Author: dino

Колумбискиот фудбалски интернационалец во редовите на Монако, Радамел Фалкао, побарал од раководството да му дозволи да си замине во јануарскиот трансфер период бидејќи не е задоволен од моменталната состојба во клубот. Тимот од кнежевството е влезе во голема резултатска криза а згора на тоа се соочува и со одредени проблеми кај раководниот кадар кој беше обивнет за малверзации. Шпанските медиуми информираат дека Фалкао му се понудил на Реал Мадрид, откако неговите агенти исконтактирале со првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез. Се претпоставува дека францускиот тим ќе му дозволи на напаѓачот да си замине бидејќи тоа ќе ја олесни колку толку…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација по вчерашната победа кај Лихтенштајн со 2 спрема 0, сега ќе се насочи кон понеделничкиот натпревар на домашен терен со Гибралтар во рамките на последното коло во групниот дел во Лигата на нации. Нашите играчи, Ферхан Хасани и Иван Тричковски, потенцираа дека победата е сосема заслужена иако противникот пружи силен отпор. „Дојдовме до планираната победа и сега се насочуваме кон натпреварот против Гибралтар во Скопје кој мора да го добиеме. Ќе биде потешко без капитенот Горан Пандев кој знаеме што значи за нашата игра, но, верувам дека сите заедно ќе успееме да победиме“ – вели Хасани. „Македонскиот фудбал…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ја оствари и четвртата победа во групата „Д“ во Лигата на нации откако славеше на теренот на Лихтенштајн со 2 спрема 0. Отпорот на домаќините на стадионот во Вадуц беше скршен во 53-та минута со прекрасниот гол на Барди од слободен удар на кој му претходеше старт врз Пандев и исклучување на домашниот дефанзивец, Визер. Вториот гол во мрежата на Лихтенштај дојде во судиското надополнување по прекрасната акција во која учествуваа неколку играчи а успешно ја заврши Несторовски. Во вториот меч во нашата група, Ерменија славеше убедлиов кај Гибралтар со 6:2. Во последното коло в понеделник,  Македонија…

Read More

Главниот инженер во екипата на Ферари во Формула 1, Џо Клијар, застана во одбрана на Себастијан Фетел, кој во континуитет добиваше критики за неговото возење. „ Годинава битката за титулата беше фантастична иако не е пријатно чувството кога ќе останеш без титула. Без разлика на нашиот пласман, мислам дека тимот ја имаше една од најдобрите сезони во последниве 10-ет години. Знаеме што ни попречи да ја исполниме целта и затоа ќе работиме напорно да ги надминеме проблемите“ – вели Клијар. „Убеден сум дека Фетел ќе се врати уште помотивиран во наредната сезона. Многу луѓе ги коментираат неговите грешки, но, не…

Read More

Алан Прост кој четири пати беше светски шампион во Формула 1 а сега работи како советник во Рено, вели, дека францускиот тим го очекуваат подобри денови бидејќи од наредната година нема да соработува со Ред Бул. Иако Рено и Ред Бул успеаа да освојат четири титули во серија, со воведувањето на В6 турбо-хибридните мотори, започна доминацијата на Мерцедес.Токму тоа беше главната причина Ред Бул да го обвини Рено дека не му испорачува квалитетни мотори. Од наредната сезона, Ред Бул ќе започне соработка со Хонда а Рено ќе може да се насочи во сосема друг правец. Тоа според Прост ќе му…

Read More

Марјан Лазовски, селекторот на нашата женската сениорска репрезентација го скрати списокот на вкупно 13 кошаркарки кои треба да се појават на претстојните квалификации за Европското првенство. Тој првата прозивка ќе ја има на 12 ноември во малата сала во спортскиот центар  -„Јане Сандански“. Еве го списокот на нашите репрезентативки.Анџелика Митрашиновиќ, Ивона Пејковска, Ана Тантуровска, Софија Лазареска, Александра Стојановска, Ивана Кметовска, Матеа Николиќ, Јована Петрушевска, Јелена Антиќ, Цветанка Димова, Анамарија Шеќероска, Ивона Кожобашиовска и Кристина Јаневска. Нашите кошаркарки во продолжението на квалификациите на 17 ноември во СЦ „Јане Сандански“ ќе играат со Шведска додека четири дена подоцна ќе гостуваат во Хрватска.…

Read More

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, во последните 11 трки во Формула 1, дури шест пати мораше предвреме да се повлече од патеката. Тој на викенд-собирот во Мексико беше принуден да го прекине возењето поради проблеми во болидот и тоа токму во моментите кога се бореше за второто место со Себастијан Фетел. „Не сум фрустриран туку беспомошен. Не гледам причина да ги возам последните две трки, нема логика  бидејќи во континутет се соочувам со проблеми. Не сум суеверен и не верувам во тоа, но, болидот е проколнат„ – изјави Рикардо. Возачот од Австралија на крајот на сезоната ќе го напушти…

Read More

Претседателот на – „UFC“, Дејна Вајт, изненадувачки го пофали долгогодишниот шампион во категоријата –„мува“, Димитријос Џонсон. Ѕвездата ја изгуби титулата од Хенри Сехо и одлучи да тргне по нов пат и потпиша договор со конкурентската организација – „ОНЕ“. „Ако ја гледате кариерата на Џонсон, ќе видите дека тој е рекордер со најмногу одбранети титули. Никогаш не ја доби љубовта и почитта на навивачите кои ги заслужуваше. Не сум сигурен дали некогаш бил задоволен од престојот во – „UFC“ – рече Дејна Вајт.

Read More

Раководството на англискиот фудбалски состав, Лестер, ја разгледува варијантата да го преименува стадионот – „Кинг Пауер Емирати“ во чест на трагично загинатиот претседател на клубот,  Вичај , Шриваданапраба, соопштува телевизијата – „ЕСПН“. Синот на трагично загинатиот бизнисмен – Аијават кој е потпретседател на Лестер, се јавува како еден од иницијаторите за преименувањето на стадионот. Според наведеното, во наредните денови треба да има собрание на клубот на кое ќе се разгледува идејата за преименување на стадионот. Аијават сака стадионот да се вика – „Кун Вичај“ и истиот да биде дополнет со нов  фудбалски центар чија вредност се проценува на околу 100…

Read More

Крилото на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, излезе со пофални зборови за неговиот соиграч, Ентони Марсијал. Францускиот фудбалер игра во одлична форма и полека се наметнува во преден план во тимот на Жозе Мурињо. „Марсијал е одличен играч кој треба да верува во неговите квалитети. Тој е млад и треба да продолжи да се развива. Понекогаш мислам дека нема поим колку е всушност добар. Ако се подобриме како тим и го постигнеме посакуваното, тој ќе може да го покаже најдоброто што го има“ – вели Матиќ. Договорот на Французинот со „црвените ѓаволи“ истекува во наредното лето, но, луѓето од „Олд Трафорд“…

Read More