Англиските медиуми објавија дека неисправноста на педали биле главната причина за падот на хеликоптерот во кој загина газдата на премиерлигашот Лестер, Вичај Ширвадханапраба. Истражителите утврдиле дека педалите не работеле и дека пилотот на хеликоптерот ја изгубил контролата и се урнал 200 метри по полетувањето од центарот на стадионот – „Кинг Пауер“ во близина на домот на Лестер. Во инцидентот кој ја потресе Англија и целата фудбалска јавност, покрај првиот човек на „лисиците“ загинаа уште пет лица.
Author: dino
Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) испрати официјално барање до Александар Зубков, кој во моментов е претседател на руската Федерација во боб, да ги врати двата златни медала од Олимписките игри во Сочи во 2014 година. „ИОК ја прифати одлуката на спортскиот арбитражен суд која не беше обжалена. Од таа причина, упативме официјална молба за враќање на медалите” – се вели во соопштението на олимписката централа. Дисциплинската комисија на ИОК, под водство на Денис Освалд, одлучи дека Зубков e виновен за кршење на анти-допинг правилата и му ги поништи резултатите од Олимпијадата во Сочи кои му ги донесоа двата златни медала.
Украинката, Јулија Џима, изненадувачки победи во трката на 15 километри во Поклука (Словенија) на стартот на новата сезона во Светскиот куп во биатлон. 28-годишната натпреварувачка која имаше стартен број – 94, немаше промашување на стрелиштето и постигна вкупно време од 43: 06.6 минути. За неа, тоа е прва индивидуална победа во Светскиот куп. Џима е олимписки шампион со штафета на Украина од Игрите во Сочи. Втора заврши Моника Хониш од Полска со едно промашување додека Маркета Давидова од Чешка го освои третото место и прв пат во кариерата се искачи на подиумот. Олимписката шампионка од Пјонг Јанг 2018, Хана Јоберг…
Беласица, Академија Пандев, Победа и Македонија Ѓорче Петров, го продолжуваат патот кон победничкиот пехар во фудбалскиот Куп на Македонија. Во денешните реванши од 1 /4 финалето, прилепчани успеаа по втор пат да ја совладаат Шкендија сега со 2-0 и со вкупни 3-0 да ја спречат да го брани бехарот од претходната сезона. Беласица и во реваншот славеше против Силекс со 2 спрема 0 како што беше и во првиот меч во Кратово. Академија Пандев доминираше на гостувањето кај Кораб и победи со убедливи 6 спрема 1. Тимот од југот на земјава и пред реваншот имаше одлична предност на хартија од…
Возачот во Формула 1, Даниел Рикардо, признава дека имал стресен период додека го правел трансферот од Ред Бул во Рено и дека тоа значително влијаело на неговата работа во летниот подготвителен период. Австралиецот беше крајно атрактивен на трансфер пазарот бидејќи се поврзуваше со неколку екипи. Тој во меѓувреме проценил, дека договорот што го направил имал поголемо влијание отколку што очекувал. „Тогаш не мислев дека така ќе се одвиваат работите. Веројатно стресот се акумулирал и ми донесе непосакуван ефект во еден период од сезоната” – вели Рикардо со напомена дека 2018 година му била една од најтешките во Формула 1.
Петтото место на Лионел Меси на конечната листат за наградата – „Златна топка” на „Франс фудбал“ е апсурдно, изјави тренерот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Ернесто Валверде. Познато е дека вредното признание заврши во рацете на Лука Модриќ кој собра 753 гласа пред Кристијано Роналдо со 476 и Антоан Грзиман кој доби 414 гласа. „Нема да дискутирам за одредени недоследности во гласањето за наградата. Честитки за Модриќ, но, петтото место на Меси е апсурдно” – рече Валверде пред новинарите. Ќе потсетиме дека Лионел Меси е рекордер кога станува збор за наградата – „Златна топка“ . Аргентинскиот ас ја има освоено…
Капитенот на фудбалскиот состав Интер, Мауро Икарди, не крие дека е презадоволен како одигра во годинава која полека изминува. Напаѓачот имаше импресивна сезона во Серија А, доби неколку награди а успеа да ги даде првите голови како за Интер во Лигата на шампионите така и за неговата селекција – Аргентина „Многу сум задоволен како тече 2018 година. Мојот прв гол во ЛШ ми донесе неописливи емоции. Долго чекав и за првиот гол во националниот тим, не можев да побарам ништо повеќе. Имам незаборавна година и заедно со моите соиграчи бевме наградени за нашата напорна работа“ –истакна голгетерот.
Ралф Хазенхутел ќе го преземе кормилото на Саутемптон. Поранешниот тренер на Лајпциг се договорил со тимот од „Сен Мери“ и набрзо треба да потпише договорот за две и половина години кој ќе биде валиден до летото во 2021-та, објави – „Скај Спорт“. Тој ќе го замени Марк Хјуз, кој беше отпуштен откако „светците“ се спуштија под црвената линија во Премиер лигата со само 9 освоени бодови. Тренерот од Австрија денеска треба да пристигне во Англија и да го проследи мечот на „Вембли“ меѓу неговиот нов состав и екипата на Тотенхем.
Фудбалерот на Челзи, Рубен Лофтус-Чик, нема да добие дозвола да го напушти лондонскиот клуб во јануарскиот трансфер период, објави менаџерот Маурицио Сари. 22-годишниот англиски репрезентативец постигн пет голови во последните шест натпревари со што ги заслужи пофалбите од страна на италијанскиот стратег. „Тој игра во Лига Европа и во Лига Купот како и во одредени натпревари од Премиер лигата, но, не како стартер. Во моментов Лофтус-Чик е многу значаен фудбал за нас, сакам да остане” – рече Сари на прес-конференција пред денешниот меч со Вулверхемптон. „Тој има проблем да ме разбере што барам од него, но, полека се подобрува. Во…
Марк Маркез, кој има седум титули светски шампион, беше успешно опериран и во наредните шест недели ќе биде на рехабилитација. Актуелниот првак „кралската класа“,во Мото ГП , во текот на целата сезона имаше проблеми со левото рамо по што се определи да се подложи на хируршки зафат. Маркез ќе остане во медицинскиот центар уште 48 часа а потоа ќе се врати во неговиот дом и таму ќе го продолжи лекувањето. Се предвидува дека Шпанецот кој се наметнува како главен кандидат за титулата и во наредната сезона која ќе стартува на 10 март, ќе биде во можност да се појави на патеката…
