Миси Френклин која беше прогласена за најдобра пливачка во светот во 2017–та година, изненадувачки, објави, дека ќе ја заврши кариерата на само 23. години. Таа како главна причина за повлекувањето ја потенцира повредата на рамото која ја измачува подолг период.
Френклин имаше само 17-години кога го освои олимпиското злато на патеките 100 и 200 метри грбно на собирот во Лондон во 2012-та година. Младата пливачка која е носителка на 6 златни медали од Светското првенство во Барселона, успеа во 2016-та година на Олимписките игри во Рио де Жанеиро да дојде до златниот медал со штафетата на САД. Веднаш потоа се подложи на операција на двете рамена.
„Без никакво сомнение го пишувам најтешкото писмо. Денеска објавувам дека ставам крај на активната кариера во пливањето” – стои во изјавата на Френклин напишана на нејзиниот профил на социјалната мрежа – „Твитер“.

