Големи 85-ет проценти од фановите на европскиот фудбалски шампион, Реал Мадрид, кои беа дел од посебна анкета, имаат желба да го видат Еден Азар на „Сантијаго Бернабе“ уште во текот на зимскиот преоден рок. Според нив, Азар е вистинското решение за да се надмине кризата во тимот. Ѕвездата на Челзи која покажа одлични партии на Мундијалот во Русија има блескав старт и во Премиер конкуренцијата. Белгискиот интернационалец неодамна, изјави, дека е среќен во Лондон, но, дека сонува еден ден да заигра за Реал. Неговиот договор со екипата од „Стемфорд Бриџ“ ќе истече во јуни во 2020 година.
Author: dino
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Челзи, Марко Алонсо, денеска откри дека е многу близу до продолжување на договорот кој му е валиден до 2021 година. „Јас сум многу мирен и среќен во Челзи а клубот исто така е задоволен од моите игри. Верувам дека ќе реализираме успешни преговори и дека ќе ја продолжиме соработката“ вели Алонсо. „Имам 27 години и сакам да играм на најдобар можен начин и да освојувам титули со Челзи и со националниот тим. Во однос на мојот договор, јас сум мирен” – рече играчот на „сините“ од Лондон.
Ентони Марсијал постигна еден од најзначајните голови за Жозе Мурињо од почетокот на сезоната откако реализираше на мечот со Њукасл во текот на викендот. „Црвените ѓаволи“ победија со 3-2 и на некој начин го спасија Португалецот од отказ. Голот на Марсијал има и друго значење бидејќи неговиот клуб ќе треба да плати бонус од 7,7 милиони фунти кој е вклучен во договорот при купувањето на играчот од Монако. Имено, клаузулата вели дека клубот од „Олд Трафорд“ ќе треба да ја плати наведената сума доколку Марсијал дојде до границата од 25 гола во Премиерлигата пред крајот на сезоната 2018-19.
Напаѓачот на нашата фудбалска селекција, Илија Несторовски, верува дека Лихтенштајн ќе остане со празни раце по саботниот меч во Скопје во рамките на групната фаза во новото натпреварување – Лигата на нации. „Сите сме фокусирани на мечот со Лихтенштајн. Верувам дека ќе продолжам да постигнувам голови. Сите знаат дека сме фаворити и дека тоа треба да го докажеме и на теренот“ – вели Несторовски. Македонија е влезена во одлична серија од девет средби без пораз. Ефектот може да се подобри по саботниот натпревар во Скопје против аутсајдерот во групата.
Нашиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов, потенцира дека Македонија мора да ја оправда фаворитската улога на саботниот меч со Лихтенштај во групната фаза во Лигата на нации. „Сакаме да продолжиме со победничката серија. Се надевам дека ќе одиграме на високо ниво и дека ќе го потврдиме првото место на табелата. Нашата желба е да играме на Европското првенство“ –потенцираше Николов. Македонија в сабота ќе му биде домаќин на Лихтенштајн на Арената во Скопје. Средбата ќе започне во 20.45 часот.
Фудбалскиот стратег, Жикица Тасевски, се врати на клупата на Работнички, потврди претседателот на клубот, Драган Поповски. „Постигнавме договор со Жикица Тасевски за соработка до крајот на сезоната. Тој е млад, амбициозен и докажен стратег кој има одлично познавање на Првата фудбалска лига. Очекуваме промената на тренерската позиција да биде дополнителен импулс за фудбалерите“ изјави Поповски за официјалната страна на клубот. Тасевски доаѓа на местото на Ѓоре Јовановски, кој си замина по лошиот старт во тековната сезона
Никола Илиевски Џиџи кој своевремено седеше на кормилото на нашата најдобра фудбалска репрезентација, во иднина ќе биде предводник на прволигашкиот состав Ренова. Екипата од Џепчиште откако ја прекина соработката со Јетон Беќири, сега се определи да соработува со нашето познато тренерско име. Никола Илиевски – Џиџи работеше во Вардар, Металург, Победа, Скопје а имаше и интернационални ангажмани.
Хабиб Нурмагомедов ќе остане шампион на УФЦ во лесна категорија, но, ќе биде суспендиран заедно со Ирецот, Конор Мекгрегор. Нивниот последен меч во Лас Вегас донесе многу екцесни ситуации и физички пресметки во кои беа инволвирани и двајцата борци.Претстедателот на УФЦ, Дејна Вајт, вели дека Русинот ќе биде санкциониран поради нападот врз дел од стручниот тим на неговиот противник. „Хабиб ќе ја задржи титулата а суспензијата ќе трае четири до шест месеци“ – изјави Вајт. Што се однесува пак, до Мекгрегор, тој во период од еден месец нема право да биде активен во рингот.
Легендата на италијанскиот фудбалот, Џанлуиџи Буфон, кој цели 20 години имаше шанса да настапува во Европа и тоа главно во Лигата на шампионите, денеска на социјалната мрежа –„Инстаграм“, одговараше на различни прашања поставени од страна на фановите. Запрашан на кои стадиони му било најтешко да брани тој без размислување напишал дека најтешко е да се игра на теренот на Ливерпул на „Енфилд“ и дека посебен притисок се чувствува и на стадионот на Глазгов ренџерс и на Фенербахче во Истанбул. Токму за теренот во Турција, Буфон вели дека влијанието е огормно и дека во првите 15-20 минути имал проблем да се…
Поранешиот селектор на фудбалерите на Аргентина, Хорхе Сампаоли, објасни зошто напаѓачите, Паоло Дибала и Мауро Икарди, не добија вистинска шанса на Светското првенство во Русија. Напаѓачот на Јувентус одигра само 22 минути а Икарди воопшто не беше повикан. „Сакавме да победиме, затоа се определив да повикам повеќе репрезентативци кои беа активни пред четири години на Мундијалот во Бразил“ – вели Сампаоли со напомена дека Дибала и Икарди ги планирал за наредниот период. „Имавме краток, долг и среден план за развој на нашата репрезентација. Нашите планови беа за околу 100 играчи, но, по тоа во Русија сè беше готово“ – вели…
