Откако првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, потврди дека Манчестер Сити е ставен на тапет поради непочитување на финансискиот фер-плеј и дека може да биде санкциониран и исфрлен од Лигата на шампионите, тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, излезе со негово видување. „УЕФА го го прави тоа што го сака, затоа со нетрпение чекам да започне истрагата. Верувам во клубот и организацијата“ – потенцираше шпанскиот тренер. Манчестер Сити по 15. одиграни кола во Премиер лигата е осамен на челната позиција на табелата со пет бодови предност во однос на второпласираниот Ливерпул кој има натпревар помалку.
Author: dino
Хрватот, Лука Модриќ, со освојувањето на – „Златната топка“ ја прекина десет годишната доминација на Роналдо и Меси и стана првиот играч од Балканот кој успеал да го подигне вредното признание на – „Франс фудбал“. По церемонијата оддржана во понеделникот во Париз, не престануваат реакциите во фудбалската јавност дали одлуката е коректна бидејќи имаше играч кои освоија повеќе трофеи од Модриќ од типот на Гризман или Варан. Последен на таа тема проговори членот на Барселона, Клемен Ленгле. Францускиот дефанзивец вели дека Модриќ го заслужил индивидуалното признание иако дел од неговите сонародници исто така имаа белскава сезона.
Легендарниот италијански фудбалер, Бобо Виери, проценува дека Интер може да победи на теренот на Јувентус во дерби мечот на 15. коло во Серија „А“. Двата тима ќе се сретнат в петок во Торино. „Нема фаворит бидејќи тоа е дерби меч. Интер може да го победи Јувентус во таков меч, се надевам дека тоа ќе се случи“ – нагласи Виери во интервју за „Газета“ . Тој исто така направи паралела на еден од поранешните состави на „старата дама“ со сегашниот предводен од Кристијано Роналдо. „Сега имаме силен Јувентус, но, мислам дека не е најдобриот во историјата. Мислам дека тимот со Тардели,…
Фудбалерот на Барселона, Рафиња Алкантара, претрпе операција на коленото и ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната, објави раководството на шпанскиот фудбалски шампион. 25-годишниот Бразилец заработи потешка повреда на левото колено на гостувањето кај Атлетико (Мадрид) на 24 ноември. Рафина кој денеска беше опериран од познатиот специјалист, Рамон Кугат, најверојатно ќе се рехабилитира во период од околу шест месеци. Бразилецот кој имаше проблеми со коленото и во 2015 и во 2017 година, сега по трет пат се соочува со посеризна повреда на истиот дел од телото. Во моментов,Барселона има проблем со повеќе повредени фудбалери. Меѓу нив се вбројуваат…
Меѓународната атлетска асоцијација и ја продолжи казната на Руската федерација, објави Руне Андерсен од позицијата претседател на работната група која требаше да го разгледа барањето на Русија за враќање на лиценцата. Тоа значи дека руските атлетити и понатаму нема да можат да настапуваат на меѓународните натпревари под руското знаме. Членството на Русија во ИААФ беше прекинато во 2015 година откако излегоа докази за систематска употреба на допинг од страна на руските спортисти во периодот од 2011 до 2015 година .Додека траеше суспензијата на Русија, дел од нејзините спортски претставници добија шанса да се натпреваруваат под неутрално знаме или знамето на…
Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус, го советува раководството на Баварците да го ангажира напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер кој досега постигна 8. Голови во Бунделигата. „Тимо ќе се вклопи совршено во Баерн Минхен. Ако челниците не се обидат да го ангажираат, тогаш не ја научиле домашната задача, Доколку тоа се случи, знам дека ќе биде рекорден трансфер за Бундеслигата Според мене, целиот износот ќе помине преку 100 милиони евра“ – искоментира Матеус пред телевизијата –„Скај“. „Баерн се одликува со тоа што ги привлекува најдобрите германски фудбалери а Тимо Вернер е меѓу нив без никакво сомнение. Само мега понуда од…
Играчот на европскиот првак Реал Мадрид, Лука Модриќ, ја освои наградата – „Златна топка“ која традиоционално ја доделува – „Франс фудбал“. Хрватот со тоа ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо и успеа да стане првиот фудбалер од Балканот кој го подигнал значајното признание. На гала-свеченоста во Париз, 23-годишна Ада Хегерберг ја освои наградата која годинава премиерно се додели кај дамите. Норвежанката која ги браните на Лион, успеа со францускиот тим да ја освои Лигата на шампионите. Фудбалерот на ПСЖ и на селекцијата на Франција, Килијан Мбапе, е прогласен за најдобар фудбалер до 21 година. Младиот играч кој целиот раскошен…
Раководството на фудбалскиот состав Саутемптон се определи да ја прекине соработката со тренерот, Марк Хјуз, откако тимот оствари само една победа во одиграните 14-ет кола во рамките на Премиер лигата. Заедно со него си заминаа и првиот асистент-менаџер, Марк Боен и првиот асистент-тренер, Еди Нивицки. Саутемптон в среда ќе му гостува на Тотенхем во рамките на 15-то коло во елитната конкуренција на Англија а улогата на тренер времено ќе ја има Келвин Далвис. Саутемптон во моментов се наоѓа на дното на Премиер лигата со очаен фект од една победа, шест нерешени и дури седум порази.
Португалија-Швајцарија и Англија против Холандија се двојките за полу-финалната фаза на завршниот турнир од најсилната А дивизија во фудбалската Лига на нации. Четата на Роналдо ќе ја има улогата на фаворит против еден од најефикасните тимови во досегашниот дел во Лигата на нации додека крајно неизвесно треба да биде на дуелот меѓу „Гордиот Албион“ и „лалињата“. Натпреварите од 1/2 финалето ќе бидат одиграни на 5 и 6 јуни догодина додека финалето е закажано за 9 јуни кога ќе биде познат и патникот на Европското првенство преку Лигата на нации.
Фудбалската асоцијација на Англија започна дисциплинска постапка против тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, поради недолично однесување на вчерашното дерби со Евертон во најсилната конкуренција на Англија. Стратегот од Германија еуфорично влета на теренот да го прослави победоносниот гол на Ориги во 96 минута за што најверојатно ФА нема да му прогледа низ прсти. Тренерот на „црвените“ треба до четврток да се произнесе за случајот а потоа ФА ќе одлучува дали ќе биде казнет. Ако се повикаме на слични ситуации од минатото, најверојатно менаџерот на Ливерпул ќе добие одредена суспензија а нема да изненади ако мора да плати и парична казна…
