Претседателот на – „UFC“, Дејна Вајт, изненадувачки го пофали долгогодишниот шампион во категоријата –„мува“, Димитријос Џонсон.
Ѕвездата ја изгуби титулата од Хенри Сехо и одлучи да тргне по нов пат и потпиша договор со конкурентската организација – „ОНЕ“.
„Ако ја гледате кариерата на Џонсон, ќе видите дека тој е рекордер со најмногу одбранети титули. Никогаш не ја доби љубовта и почитта на навивачите кои ги заслужуваше. Не сум сигурен дали некогаш бил задоволен од престојот во – „UFC“ – рече Дејна Вајт.