Судот во Париз покренал истрага против фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, откако францускиот – „Медиапарт“ објави приказна дека менаџерот, Лео Д’Соуза, го тужи напаѓачот за обид за киднапирање. Тоа наводно се случило на 7 октомври во Париз кога две лица се обиделе го внесат Д’Соуза во црно комбе, но, биле спречени од случајните минувачи. Бензема не бил на лице место, но, според наведеното, подоцна имал средба со лицата кои се сомничат за кривичното дело. Според наведеното, менаџерот бил ангажиран од Бензема за да му префрли 50.000 евра од Мароко во Франција, но, парите му биле запленети на царина. Фудбалерот,…
Author: dino
Раководството на Ливерпул постави висока трансферна цена од 20 милиони фунти за фудбалерот, Дивок Ориги, ако се земе в предвид дека досега не одигра ниту еден меч. Напаѓачот кој ја помина претходната сезона како позајмен во Волфсбург и натаму не влегува во плановите на менаџерот, Јирген Клоп, кој секогаш предност му дава на Даниел Стариџ. Според медиумите, Ориги може да го напушти тимот во јануарскиот трансфер период доколку некој се согласи да плати 20. милиони фунти, што реално гледано, е навистина голема сума. Се претпоставува дека „црвените“ сепак ќе прифатат да преговараат и да ја спуштат цената. За Ориги се…
Шарл Леклер, младиот возач на Ферари во Формула 1 кој треба да дебитира во 2019 година, вели дека италијанскиот тим ќе треба да го отпушти доколку не ги задоволи барањата на раководството. 21-годишниот Леклер од наредната сезона ќе го замени Кими Раиконен и ќе стане вториот најмлад возач во историјата на Скудерија. Пред него ќе остане само Рикардо Родригез кој во 1961 година дебитираше за екипата од Маранело на само 19 години. „Во нашиот спорт има многу тензии, но, јас не сум нервозен човек. Можам да го издржам притисокот бидејќи имам таков менатлитет“ – потенцираше Леклер.
Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, ја санирал повредата и може да се појави на саботниот меч со Вест Хем во рамките на Премиер лигата на Англија.Тоа го најави и неговиот тренер, Почетино. „Кристијан е подготвен да тренира и да игра. Ќе решиме в саботата дали ќе биде стартер или ќе остане на клупата” – изјави Маурисио Почетино. „Ќе биде тежок месец за нас бидејќи ќе имаме многу дерби натпревари. Значајно е да го имаме на располагање речиси целиот тим за да можеме да правиме ротации. Морам да ги потсетам сите дека го имаме најдобриот почеток во Премиер Лига. Сакаме да…
Шампионот Голден Стејт и тимот на Бостон Селтикс, ги забележаа првите победи на отворањето на новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светов – НБА. Бостон успеа на домашен терен да победи против Филаделфија со 105:87 благодарение на одличната игра во последната четвртина. Кај домаќините, Џејсон Татум имаше 23 поени кај гостите толку уфрли Џоел Ембид. Актуелниот шампион Голден Стејт славеше победа против Оклахома со 108:100. Гостите настапија без повредениот Расел Вестбрук и пружија голем отпор. Во победничкиот состав се издвои Кари со 32 поени девет асистенции и осум скокови додека Дурант забележа 27 поени. Кај Оклахома Пол Џорџ застана на 27 кошеви.
Рускиот професионален боксер во тешка категорија Александар Поветкин нема намера да ја прекине кариерата. 39-годишниот Поветкин го доживеа вториот пораз во 36-тиот меч и тоа на 22 септември во Лондон од Британецот, Ентони Џошуа, кој ги одбрани светските титули во верзиите – (WBA Super, WBO, IBF и IBO). „Имам желба и ќе продолжам да боксувам. Во одлична здравствена состојба сум. Немам намера да запрам со боксот”, напиша Русинот на – „Инстаграм“. „Наредниот меч ќе ми биде најверојатно во април во Англија. Сеуште не знам против кого. Тешко е да се каже уште колку ќе боксувам. Мислам дека тоа ќе зависи…
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, вели дека трансферот на Алексис Санчез во редовите на „црвените ѓаволи“ бил едно големо промашување. „Знам дека има квалитети, но, никогаш не го гледав како играч на Манчестер Јунајтед. Малку е себичен, некој кој сака да игра само за себе“ – вели легендата на клубот со напомена дека Чилеанецот не е единствениот на кого му треба повеќе време за адаптација. „Имам чувство дека сите играчи кои сега ќе дојдат во Јунајтед се мачат. Дури и да дојде Лионел Меси, мислам дека и тој би се мачел во сегашниов тим“ – потенцирал Сколс.
Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Барзали вели дека сегашниот состав на „старата дама“ е најсилниот гледано во историјата на тимот. Искусниот фудбалер додаде дека со доаѓањето на Кристијано Роналдо драстично се зголемиле шансите за освојување на Лигата на шампионите. Барзали се пресели во Јуве во 2011 година кога го напушти Волфсбург. „Се надеваме дека Роналдо ќе ни го донесе трофејот. Ја започнавме сезоната одлично и покажавме тимски дух. На хартија ова е најсилниот тим на Јувентус. Со доаѓањето на Кристијано Роналдо, титулата во Лигата на шампионите се претвори од сон во реалност” – изјави играчот на Јувентус.
Германскиот национален фудбалски тим ја реализира најлошата година гледано во неговата историја. Избраниците на Јоаким Лев вчера загубија од Франција во Лигата на нациите со 2 спрема 1 со што поставија анти-рекорд. За прв пат Бундестимот претрпел 6 порази во рок од една година. Од почетокот на 2018-та, Германија загуби од Бразил, Австрија, Мексико, Јужна Кореја, Холандија и Франција. Вкупниот ефект на „панцирите“ е 3 победи, 2 нерешени и 6 порази.
Бразилскиот фудбалер Малком побарал од неговите агенти да издејствуваат да си замине од редовите на Барселона иако таму пристигна во текот на летниот трансфер период. Според шпанските медиуми, тоа потполно им одговара на челниците на тимот кои ќе се обидат да вратат дел од парите вложени за ангажманот на Малком кој очигледно не се адаптираше на условите на „Kамп Ноу“. Познато е дека за неговите услуги е заинтересиран составот на Интер кој поради проблемите со финансискиот фер-плеј има опција да го земе само на позајмица со можност за трансфер на крајот од сезоната.
