Author: dino

Група поддржувачи на фудбалскиот состав Реал Мадрид планира протест против капитенот на тимот, Серхио Рамос, објави –„Кадена Сер“. Според навивачите, капитенот е одговорен за негативната атмосфера во тимот која доведе до серија на слаби резултати која кулминираше со поразот од 5-1 на теренот на Барселонаво во големото – „Ел Класико“. Навивачите ќе го искажат незадоволството против Рамос во текот на саботниот меч против Ваљадолид на „Сантијаго Бернабе“. Од почетокот на сезоната, Реал се наоѓа на деветтото место во Ла Лига откако загуби во последните три натпревари и има само една победа во последните шест кола.

Read More

Легендата на скијачките скокови, Јане Ахонен, одлучи да стави крај на кариерата со тенденција да остане и понатаму во спортот. 41-годишниот ветеран кој и во 2008 и 2001 најави дека се повлекува но, тоа не се случи, сега е категоричен во неговата одлука. „Немам намера да се откажам од скијачките скокови. Сепак, нема да се натпреварувам во Светскиот Куп“ – рече Ахонен за финските медиуми. Големата ѕвезда на ски-скоковите се појави на 412 натпреварувања во Светскиот куп, 108 пати се искачи на подиумот а 36 пати ја освои титулата. Ахонен кој има и 12 медали, во пет наврати победи на новогодишната…

Read More

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, откри дека го напуштил Реал Мадрид поради претседателот на шпанскиот гигант, Флорентино Перез. 33-годишниот Португалец во интервју за „France Football“, изјави дека бил само средство за правење на пари и затоа одлучил да стави крај на 9-годишниот престој на „Сантијаго Бернабе”. „Тој ме гледаше само како бизнис алатка. Јас го знам тоа. Се што ми го кажуваше не доаѓаше од неговото срце “, рече Кристијано. „Чувствував дека во клубот, особено претседателот, не го имаат истиот став како што тоа беше во почетокот. Во првите 4-5 години имав чувство дека сум Кристијано Роналдо. Потоа претседателот ме гледаше…

Read More

Пилотот на Мерцедес во Формула 1, Луис Хамилтон, откри дека неговиот дедо починал само неколку денови пред трката во Мексико кога успеа да ја освои и петтата светска титула. Британецот го израмни рекордот на Хуан Мануел Фанџо и сега пред него стои само иконата на Формула 1, Михаел Шумахер кој има седум титули. Луис откри со публикација на социјалните мрежи дека празнувањето му било во втор план поради смртта на неговиот дедо. „Всушност, тоа беше многу тежок викенд, бидејќи дедо ми почина во четвртокот.Тој го собираше целото семејство заедно. Никогаш нема да го заборавам тоа што го направи за мене,…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Њукасл, Рафаел Бенитез, може да ја продолжи  кариерата во кинеското првенство, објавија денеска медиумите во Англија. 58-годишниот специјалист добил понуда од Шангај Шенхуа. Кинескиот клуб му понудил на Бенитез плата од 11 милиони евра за една сезона. Во исто време, шпанскиот тренер со екипата од северна Англија има договор до крајот на првенството, но, нова соработка не е на повидок. Самиот Бенитез на неколку пати изрази желба да остане. Од почетокот на сезоната, Њукаксл има освоено само 3 бодови во 9 натпревари и се наоѓа на 19-то место на табелата.

Read More

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, ќе ја предводи колоната на стартот на денешната трка во Формула 1 која ќе биде реализирана за Големата награда на Мексико. Веднаш до него ќе биде вториот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен, следен од лидерот во генералниот пласман Луис Хамилтон со болидот на Мерцедес како и од Себастијан Фетел со возилото на Ферари Трката за ГН на Мексико ќе се вози денеска од 20:10 часот. На табелата кај возачите, Хамилтон има речиси недостижна предност пред Фетел и најверојатно денеска ќе биде промовиран како нов шампион.

Read More

Најдобрите скијачи кој настапуваат во Светскиот куп, немаа среќа на стартот на новата сезона. Обилните снежни врнежи и лавините од кои една го затрупа и тунелот на на глечерот Ретенбах, не дозволија да се реализира денешната веле-слаломска трка на патеката во Зенден. Иако почетокот на трката беше одложен за еден час, ФИС на крајот објави дека нема услови да се реализира првата сезонска трка во Светскиот куп. Тоа значи дека втора година по ред имаме идентична ситуација кога трката е одложена поради лоши временски услови.

Read More

Шпанскиот возач со моторот на Јамаха, Маверик Вињалес, победи на денешната трка возена за Големата награда на Австралија која ја одбележа и големиот инцидент меѓу Зарко и Маркес кој за среќа помина без последици. Имено, Французинот со брзина од 300 км/ч,  удри во задниот дел од Хондата на Шпанецот и летна преку моторот. Меркез пак, успеа да ја задржи контролата и да остане на патеката. Што се однесува до првите тројца на патеката – „Филип Ајленд“, Вињалес донесе прв триумф за Јамаха по ГН на Холандија во 2017. Тоа беше и негов прв успех по ГН на Франција во изминатата…

Read More

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола кој ги забележа најголемите успеси додека го водеше тимот на Барселона, вели дека денешното „Ел Класико“ меѓу Каталонците и Реал Мадрид ќе донесе атрактивен фудбал. По речиси една деценија големата пресметка на лутите шпански ривали ќе помине без Кристијано Роналдо кој замина во Јувентус и Лео Меси кој е повреден и не е во ростерот на Барселона. Гвардиола изјави дека заминувањето на Португалецот е голем хендикеп за „кралевите“ бидејќи тимот ќе остане без  неговите 50-60 голови во просек по сезона. „Роналдо е исклучителен фудбалер и тоа не само поради головите туку и поради асистенциите. Тој е…

Read More

Селекторот на нашите најдбри ракометари, Раул Гонзалес, се определи да направи ротација на голманите за денешниот меч со Грција во рамките на второто квалификациско коло за место на Европското првенство кое ќе се реализира во 2020 година во Шведска, Норвешка и Австрија. На местото на Борко Ристовски и Мартин Томовски кои бранеа пред неколку денови во Битола на мечот со Турција , шпанскиот стратег сега се определи да ги пријави Златко Даскалоски и Никола Митревски. Средбата меѓу Грција и Македонија ќе биде реализирана во Кожани со почетокот во 16.00 часот. Претходно во нашата група ќе играат Турција и Исланд. На…

Read More