Фудбалерите на Јувентус со голот на Дибала вчера го совладаа Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ и прокнижија нови бодови во групната фаза во Лигата на шампионите. „Старата дама“ одигра одлично во сите линии на теренот а дефанзивецот, Џорџо Кијелини, потенцира дека триумфот е сосема заслужен. „Одигравме извонредно прво полувреме, се движевме беспрекорно, имавме посед на топката. Да бидам искрен, жалевме што водевме само со 1-0. Во вториот дел бевме малку изморени, но на крајот одлично си ја завршивме работата“ – изјави капитенот на Јувентус. Составот од Торино за прв пат во историјата успеа да направи пет врзани победи на гостински терен…
Author: dino
Актуелниот европски клупски шампион, Реал Мадрид, успеа да ја прекине серијата од пет средби без победа откако доцна синоќа славеше на домашен терен против Викторија Плзен со 2 спрема 1 во рамките на 3 коло во Лигата на фудбалските шампиони. Задоволството кај „кралевите“ не го криеше Касемиро. „Сега треба да ни се врати самодовербата и да го заборавиме лошиот период. Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека не играме добро, но, потребна е доверба во играчите и тренерот. Ќе работиме напорно за да ја надминеме ситуацијата“ – вели Каземиро кој се насочи и на неделното „Ел Класико“. „Реал секогаш…
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, го продолжи договорот со шпанскиот состав Леванте. Неговите блескави партии а посебно головите по слободните удари, на некој начин ги натераа челниците на тимот да му понудат нова соработка и да ја зголемат двојно неговата откупна клаузула која досега изнесуваше 25 милиони евра. „Енис Барди и Леванте постигнаа договор за продолжување на соработката за две дополнителни сезони со опција за уште толку плус. Македонецот стигна во нашиот клуб во 2017 година и веднаш стана еден од клучните играчи, постигнувајќи девет гола“ – објави Леванте на неговиот официјален сајт.
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, очекува неговите фудбалери да ја прекина лошата серија и да забележат убедлива победа на денешниот меч со Викторија Плзен во рамките на третото коло во Лигата на шампионите. Иако европскиот шампион нема победа во последните пет натпревари во сите конкуренции и освои само еден бод, Лопетеги е убеден дека кризата ќе заврши токму со денешниот натпревар на „Сантијаго Бернабе“ кој ќе започне во 21.00 часот.Тој на средбата со новинарите не сакаше да ги коментира сите наводи дека може да заработи отказ доколку „кралевите“ продолжат со бледите партии. „Не обрнувам внимание на пишувањата, мојата работа…
Светскиот боксерски шампион на „WBC“ во тешка категорија, Дионте Вајлдер, предвиде дека брутално ќе го нокаутира Тајсон Фјури на нивниот меч во рингот во „Стејпл Центар” во Лос Анџелес закажан на 1 декември. „Јас ја замислив нашата битка. Не знам колку рунди ќе издржи Тајсон Фјури, но, најверојатно ќе го нокаутирам некаде во средината или на крајот на битката. Се зависи од тоа колку брзо ќе се адаптирам на неговиот стил, откако ќе го направам тоа ќе бидете сведоци на брутален нокаут “ – изјави Вајлдер. „Знам дека сите ќе бидат задоволни. Тоа ќе биде таков нокаут што долго ќе…
Неделава започнува гласањето за најдобрите атлетичари во 2018-та година а Меѓународната асоцијација на атлетските федерации (IAAF), ги објави имињата на потенцијалните кандидати во женска конкуренција. Три од нив ќе бидат наградени на церемонијата кој ќе се реализира на 4 декември во Монако. Меѓу потенцијалните добитнички се: Дина Ашер-Смит (Велика Британија) – европски шампион и најдобри достигнувања на трките од 100, 200 и 4х100 метри. Беатрис Чекокох (Кенија), светска рекордерка во дисциплината Стипелчез. Марија Ласицкене (Русија, под неутрално знаме) победничка во 25 од 26 натпревари во скок во височина на светското првенство, европскиот шампионат и Дијамантската лига. Во конкуренција за наградата…
Фудбалерот на Вест Хем, Андриј Јармоленко, поради повреда, ќе биде надвор од терените во наредните шест месеци, објавија медиумите во Англија. Тоа ќе претставува сериозен проблем за тренерот, Мануел Пелегрини, кој се соочува со повеќе повредени фудбалери и мора да работи со драстично редуциран состав. Украинецот кој ја скина Ахиловата тетива на саботниот натпревар против Тотенхем, во текот на вчерашниот ден беше успешно опериран и сега ќе оди на подолга рехабилитација. 29-годишниот Јармоленко во тимот на „чеканите” пристигна во текот на летото од Борусија Дортмунд за 17 милиони евра. Тој во десет одиграни натпревари има постигнато два гола.
Фудбалската Асоцијација на Англија најверојатно ќе поведе постапка против помошниот тренер на Челзи, Марко Јани, кој имаше непримерно однесување на саботното дерби со Манчестер Јунајтед одиграно во рамките на Премиер лигата. Италијанецот кој имаше жестока расправија и контакт со тренерот на гостите, Жозе Мурињо, најверојатно ќе биде казнет и од страна на неговиот клуб, без разлика што Португалецот го прифати извинувањето и најави дека нема да поднесе пријава до ФА. Однесувањето на Јани беше осудено и од многу познати фудбалски личности од островот.
Денеска се отвора третото коло во најсилната фудбалска конкуренција на стариот континент – Лигата на шампионите. Во групата „Е“ холандскиот Ајакс ќе го пречека составот на Бенфика. Мечот на „Јохан Кројф Арена” ќе биде добра можност за домаќините да прокнижат нови три бода и да ги зголемат шансите за пласман во фазата на елиминации. Португалците најавуваат дека нема да излезат со бело знаме. Во вториот меч, германскиот Баерн Минхен ќе гостува кај АЕК во Атина. Гостите се фавортии на хартија, но, тоа ќе треба да го докажат на тешкиот терен во Грција. Во групата „Ф“ екипата на Шахтхор Донецк ќе…
Ракометарите на Металург конечно го „скршија мразот“ и ја забележаа првата победа во СЕХА конкуренцијата во тековнава сезона. Тие во улога на домаќини во рамките на 7 коло славеа против Татран Прешов со 30 спрема 28, полувреме 15:11. Металурзите одлично го отворија мечот, имаа континуирана предност и до крајот на првиот дел направија плус – 4. Во вториот дел, гостите се покажаа како подобар противник, но, не успеаа да направат пресврт. Во победничкиот табор се издвоија Анте Токиќ со девет голови и Халил Јагањац кој во последниот меч во дресот на „металурзите“ заврши со шест голови. Треба да се издвои…
