелата. „Росонерите“ подолг период немаат победа што само ја зголемува нервозата кај првите луѓе на тимот кои во текот на летото издвоија голема сума за засилувања, но, тоа очигледно не донесе фект во тековнава сезона. Гатузо сега има ултиматум да забележи добри резултати во наредните три натпревари против…

Read More