Англискиот весник „Сан“ пренесува дека Реал Мадрид планира да купи фудбалери од Премиер лигата. Наводно, „кралевите“ се заинтересирани за Маркус Рашворд од Манчестер Јунајтед и Кристијан Ериксен од Тотенхем. Според наведеното, шпанскиот тим планира да испрати понуда до „црвените ѓаволи“ во висина од 50 милиони евра за да го ослободат Рашворд додека за играчот на „спарси“ трансферната сума ќе се движи околу 40 милиони. Рашворд ја нема потребната минутажа во четата на Мурињо додека Ериксен е речиси незаменли во првата постава на Тотенхем.
Author: dino
Италијанските медиуми тврдат дека фудбалерот на Челзи, Цеск Фабрегас, во текот на летото ќе си замине од Лондон откако ќе му истече тековниот договор. 31-годишниот Шпанец кој главно ја грее клупата за резерви кај „сините“, во тековна сезона се појави на само три меча. Според „Калчо меркато“, техничкиот директор на Милан, Леонардо, имал разговори со претставниците на Фабрегас за да ги убеди да го однесат на „Сан Сиро“. Тоа може да се случи уште во јануарскиот трансфер период доколку Фабрегас се согласи да добие пониска плата.
Фудбалерот на Ливерпул, Натаниел Клајн, е на излезната врата од „Енфилд“. Младиот играч не влегува во плановите на тренерот, Јирген Клоп и најверојатно во јануари ќе мора да си побара нова средина. 27-годишниот дефанзивец во тековнава сезона нема одиграно како стартер ниту еден меч. Клајн по трансферот од Саутемптон во 2015 година, брзо се наметна во тимот на „црвените“ а исто така беше и прв избор во националниот тим на Англија. Неговата кариера тргна во надолна линија откако заработи потешка повреда во летото во 2017 година. Откако се опорави, Клајн не успеа да се врати во тимот а неговото место го доби Трент Александар Арнолд.…
Германскиот тенисер, Александар Зверев, кој победи сензационално на завршниот Мастерс во Лондон, вели дека имал голема помош како од легендарниот Иван Лендл така и од неговиот татко. 21-годишниот Зверев во „О2 Арена“ славеше против Србинот, Новак Ѓоковиќ со 2-0 со што го постигна најголемиот успех во кариерата. „Мојот татко ме тренира уште од самиот почеток. Мислам дека тој е најдобриот тениски тренер. Нема да престане да плаче до наредната година, но, тоа е добро. Веројатно и сега не ме разбира што зборувам. Исто така сакам да му се заблагодарам на Иван Лендл кој се реши да ни се приклучи и…
Иван Тричковски и Енис Барди се едногласни во оценките дека нашата најдобра фудбалска репрезентација треба да ја искористи историската шанса и да обезбеди пласман на големо фудбалско натпреварување. „Го остваривме првиот чекор, тоа што го ветивме го исполнивме. А сега имаме ’златна шанса’ што не треба да ја испуштиме. Ваква можност не се добива секој ден“, изјави Тричковски по вчерашната победа против Гибралтар со која е потврден пласманот во полу-финалето во Лигата на нации. „Сега е наше време, го чувствуваме тоа. Имаме одличен тим и нема да застанеме тука. Треба да продолжиме во истиот стил и на наредните средби“- вели Барди.…
Нашите најдобри фудбалери со денешната победа против Гибралтар со 4 спрема 0 го потврдија првото место во групата и пласманот во полу-финалната рунда во Лигата на нации. На мечот во Скопје, Несторовски постигна два гола додека Барди и Трајковски реализираа по еднаш во мрежата на гостите. Во вториот меч во нашата група Лихтенштајн и Ерменија одиграа нерешено 2:2. Во Лига „Д“ – селекциите на Грузија, Белорусија и Македонија имаат место во плеј-офот. Последниот патник во таа фаза ќе го даде утрешниот меч меѓу Косово и Азербејџан.
Челзи, Ливерпул и Тотенхем кои настапуваат во Премиер лигата на Англија, планирале во јануари да испратат понуда до фудбалерот на Борусија (Дортмунд), Кристијан Пулишич, објавија дел од медиумите на Островот. Договорот на фудбалерот со „жолто-црните“ истекува во летото во 2020 година, но, постојат реални шанси тој да си замине многу порано доколку бундестимот добие примамлива понуда за да го продаде. Во исто време, спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, изјави дека 20-годишниот репрезентативец на САД нема да добие зелено светло да си замине пред да заврши тековнава сезона. „Тие шпекулации ни се многу добро познати години наназад. Планираме да…
Џордан Пикфорд може да го замени Давид де Геа во Манчестер Јунајтед доколку Шпанецот се определи да напушти англискиот клуб во текот на летото, соопштуваат денеска британските медиуми. 24-годишниот голман на Евертон и на англиската репрезентација, беше трансферна цел на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо додека течеше годинешниов Мундијал на кој Англичаните стигнаа до четвртото место. Договорот на Де Геа со Јунајтед кој истекува во текот на летото во 2019 година има опција и за автоматско продолжување за уште една сезона. Желбата на шпанскиот репрезентативец е да премине во италијанскиот Јувентус, пишува весникот „Сан“. Раководството на 20-кратниот шампион на…
Младата Германка, Софија Флерш, претрпе успешна 11-часовна операција на ‘рбетниот столб по страшната несреќа која аја преживеа на вчерашната Гран При трка во Формула 3 возена на патеката во Макао. Веста за успешната лекарска интервенција ја објави таткото на 17-годишното девојче, Александар Флерис. За време на несреќата Флерш се движела со 276 км / ч. Веднаш по инцидентот во кој беа повредени уште четири лица, нејзиниот шеф во екипата, Фриц ван Амерсфорт, изјави дека е вистинско чудо што таа остана жива. Флерш ќе остане во болница околу две недели додека еден од двајцата повредени фотографи бил пуштен на домашно лекување.…
Младиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Џош Харт, изрази восхитување од вештините на неговиот соиграч, Леброн Џејмс, кој имаше блескава партија на средбата со Мајами. Така наречениот „крал“ на натпреварот со „врелите“ имаше 51 кош, 8 скокови и 3 асистенции и беше најзаслужен за победата на неговиот тим со 113 спрема 97. Токму по мечот, 23-годишниот играч на Лејкерс кој бил импресиониран од играта на Џејмс, тоа го искоментирал со интересен пост на социјалната мрежа – „Twitter “. „Создаден во лабораторија“, напиша Харт непосредно по деветтата победа на Лејкерси во новата сезона. 23-годишниот кошаркар кој ја реализира само втората година…
