Author: dino

Португалскиот тренер на клупата на Манчестер Јунатед, Жозе Мурињо, в пресрет на дербито со Ливерпул закажано во Премиер конкуренцијата, не ја пропушти можноста да нагласи дека неговиот тим не троши доволно за засилувања. „Не се работи само за парите, туку за многу повеќе. Работата во фудбалскиот клуб е многу повеќе од купување на добри играчи и трошење на пари. Кога имате куќа, мора да работите за да ја средите а кога тоа ќе го направите, може да ја опремите со мебел. Дури тогаш ќе живеете во неверојатна куќа“ -рече Мурињо. Искусниот стратег потсети дека Ливерпул и Челзи беа максимално ангажирани…

Read More

Врховниот суд на Италија ја одби жалбата на фудбалскиот состав на Јувентус и донесе одлука Интер да ја задржи титулата од 2006 година. Како што е познато, шампион во Серија „А“ во спомената година беше Јувентус предводен од Фабио Капело, но, по големиот скандал со однапред договорени натпревари нарече –„Калчополи”, првото место по службен пат им беше доделено на „нероазурите” а „Старата Дама“ од Торино беше преселна во Серија „Б“ . Во 2016 година Апелациониот суд во Рим го отфрли барањето на Јуве да ја врати титулата а сега истото се случи и во Врховниот суд. Така Скудетото ќе остане…

Read More

Тото Волф кој ја има улогата на прв човек во Формула 1 тимот на Мерцедес, вели дека Луис Хамилтон, имал огромна помош од неговиот клупски колега, Валтери Ботас и дека токму од таа причина успеа да го одбрани победничкиот пехар. Британецот кој втора сезона по ред успева да го подигне шампионскиот пехар во Формула , до неколку трки пред крајот на шампионатот водеше жестока битка со членот на Ферари, Себастијан Фетел. Во нивните дуели на патеката многу често беше инволвиран и Ботас кој имаше задача да му го чува грбот на Хамилтон и да донесе бодови за неговата екипа .„Мерцедес…

Read More

Поранешниот фудбалер, Крег Белами, вели дека Пол Погба не смее да биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед на неделното дерби со Ливерпул во Премиер лигата кое ќе се реализира на „Енфилд“. Французинот остави блед впечаток на вчерашниот меч со Валенсија во Лигата на шампионите кој им припадна на Шпанците со 2 спрема 1. „Погба беше многу слаб. Тој беше тотално незаинтересиран за успех на неговиот тим. По таквата негова игра мислам дека за него не смее да има место во тимот на големото дерби со Ливерпул. Очигледно Мурињо не може да го извлече најдоброто од него“ – нагласи поранешниот…

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, предизвика револт кај фудбалерите откако закажа тренинг на Божиќ. Португалскиот стратег нема да им даде на играчите слободен ден за време на престојните празници а тие ќе мора да тренираат и на Божиќ. Мурињо и минатата година сакаше да работи на Божиќ, но, му беше кажано дека е тоа невозможно бидејќи луѓето кои се вработени во тренинг центарот ќе мораат да дојдат на работа а по правило тоа е неработен ден. Сега клубот ќе мора да ангажира додатен персонал само за тој ден бидејќи тренерот на „црвените ѓаволи“ инсистира да се одржи тренинг и на…

Read More

Од четврток до недела во малата сала во СЦ Јане Сандански ќе се реализира новото издание на традиционалниот – „Турнир во мал фудбал на медиумите 2018“ , во организација на Спортско радио 90,3 ФМ. Во групата „А“ ќе играат МРТВ, Канал 5 и ТВ Шења. Групата „Б“ ја сочинуваат: Спортско радио 90,3 ФМ, 1 ТВ и Сител додека во групата „В“ ќе настапуваат: Канал 77, АЛФА ТВ и МРТВ 2. На турнирот покрај официјалните дуели на медиумите ќе има и мечеви меѓу компаниите и повеќе ревијални од типот на: Новинарки-Пејачки, Спортски легенди/ Скопје-Битола, П.С АЕРОДРОМ – П.С ГАЗИ БАБА, како…

Read More

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, вели дека нервозата ги запрела неговите фудбалери да обезбедат победа против ПСВ и да го продолжат патот во елиминацискиот дел во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ одиграа на домашен терен само 1:1 со холандскиот тим и на крајот го освоија третото место во групата. Во вториот меч, Барселона и Тотенхем ремизираа 1:1, што беше доволно двата тима да останат во најсилната конкуренција во Европа. „Бевме нервозни, не успеавме да останеме мирни. Рано примивме гол и тоа внесе дополнителна нервоза. Имавме шанси, Мауро Икарди израмни а потоа можевме да стигнеме до триумф. Тим како Интер мора да…

Read More

Со денешните 8 мечеви завршува првата фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Во пресрет на истите, имаме невообичаена слика кога станува збор за патниците во елиминацискиот дел. Имено од 16-ет можни места, останува само едно а за него ќе се борат Шахтјор Донецк и Лион. Во групата „Е“, Баерн Минхен и Ајакс ќе продолжат напред а Бенфика ќе игра во Лигата на Европа. Еве ги двојките: Ајакс – Баерн (Минхен) Бенфика – АЕК (АТИНА).   Во групата „Ф“ покрај мечот Шахтјор-Лион ќе се одигра и средбата меѓу Манчестер Сити и Хофенхајм. Четата на Пеп Гвардиола обезбеди место во осминафиналето. Во групата “Г”…

Read More

Meнаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо очекува од Пол Погба биде пример за другите играч на денешното гостување кај Валенсија во последното коло по групи во Лигата на шампионите. Тој дуел нема да има никакво резултатско значење за тимот од „Олд Трафорд“ кој си го обезбеди пласманот во наредната рунда. Французинот во последните два натпревари во Премиер лигата беше резерва, но, денеска најверојатно ќе биде во првата постава на стадионот „Месталја“. „Очекувам Погба да игра добро и позитивно да влијае на тимот. Во екипата има многу играчи кои немале прилика да покажат што знаат. Погба треба да им…

Read More

Фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали, иако е разочаран од вчерашниот пораз кај Ливерпул и елиминацијата од Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим мора со сите сили да се насочи кон  Лигата на Европа. „Примивме гол и потоа не успеавме да се вратиме. Во одредени периоди од мечот преовладуваше нервозата особено по примениот гол. На крајот навистина бевме  блиску да направиме нешто повеќе, но, не успеавме“ – вели црномурестиот фудбалер на Наполи. „Сега се ќе дадеме во Лигата на Европа. Ние ќе сториме сé за да ја освоиме Лигата на Европа. Се надеваме дека ако ја задржиме самодовербата ќе можеме…

Read More