Медиумите во Англија објавија дека првиот човек на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, веднаш по поразот од Ливерпул во Премиер лигата имал средба со играчите на која била донесена одлуката да му се врачи отказ на тренерот Жозе Мурињо. Според објавеното, само Немања Матиќ и Ромелу Лукаку биле против таквото решение и му дале поддршка на Португалскиот стратег. По 17 кола во Премиер лигата, „црвени ѓаволи“ се наоѓаат на шестата позиција со 19 бодови заостанување зад лидерот Ливерпул. До крајот на сезоната на клупата на – „Олд Трафорд“ ќе седи поранешниот фудбалер, Оле Гунар Солскјер, кој во меѓувреме го напушти норвешкиот…
Author: dino
Фудбалерите на Тотенхем успеаа вчера на гостински терен да го совладаа Арсенал со 2:0 и да обезбедат место во полу-финалната рунда во Лига купот на Англија. Тренерот на победничкиот состав, Маурисио Покетино, изјави дека неговите избраници ги очекува тежок пат до финалето бидејќи во наредната рунда ги очекува ново лондонско дерби против тимот на Челзи кој вчера го елиминираше Бурнмаут. „Ќе биде тешко. Досега игравме со Вотфорд, Вест Хем и “Арсенал. Ќе видиме што ќе се случи. Челзи навистина е одличен тим, но, ние сме среќни што сме во полу-финалето“ – изјави Почетино. Во вториот меч ќе се сретна Манчестер сити…
Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен, најави дека ќе го направи најскапиот трансфер во историјата на тимот. Баварците го договориле ангажманот на левиот бек на Атлетико Мадрид, Лукас Хернандес. За репрезентативецот на Франција ќе бидат платени големи 85 милиони евра а целиот трансфер ќе се реализира веднаш во почетокот на наредната година. Хернандез со екипата од „Алијанц Арена“ ќе потпише договор на четири и половина години. Најскапиот трансфер во историјата на Баерн Минхен е направен во 2017 година кога на Лион му беа платени 41,5 милиони евра за потписот на Корентин Толисо.
Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, се изрази ласкаво за неговиот колега, Жозе Мурињо, кој денеска беше отпуштен од челниците на Манчестер Јунајтед. Во текот на викендот токму четата на Клоп успеа да го совлада тимот на Мурињо со 3 спрема 1 со што можеби и директно кумуваше на отказот на Португалецот. „Тој е многу амбициозен човек. Ја има мојата почит поради сите досегашни успеси. Можам да прифатам дека последните неколку месеци беа непријатни за него, но, никој не може да му ги одземе трофеите што ги освоил“ – вели Клоп.
Шпанскиот фудбалски интернационалец во редовите на Челзи, Цеск Фабрегас, најверојатно во јануарскиот трансфер-период, ќе добие зелено светло да го напушти тимот. За неговите услуги се заинтересирани луѓето од Милан и од уште неколку други екипи, кои од втор план, ќе се надеваат дека ќе можат да го ангажираат во нивните редови. Според објавеното, „росонерите“ се подготвени да платат за Фабрегас околу 4 милиони фунти. Се претпоставува дека главен фактор за евентуалниот договор може да биде спортскиот бренд –„Пума“ кој е спонзор на Милан а неодамна потпиша договор за соработка и со Фабрегас.
Аргентинската ѕвезда во редовите на Барселона, Лео Меси, по рекорден петти пат ја доби наградата – „Златна копачка“, која му се доделува на најдобриот голгетер во една натпреварувачка сезона во Европа. Тој со новото признание успеа да го помине играчот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој има четири такви награди. Напаѓачот на шпанскиот состав кој во Примера Дивизион постигна 34 голови, во трката за вредниот трофеј беше подобар од играчот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој застана на 32 гола. Tрет во рангирањето заврши првиот стрелец на Тотехем, Хари Кејн, кој во претходната сезона забележа 30-ет погодоци во најсилната конкуренција на Англија.
Капитенот на нашата машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во интервјуто за – „Балкан хендбол“, објави, дека ќе ја заврши кариерата по сезоната 2020/21, кога ќе му истече договорот со францускиот Нант. „Ќе се обидам луѓето да ме паметат по добро, не сакам да се сеќаваат дека Киро се влечел по теренот. Засега, предизвикот ме држи во живот, натпреварите, да се направи нешто и да се победи посилниот од тебе“ – потенцираше Лазаров. „Никогаш не вели никогаш, но, тоа е тоа. Мислам дека наредните две години ќе бидат последни во мојата кариера, така се договоривме и со управата на Нант кога…
Новите правила за одбојка на снег беа одобрени од страна на Европската конфедерација. Менаџментот се надева дека со нив ќе започне нова етапа за тој спорт. Револуционерниот формат – „три на три“ ќе се користи на турнирот во Москва. Руската престолнина ќе биде домаќин на натпреварите од почетната фаза на европската турнеја. Мечевите ќе се одиграат во спортскиот комплекс на Динамо. Новитет е тоа што ќе има три играчи на теренот и еден како резерва. Секој меч ќе се игра до три освоени сета а евентуалната мајсторка со 15 освоени поени или минимална разлика од две поени. Димензиите на теренот остануваат исти -…
Луѓето од екипата на Хјундаи не се загрижени од фактот дека нивната нова „WRC“, ѕвезда Себастијан Лоб, речиси без тестирање на возилото наречено – „i20“, ќе стартува на митингот во Монте Карло. Договорот за соработка меѓу компанијата и возачот од Франција беше потпишан во текот на изминатата недела. Леб во наредната сезона ќе го вози третиот автомобил на Хјундаи заедно со Дани Сордо. Деветкратниот рели шампион ќе има шанса да го тестира возилото –„i20“ откако ќе заврши релито Дакар 2019 или на само неколку дена пред стартот на официјалниот „WRC“ шампионат. „Нема решение за настанатата ситуација. Леб ќе го тестира автомобилот…
Спортското радио 90.3 фм како домаќин и организатор, успеа да победи на Турнирот во мал фудбал на медиумите 2018 откако во финалето славеше против МРТВ со 4 спрема 3. Завршниот меч беше интеерсен, атрактивен и пред се ефикасен а Спортско радио 90,3 фм по неколку неуспешни настапи во завршните натпревари во изминатите години, конечно, успеа да дојде до првото место. Севкупно, во изминатите четири денови во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ бевме сведоци на исклучително возбудливи средби а посебно завршницата донесе атрактивни финалиња,во неколку конкуренции. Традиционално, најинтересно за публиката беше на финалето на петлињата како и дуелот меѓу новинарките…
