Author: dino

Фудбалерот на Челзи, Еден Азар, повторно внесе немир кај раководните луѓе и фановите откако по поразот од Тотенхем во дербито на колото, индиректно најави дека планира да си замине од „Стемфорд Бриџ“. Медиумите и претходно најавуваа дека репрезентативецот на Белгија набрзо може да замине во Реал Мадрид или во ПСЖ на што луцидниот напаѓач даде јасен одговор. „Имав контакти со ПСЖ, но, не ме интересираат парите. Нема никогаш да играм за тој клуб, пред се од почит кон Лил. Таму се изградив како фудбалер и не би можел да носам дрес на друг клуб во Франција“ -изјави Азар. Н

Read More

Во пресрет на денешниот меч во Грција меѓу АЕК и Ајакс во рамките на 5. коло во Лигата на фудбалските шампиони, се случиле серија на инциденти низ улиците на Атина во кои била вклучена и полицијата. Откако фановите од Холандија поддржани од локалните на Панатинаикос ги нападнале симпатизерите на АЕК, полицајците морале да интервенираат жестоко за да ги смират страстите и да ги разделат  воинствените хулигани. Засега не се појавија информации околу повредени или евентуално приведени фанови. Се претпоставува дека во Грција во моментов има повеќе од 1000 навивачи на Ајакс.

Read More

Германскиот – „Билд“,  објави, дека тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, на последниот состанок  жестоко ги нападнал фудбалерите обвинувајќи ги за лошиот период во кој поминува тимот. Од неговите зборови пред мечот со Бенфика во Лигата на шампионите, можело да се претпостави дека тој ќе го напушти тимот. -Мене набрзо ќе ме нема  тука, но,  пред тоа сакам нешто да ви кажам…“ – истакнал Ковач и почнал да ги критикува главните ѕвезди на тимот. Медиумите претходно шпекулираа дека постои група на фудбалери кои ќе направат се само да си замине хрватскиот тренер.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, со неговата реакција на поставеното прашање пред мечот со Лион во Лигата на шампионите, стана виреален хит на социјалните мрежи. Откако еден новинар побара од Гвардиола да направи споредба меѓу него и Жозе Мурињо и нивните различни фудбалски гледишта на играта, Шпанецот направи мала гестикулација со која покажа дека не му се допаѓа прашањето. „Јас не сум човекот кој треба да одговори на тоа“ – изјави Пеп откако со гестикулацијата долови дека сака да го истепа новинарот.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера загубија на теренот на Еибар со 3-0 а статистичарите пресметале дека токму по тој пораз „кралевите“ го имаат најлошиот пласман во Примера Дивизион гледано во последниве дваесетина години. Актуелниот европски првак по 13 одиграни кола се наоѓа на дури шестата позиција со само 20 бодови и гол-разлика од 20-19. Статистиката вели дека Реал Мадрид прима два гола по натпревар што покажува дека одбраната е послабиот дел во екипата. Тимот немал таков катастрофален дефанзивен ефект  уште од сезоната 2008/09 кога беше на четвртата позиција во најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија.

Read More

Победникот на фудбалскиот Копа Либертадорес најверојатно ќе го дознаеме доцна вечер по реваншот меѓу аргентинските тимови Ривер Плата и Бока Јуниорс откако нивната вчерашна пресметка беше одложена поради серијата инциденти што ги предизвикаа фановите на Ривер. Тие на два часа пред мечот го каменуваа автобусот на Бока и повредија неколку фудбалери од кои двајца завршија во болница. Дивеењето на навивачите кои имаа „блиска средба“ и со полцијата кулминираше околу стадионот – „Монументал“.Таму хулиганите ја искористија шанса да ограбат и неколку автомобили. Ќе потсетиме дека првиот меч меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс заврши нерешно 2 спрема 2. Според непотврдени информации,…

Read More

Скијачот од Австрија, Макс Франц, победи во премиерниот спуст во новата сезона кој беше реализиран во канадскиот зимски центар – Лејк Луис. Тој обезбеди време од 1:46,18 минути што беше доволно за првото место. Италијанецот, Кристоф Инерхофер, заврши на второто со заостанување од 0,028 секунди додека третото го освои неговиот сонародник, Доминик Пари. За 29-годишниот Франц кој е носител на бронза од СП во Сент Морис, тоа беше втора победа во Светскиот куп. Првата ја обезбеди во Вал Гардена во декември во 2016 година. На истата патека во Лејк Луис во текот на викендов треба да се реализира и трката…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Нико Ковач, се наоѓа на излезната врата од „Алијанц Арена“ откако неговиот тим вчера одигра нерешено 3:3 на домашен терен со Фортуна Дизелдорф во рамките на тековното коло во Бундеслигата. Иако Баварците имаа предност од 3-1, гостите со двата гола во завршните минути направија големо изненадување и си заминаа непоразени. Четата на Ковач сега заостанува големи 9 бодови во однос на лидерот Борусија Дортмунд што на некој начин наведува дека набрзо може да се случи промена на кормилото. Според наведеното, последна шанса за Ковач да го задржи местото ќе биде мечот со Бенфика во…

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, сака да си замине што побргу од „Олд Трафорд“ бидејќи проценил дека неговиот тим го нема потребниот капацитет за да се бори за трофеи како на домашната така и на меѓународната сцена. Шпанецот очигледно донел одлука бидејќи во моментов има две понуди од Јувентус и ПСЖ. Наводно, италијанците сакаат да почекааат да му заврши договорот (2020) додека Французите се подготвени веднаш да платат дури 90 милиони евра што претставува одлична сума. Познато е дека тренерот на „црвените ѓаволи“, Мурињо, има пикирано евентуална замена за Де Геа доколку тој остане на ставот…

Read More

Легендата на Баерн Минхен, Оливер Кан, е фаворит да го наследи Ули Хенес како претседател на баравците, тврди денеска – „Билд“. Хенес навести дека ќе ја напушти функцијата и дека  одлуката ќе ја донесе пред генералното собрание на клубот кое ќе се одржи на 30 ноември.49-годишниот Кан помина поголем дел од кариерата во Баерн. Тој за 14 години одигра 632 меча. Голем дел од раководството на баварците е уверено дека токму Кан е вистинската личност да го раководи гигантот од Баварија. Лотар Матеус исто така изјави, дека Кан треба да биде значаен фактор во клубот иако неговиот предлог е Оливер…

Read More