Навивачите на фудбалскиот состав Рома побараа од претседателот, Џејмс Палота, да го напушти тимот. Вчера десетици транспаренти со натпис: Палота надвор, се појавија низ улиците во Рим. Во изминатите денови навивачите на „римската волчица“ континуирано покажуваа дека не се задоволни со моменталната ситуација во тимот и дека се незадоволни од одлуката на Палота да се раздели со Раџа Наинголан, Мохамед Салах, Алисон Бекер и Кевин Строотман. Римјаните денеска ги очекува меч против Џенова во Серија „А“. Доколку не успеат да победат, се очекува тренерот, Еузебио Ди Франческо, да добие отказ. Рома успеа да влезе во 1/8-финалето на Лигата на шампионите,…
Author: dino
Норвежанката, Тереза Јохаг, беше најбрза на денешната трка во слободен стил на 10 километри реализирана во рамките на Светскиот куп во нордиско скијање на патеката во швајцарскиот зимски центар Давос. 30-годишната натпреварувачка која неодамна се врати на патеката по 18-месечната казна поради допинг, успеа да ја забележи петтата победа во исто толку трки од стартот на сезоната. Норвежанката победи пред сонародничката Ингвилд Флугстад Јостберг и третопласираната, Криста Пармакоски од Финска. Јохаг со максимален ефект или 600 бодови е лидер во рангирањето пред Јостберг (Норвешка) со 451 поени и Андерсон (Шведска) со 409 поени. Ски-тркачите сега ги очекува пауза од две…
Крис Смолинг ги задоволи барањата на челниците на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед и затоа доби можност да потпише нов договор кој ќе биде валиден до 2022 година, објавија медиумите во Англија. Дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ пристигна во тимот во 2010 година од екипата на Фулам и со тек на годините се претвори во еден од најдбрите играчи на неговата позиција. 29-годишниот Смолинг има одиграно 307 натпревари во сите конкуренции. „Се радувам дека ја продолжив соработката со тимот во кој сум девет години. Сега размислувам само за натпреварите што не очекуваат“ – потенцираше Смолинг.
Откако тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изјави дека Тибо Куртоа, бил прогласен за најдобар само затоа што го носи дресот на Реал Мадрид, Белгиецот излезе со негово видување. „Симеоне го критикува Реал за да биде популарен меѓу навивачите на Атлетико, но, кога се критикува најголемиот тим на светов, тогаш тоа е чист популизам“ – потенцираше Куртоа. Репрезентативецот на Белгија нагласи дека ја добил наградата од ФИФА поради добрите игри во Челзи и во дресот на неговата селекција на Мундијалот во Русија.
Дефанзивниот фудбалер од Португалија, Пепе, откако се определи да го напушти тимот на Бешикташ кој е влезен во големи финансиски проблеми, направи невообичаен потег и покажа човечност. Некогашниот играч на Реал Мадрид пред заминувањето од Турција на сите вработени во клубот од Истанбул, како што се готвачите, луѓето задолжени за одржување на теренот, економот … им поделил плата од неговата лична сметка. Според шпанската – „Марка“, Пепе си заминал од екипата бидејќи еден од гигантите на турскиот фудбал не може да ги покрие големите долгови и да се носи со финансиската криза.
Екипте на Спортско радио 90.3 фм и МРТВ ќе играат во големото финале на Турнирот во мал фудбал на медиумите 2018. По денешните полуфинални дуели во кои Спортското радио славеше над Алфа ТВ со 3:0, додека МРТВ со 4:1 ја совлада екипата ма МТВ 2 стана познато кој ќе се бори за пехарот оваа година. Финалето на турнирот е на програмата утре од 16:40 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. Во финалниот ден на турнирот ќе имаме можност да погледнеме бројни ревијални финални средби, по кои ќе ги добиеме победниците и во уште неколку категории. Влезот во салата…
Репрезентацијата на Словенија ќе им биде противник на македонските ракометарки во баражот за СП 2019 во Јапонија. Нашиот противник на тековното Европско првенство во Франција го освои 13.место откако претрпе два поразa и оствари една победа во групната фаза. Првите бараж натпревари ќе се играат во периодот од 31 мај до 2 јуни додека реваншите се од 4 до 6 јуни. Покрај домаќинот Јапонија, пласман на СП обезбедија и полуфиналистите од актуелното ЕП, Холандија, Романија, Русија, како и актуелниот светски шампион Франција. Еве ги комплетните бараж мечеви:Хрватска – Германија, Данска- Швајцарија, Шведска – Словачка, Белорусија – Норвешка,Србија – Полска, Чешка…
Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Иско, кој имаше непријатни сцени со навивачите откако беше исвиркан на последниот меч одигран во Лигата на шампионите против Московјани, најверојатно ќе добие зелено светло да си замине од тимот уште во јануари. Медиумите во Шпанија предвидуваат дека Иско нема да се појави на утрешната средба против Рајо Валјекано и дека во текот на зимата најверојатно ќе може да си побара нов клуб. Покрај конфликтот со навивачите на „Сантијаго Бернабе“, репрезентативецот на Шпанија од претходно има лоши односи и со аргентинскиот тренер, Солари, кој главно го држи на клупата за резерви. По таквиот развој на…
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се соочува со неколку повредени фудбалери пред мечот со Евертон со кој ќе се отвори седумнаесеттото коло во Премиер лигата. Тој ќе ги нема на располагње Менди и Давид Силва, но, се надева дека другите меѓу кои и Де Бруин и Агуеро ќе се опорават навреме и ќе можат да се вклучат во екипата. Шпанецот на денешниот пресс, потенцира дека нема намера да купува играчи во текот на зимскиот преоден рок иако во пролетниот дел од сезоната ќе го очекуваат настапи на неколку фронта. „Не планирам да купам нови фудбалери. Последните проблеми со повредените…
Манчестер, Токио, Сингапур, Торино и досегашниот домаќин Лондон, влегоа во најтесниот избор за домаќин на завршниот тениски турнир под капата на – АТП кој од 2009 година се одржува во Лондон. Актуелниот договор на британскиот град е валиден до 2020 година што значи дека светската тениска асоцијација допрва ќе го одреди домаќинот започнувајќи од 2021 година. Одлуката ќе биде однесена догодина во март. Токио се издвојува како голем фаворит бидејќи јапонската компанија –„ Нито“ е спонзор на настанот. Големиот тениски собир на крајот на годината во просек го пренесуваат околу 180 телевизии а го гледаат околу 90 милиони луѓе.
