Дефанзивниот фудбалер на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, потенцира дека утре ги чека тежок меч против италијанскиот Наполи во рамките на последното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите. 27-годишниот холандски фудбалер е убеден дека неговиот тим има квалитет да ги освои бодовите. Ливерпул е трет во групата со 6 бодови додека Наполи е на челната позција со девет. ПСЖ го има второто место со осум бодови. „Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар. Неопходно е да излеземе на теренот и да докажеме дека Ливерпул е способен за многу нешта“ – потенцираше играчот на „црвените“.
Author: dino
Челниците на Ливерпул ја разгледуваат можноста да го купат офанзивниот фудбалер на Борусија (Менхенгладбах), Торган Азар. Според објавеното во -„Ливерпул Ехо“, клубот може да плати 29 милиони евра за братот на Еден Азар. Менаџерот, Јирген Клоп, дури инсистираа да го има на расплагање Белгиецот во текот на зимскиот трансфер период. Во текстот се наведува дека Борусија (Дортмунд), Севилја, Валенсија, Манчестер Јунајтед и Евертон, исто така испратиле понуди за Азар. Младиот фудбалер на Менхенгладбах досега одигра 14 натпревари во Бундеслигата, на кои постигна 8 голови и направи 6 асистенции.
За претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија ќе може во иднина да конкурира и кандидат кој не е делегат на Собранието, таа измена во Статутот на федерацијата беше донесена денеска со едногласна одлука на 88 делегати од вкупно 96 кои се дел од Собранието на ФФМ. Со истата се остава можност кандидатот во минатото да имал активност во македонскиот фудбал, но, истиот не смее да ја надминува старосната граница за пензионирање. Седницата на Вонредното Генерално Собрание на ФФМ во Охрид заврши за помалку од еден час. Како стојат работите, најверојатно изборот за прв човек на федерацијата ќе се случи…
Германскиот фудбалски репрезентативец, Месут Озил, кој е убедливо најплатен играч на Арсенал со неделна плата од 350.00 фунти, најверојатно ќе биде ставен на трансфер пазарот уште во јануари. Играчот од средината на теренот кој пропушти неколку средби на „топчиите“ поради наводна повреда на грбот, не влегува во плановите на тренерот Унај Емери и затоа ќе добие зелено светло да си замине. Британските медиуми тврдат дека неговата цена е 25 милиони фунти што не би требало да претставува проблем за неколку екипи кои сакаат да го имаат во нивните редови. Претходно беше објавено дека Озил добил понуда од Интер. Наводно Италијанците…
Голманот на фудбалскиот тим Реал Мадрид, Кејлор Навас кој го загуби првотимскиот статус по доаѓањето на Тибо Курто, најавил, дека сака да го напушти тимот во јануарскиот трансфер период. Весникот „АС“ објави дека интернационалецотод Костарика побарал од неговите агенти да му обезбедат клуб од Премиер лигата. Во информацијата се потенцира дека челниците на „кралевите“ ќе му дозволат на Навас да си замине бидејќи покрај искусниот Куртоа, на голманската позицијата го имаат и младиот Андреј Лунин кој се гледа како голема перспектива. Навас во ерата на Зидан беше еден од најстандардните првотимци кои успеаа во три врзани сезони да ја освојат…
Претседателот на фудбалскиот состав Рома, Џејмс Палота, крајно изнервиран и исфрустриран по вчерашното реми на теренот на Калјари во Серија „А“, испрати остра порака до играчите преку социјалните мрежи. -Тоа беше шега! Да бидеме искрени, завршницата беше срам за Рома. Тоа ми изгледаше како шега. Овој тим на Рома е луд, јасно е дека резултатот против Калјари е срамен за нас“- напиша Палота. Ќе потсетиме дека римјаните имаа голема предност од 2 спрема 0, но, дозволија да примат гол во судиското продолжение за 2:2 иако имаа двајца играчи повеќе. Тимот од Рим очигледно влезе во криза бидејќи на три средби…
Поминаа повеќе денови откако фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ја освои наградата –„Златна топка“, но, тоа не ги спречува познатите фудбалски ведети и понатаму да реагираат на одлуката. Последен тоа го направи Швеѓанецот, Златан Ибрахимовиќ, кој без влакна на јазикот јасно стави до знаење дека не му се допаѓа тоа што Хрватот го доби признанието кои во последните 10 години беше резервирано или за Меси или за Роналдо. „Сега знаеме дека Перез беше тој што се натпреваруваше со Меси за „Златната топка“, не Роналдо“ изјави Ибрахимовиќ.
Фудбалерите на Ривер Плата и Бока Јуниорс денеска од 20.30 на стадионот „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид, ќе го одиграат реванш мечот од финалето на Копа Либертадорес. Средбата која беше одложена во два наврата поради немири на улиците во Буенос Аирес и напад на автобусот на Бока, со одлука начелниците на федерацијата беше донесена во Европа. Тоа не им се допадна на челниците на двата тима, но, мораат да ја почитуваат одлуката што значи дека денеска ќе го дознаеме новиот новиот шампион на Јужна Америка. Првата средба заврши нерешено 2:2, но, тоа според правилата нема значење за реваншот бидејќи се вреднува…
Дефанзивниот фудбалер на Ливерпул, Џо Гомез, заработи фрактура на ногата на вчерашното гостување кај Барнли во Премиер лигата. Тоа значи дека искусниот играч практично ја заврши сезоната бидејќи ќе мора да се рехабилитира најмалку шест месеци. Гомез кој игра како десен бек или како централен дефанзивец, е еден најстандардните фудбалери на црвените“. Неговото отсуство ќе му создаде дополнителни проблеми на тренерот, Јирген Клоп, кој мака мачи со дефанзивната линија. Тимот од „Енфилд“ во наредните 30-ет дена го очекуваат два дерби меча со Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Фудбалерот на Борнмаут, Луис Кук, ќе отсуствува од игра во наредните девет месеци откако доби посериозна повреда на коленото на мечот со Хадерсфилд одигран во вторникот во рамките на Премиер лигата. 21-годишниот младински репрезентативец на Англија вчера ги поминал сите детални истражувања кои покажале дека има искинати лиганменти на десното колено. Кук од почетокот на сезоната има реализирано 15 натпревари во сите натпреварувања и е еден од главните фудбалери во тимот.
