Author: dino

Италијанскиот стратег на клупата на Наполи, Карло Анчелоти, мирно го прифати поразот на теренот на Ливерпул кој значеше елиминација од елитната фудбалска конкуренција на стариот континент. Калчо лигашот загуби со минимални 1:0 и накрајот го освои третото место во така наречената „група на смртта“. „Направивме се што можевме, дури и повеќе од тоа што се очекуваше од нас. Дојдовме на чекор од пласман во наредната фаза. Сега ни останува да продолжиме во Лига Европа“ изјави Анчелоти. На крајот на групната фаза неговиот тим и Ливерпул имаа по 9 бодови, но, англичаните одат понатаму благодарение на подобрата гол-разлика.

Read More

Голманот на Ливерпул, Алисон, успеа да го одбрани ударот на напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик во судиското надополнување со што му овозможи на неговиот тим да го продолжи престојот во Лигата на фудбалските шампиони. Токму таа реакција на Бразилецот кој беше платен во текот на летото големи 70. милиони фунти, предизвика воодушевување кај тренерот на „црвените“, Јирген Клоп. Германецот истакна дека  би платил и двојно повеќе за таква класа. „ Мо постигна фантастичен гол, тоа беше страшен гол. Неверојатно е што се се случи, на крајот дојде и одбраната на Алисон. Ме остави без зборови. Ако знаев дека е толку…

Read More

Денеска ќе започне последното коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Во групата „А“, Бриж ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид а Монако ќе ја пречека Борусија Дортмунд. Шпанците се лидери со 12 бодови, Борусија има 10, Бриж 5 а Монако само 1 бод. Во групата „Б“ ќе играат Барселона-Тотенхем и Интер-ПСВ. Барса е прва со 13 бодови, Тотенхем и Интер имаат по 7 а ПСВ само еден бод. Во групата „Ц“, Црвена Ѕвезда ќе биде домаќин на ПСЖ а Ливерпул на Наполи. Италијанците се први со 9 бодови, ПСЖ има 8 а Ливерпул 6. Белграѓани се последни…

Read More

Луѓето од Ред Бул се охрабрени од напредокот на нивниот партнер за мотори – Хонда. Тимот користи сосема поинаков пристап во работата споредбено со стилот на Мекларен. „Ние го правиме спротивното од тоа што го правеле во Мекларен”, објасни шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер за –  „Скај Спортс“. „Побаравме од нив да го направат најдобриот мотор. Гледаме огромен напредок, кој многу не охрабрува. Месец по месец, тие дефинитивно го намалуваат растојанието со Мерцедес и Ферари. Напредокот кој го имаат не е добар само за нас туку и за Формула 1 како целина” – заврши Хорнер.

Read More
NBA

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Пол Милсап, нема да игра во наредните 4 до 6 недели, стои во објавата на НБА тимот. 33-годишниот Милсап на петочниот меч со Шарлот Хорнетс го скрши прст на десната нога а направените лекарски прегледи покажале дека ќе мора да паузира одреден период. Крилото на Денвер во тековнава сезона на 25-ет одиграни  натпревари има во просек 13,6 поени, 7 скокови и 2 асистенции.

Read More

Нашата фудбалска репрезентација У-21 ќе биде во група со Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарските острови, во квалификацискиот циклус за Евро 2021 во Унгарија и Словенија. Воведните мечеви ќе бидат одиграни во март во 2019 година а последните се на програмата во ноември во 2020-та кога ќе се реализираат и бараж натпреварите за пласман на континеталниот собир. Еве ги сите групи кои беа формирани по денешната ждрепка во Нион. ГРУПА 1: Италија, Шведска, Исланд, Р. Ирска, Ерменија, Луксембург ГРУПА 2: Франција, Словачка, Швајцарија, Грузија, Азербејџан, Лихтенштајн ГРУПА 3: Англија, Австрија, Турција, Косово, Албанија, Андора ГРУПА 4: Хрватска, Чешка, Грција,…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, не може да биде задоволен од напаѓачите Алваро Мората и Оливие Жиру и затоа планира да купи нов голгетер во текот на зимскиот преоден рок. Според медиумите во Англија, негова главна цел е играчот на Лестер, Џејми Варди, кој неодамна потпиша нова соработка со „лисиците“. Се претпоставува дека „сините“ ќе направат обид да го ангажираат Варди на „Стемфорд Бриџ“, но, ќе останат верни на традицијата. Тие се еден од тимовите во Англија кои не форсираат договори на подолг период со играчи кои имаат повеќе од 30  години. Тоа веројатно ќе биде случај и…

Read More

Фудбалерите на Евертон со вчерашните 2:2 против Вотфорд на домашен терен, направија неславен рекорд во елитната конкуренција на Англија. Популарните „карамели“ со двата примени гола, се искачија на врвот на листата на екипите кои имаат примено најмногу голови во историјата на Премиер лигата. Тимот од Ливерпул досега примил 1.284 голови. Веднаш до него е составот на Тотенхем со 1.283 додека мрежата на Вест Хем се тресела дури 1.239 пати. Од друга страна треба да се напомене дека Евертон влегува меѓу шест екипи што никогаш не испаднале од најсилната фудбалска конкуренција на Англија.

Read More

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, во последното интервју за – „Газета дело Спорт“ имаше интересни одговори на различни теми поврзани со неговиот долгогодишен престој во Реал Мадрид. Играчот на Јувентус запрашан дали неговиот сегашен тим може да ангажира друг играч од редовите на „кралевите“, Роналдо имаше конкретен одговор. „Прочитав дека се пишува за играчи како Хамес, Бејл или Асенсио. Ние ги отвораме вратите на добрите играчи а Марсело е еден од нив“  – објасни како размислува Роналдо кој досега постигна 11 голови во дресот на „старата дома“.

Read More

Eкипата на Тотенхем денеска ќе и гостува на Барселона во последното коло во фазата по групи во Лигата на фудбалските шампиони.  Домаќинот има обезбедено пласман во наредната фаза додека англичаните водат мртва трка со Интер за второто место. Тотенхем покрај тоа што ќе игра со шпанците ќе следи што ќе се случува и на вториот меч во групата меѓу Интер и ПСВ. Доколку Италијанците ги совладаат Холанѓаните, тогаш за четата на Покетино нема друг избор освен победа. Тренерот на Барса, Ернесто Валверде, најави дека ќе одмара дел од најдобрите фудбалери, но, дека меѓу нив не влегува  Лионел Меси. Тоа го загрижува…

Read More