Вар-системот ќе се користи од осмина-финалата фаза во тековнава сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Тоа значи дека луѓето од УЕФА се премислија откако претходно најавија дека технологијата ќе влезе во елитната конкуренција дури од сезоната 2019/20. Извршниот комитет на УЕФА денеска во Даблин, даде зелено светло за „ВАР“ технологијата бидејќи досегашните тестирања се покажале максимално успешни. „Подготвени сме да користиме ВАР порано отколку што планиравме и сме уверени дека тоа ќе им биде од корист на нашите натпреварувања и дека ќе биде од значителна помош за судиите и ќе доведе до редуцирање на грешките“ – изјави претседателот на УЕФА, Александер…
Author: dino
Ракометарот на Вардар, Јања Војводиќ, е единствениот од нашите состави кој обезбеди место во најдобриот тим за месец ноември во СЕХА лигата. Средниот бек на „црвено-црните“ имаше одлични настапи на средбите со Нексе и Извиѓач и сосема заслужено си обезбеди место меѓу најдобрите во регионалната конкуренција за изминатиот месец. Еве го идеалниот тим на СЕХА: голман – Тудор Станеску (Стеауа),лево крило – Ведран Делиќ (Извиѓач), лев бек – Халил Јагањац (Нексе), среден бек – Јања Војводиќ (Вардар), десен бек – Бруно Буторац (Татран Прешов), десно крило – Томас Чип (Татран Прешов) и пивот – Мартин Јохансон (Стеауа). Тренер е Славко…
Формула 1 ќе користи современа технологија за да прикаже на телевизиската графика каква е веројатноста да се случи претекнување за време на трките во новата сезона во 2019-та година. Техничкиот директор на Ф1, Рос Браун, ги претстави новите визуелни елементи кои ќе ги направат ТВ преноси многу поинтересни. Најинтересен од нив е делот кога кога двајца пилоти се борат за позиција. „Гумите можат да имаат пресудна улога. Сега благодарение на софтверот кој комбинира податоци во живо, можеме да предвидиме што може да се случи. Добро е што тимовите ќе ги немаат тие податоци а ние како Формула 1, ќе можеме…
Искусниот дефанзивец на Ватфорд, Хозе Холбас, е опоравен од повредата на потколеницата и може да настапи на утрешното гостување кај Лестер во рамките на Премиер лигата на Англија, изјави менаџерот на тимот, Чави Гарсија. „Хозе е подготвен. Тој не тренираше во првиот ден од седмицата, но, потоа се вклучи со полна брзина заедно со другите фудбалери“ – објави Гарсија. 34-годишниот грчки репрезентативец има значајна улога во Ватфорд во тековнава сезона бидејќи се истакнува како во одбраната така и во нападот. Тој бил креатор на четири голови а самиот на два пати се запиша и во листата на стрелците. Ватфорд е…
Директорот на СЦ „Борис Трајковски”, Александар Петровски, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90.3 ФМ. „Се надеваме дека во новата зимска сезона ќе го собориме рекордот во поглед на посетеност на лизгалиштето кое нуди современи услови за спорт и рекреација” – потенцираше меѓу другото директорот, Петровски, кој проговори и за предвидените новитети. Разговорот со првиот човек на СЦ „Борис Трајковски“ може да го слушате во 16.40 на Спортско радио 90.3 ФМ.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, ќе го пропушти гостувањето кај Саутемптон во текот на викендот во рамките на новото коло во фудбалската Премиер лига на Англија. Интернационалецот од Чиле се повредил на вчерашниот трениг и според првичните проценки на лекарите, ќе треба да одмора најмалку од две до четири недели. Санчез денеска ќе оди на дополнителни медицински тестови за да се утврди точно неговиот степен на повреда. „Црвените ѓаволи“ пред гостувањето кај Саутемптон, се наоѓаат на седмото место на табелата во Премиер лигата со само 21 бод.
Поранешниот број 1 во светското рангирање во игра на двојки, Макс Мирни (Белорусија), објави дека ја завршува кариерата. 41-годишниот тенисер познат по прекарот „звер“, освои 53 титули од кои 52-две во игра на двојки. „Решив 2018 година да биде последната во мојата професионална кариера. Не беше лесно, бидејќи тенисот е дел од мојот живот откако се сеќавам. Имав среќа да постигнам многу повеќе отколку што младо момче од Минск, Белорусија, може да сонува” – рече тој. Мирни има шест гренд-слем трофеи а во 2012 година го освои и златниот медал со Викторија Азаренка во мешани парови на Игрите во Лондон.
Хрватскиот весник – „Јутарњи лист“, објави, дека фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, нема да одговара пред тамошните власти за давање на лажен исказ во случајот против екс-претседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ. Откако Апелациониот Суд ја потврдил одлуката на претходната истанца дека Модриќ не треба да одговара за кривичното дело за кое беше обвинет, целиот случај против него ќе биде прекинат. Ќе потсетиме дека Лука Модриќ беше обвинет дека не ја кажувал вистината на судењето додека говорел за анексите од договорите за поделба на отштетата од трансферот меѓу него и клубот.
Грег Попович, кој има долг стаж на клупата на Сан Антонио Спарс во НБА лигата, објасни зошто неговите кошаркари не шутираат тројки. Искусниот стратег има негово видување за тој дел од играта. „Ги мразам тројките, така е веќе 20.години. По натпреварот, прво што ќе го направите е да погледнете колку тројки сте дале а колку противниците промашиле. Не ве интересираат скоковите и загубените топки или колку добро сте одиграле во одбраната”- рече Попович. „Јас секогаш се шегувам, дека, ако сакаме да бидеме поразлични, треба да воведеме шут за четири поени. Ако сите толку ја сакаат тројката, ќе ја обожуваат и…
Женската ракометна репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за место на СП во 2019. Во стартното коло, Македонија од 18.00 часот ќе игра со Азербејџан додека во вечерниот термин ќе се сретнат Исланд и Турција. Утре наш противник ќе биде Исланд (18.00) додека в недела во завршната рунда од 20.00 часот ќе ги одмериме силите со Турција. Мечевите ќе бидат во СЦ „Борис Трајковски“ а селекцијата која ќе го обезбеди првото место ќе настапи во јунскиот бараж. Во него ќе учествува и најдобрата второрангирана селекција од сите четири квалификациски групи.
