Author: dino

Фудбалерите на Барселона вчера одиграа нерешено 1:1 кај Валенсија на стадионот „Месталја“ со што ја продолжија лошата серија во шпанската Ла Лига. Каталонскиот клуб и во четвртиот натпревар во серија не успеа да постигне пол погодок. Дефанзивецот на тимот, Жерард Пике, повторно е мета на фановите бидејќи направи грешка и му дозволи на противникот да постигне гол. Тој веднаш по средбата видно изнервиран, ја искористи шансата да одговори на критиките. „Знам дека многу луѓе се надеваат дека нема да ми оди добро. Кога и да примиме погодок секогаш е моја вина“ – порача Пике.

Read More

Поранешниот капитен на Челзи и на англиската репрезентација, Џон Тери, реши да се повлече од активно играње на фудбал. 37-годишниот ветеран беше без клуб откако во текот на летото ја напушти Астон Вила. Иако имаше понуди да продолжи во Русија и САД, сепак  се определи да се пензионира. -По 23 неверојатни години како фудбалер, одлучив дека дојде време да се повлечам “ –  напиша дефанзивецот на неговиот профил на – „Инстаграм“. Тери е вистинска икона на Челзи бидејќи за две децении освои пет титули во Премиер, пет ФА Купа, титула во Лигата на шампионите, Лига Европа и пет пехари во…

Read More

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров и бекот на Металург, Халил Јагањац, влегоа меѓу најдобрите седум ракометари во 4 коло во Лигата на шампионите во изборот на ЕХФ. Дибиров кој постигна 8 голови беше прогласен за најдобар играч на дербито со Рајн Некар додека Јагањац успеа 10-ет пати да погоди во мрежата на данскиот, Силкеборг. Покрај играчите од нашите екипи, во најдобрата седумкиа има место и за: среден бек – Томас Могесен (Скјерн), десен бек – Магнус Род (Фленсбург), десно крило – Аркадиуж Морито (Киелце), пикер – Сењамин Буриќ (Загреб) голман – Гонзало Перез де Варгас (Барселона). Голманот на „црвено-црните“,  Дејан…

Read More

Русинот, Кабиб Нурмагомедов, го победи Конор Мекгрегор во четвртата рунда со што успеа да ја  одбрани шампионската титула во лесна категорија во УФЦ 229. Кабиб беше супериорен во првите две рунди и на чекор до нокаут, но, Ирецот успеваше да се извлече од непријатните ситуации.  Сепак,  во четвртата рунда Кабиб успеа да го принуди Ирецот да се предаде. Мекгрегор откако по мечот не се појави на прес-конференцијата , само неколку часа подоцна се огласи преку „Твитер“. – Добар нокаут. Едвај го чекам реваншот, напиша Ирецот. Борбата ќе биде запаметена и поради хаосот што се случи во Лас Вегас откако Хабиб влезе во физичка…

Read More

Нашиот атлетичар, Дарио Ивановски, со време од 32:04 минути победи во машкиот дел на трката – „Skopje Run 10K“. Втор заврши Дејан Атанасов со 32:47 минути пред Атанас Анчевски кој патеката ја истрча за 33:28 минути. Во конкуренција кај дамите прва беше Адријана Поп Арсова со 38:28 минути, второто место го зеде Милјана Ристиќ со 39:06 минути додека на третото  заврши Биљана Кираџиева со 39:59 минути. Во штафетната трка најдобри беа NRC – NIKE + RUN CLUB со 40:20 минути, по нив се пласираа натпреварувачите од 091RUNCRW & SKIRIS со 45:15 минути додека како трети трката ја завршија H&W-SKOBUL со…

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид се влезени во голема голгетерска криза откако цели шест часа и 49 минути не успеаа да реализираат во голот на противникот. „Кралевите“ вчера загубија на теренот на Алавеш со 1:0 во Примера Дивизион а првиот човек на екипата, Флорентино Перез, наводно, му поставил услов на тренерот Хулен Лопетеги. Според медиумите, стратегот има рок до крајот на месецов да ја поправи формата и да влезе во победнички ритам. Во спротивно, ќе добие отказ. Реал по паузата поради обврските на репрезентациите во Лигата на нации, ќе излезе на мегдан со Леванте во домашниот шампионат а веднаш потоа го…

Read More

Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, направи голем исчекор кон петтата титула откако победи на денешната трка возена за Големата награда на Јапонија. Тој на патеката „Сузука“, максимално ги искористи инцидентните ситуации во кои беа инволвирани неговите ривали и успеа лесно да стигне до првото место. Втората позиција му припадна на неговиот тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас додека третото место го освои Макс Верстапен со болидот на Ред Бул. Во првите десет место обезбедија и Рикиардо, Раиконен, Фетел, Перез, Грожан, Окон и Саинц. Кај возачите, Хамилтон е на првото место со 331 бод пред Фетел кој има 264.…

Read More

Шпанскиот возач во Мото Гран При шампионатот, Марк Маркез, ја доби жестоката битка до самиот крај со Андреа Довициозо и се израдува на победничкиот пехар во Тајланд. Победникот не се знаеше се до последните метри на патеката во Буринам, но, на крајот возачот на Хонда успеа да го надмудри неговиот противник со моторот на Дукати. Маверик Вињалес кој вози Јамаха се искачи на третото место на подиумот додека неговиот колега, Валентино Роси, стигна до четвртото . Во генералниот пласман, Маркез е лидер со 271 бод пред Довициозо, кој има194 и Валентино Роси кој досега собра 172 бода. Наредната трка во…

Read More

Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген, нема да се врати во игра во речиси 6 недели, потврдија дел од медиумите во Англија 31-годишниот фудбалер кој заработи потешка повреда на првенствениот меч со Хадерсфилд, мораше да го пропушти дуелот со Барселона во Лигата на шампионите. Вертонген сигурно нема да игра против Кардиф Сити, Вест Хем, Манчестер Сити, Вулверхемптон и Кристал Палас во Премиер лигата како и на мечот со Вест Хем во Лига Купот. Тој ќе ги пропушти и двете средби со ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити во претходната сезона додека патуваа кон стадионот – „Енфилд“, имаа проблеми со навивачите на Ливерпул. Тогаш нивниот автобус беше нападнат од страна на домашните фанови кои уништија поголем дел од прозорците на возилото. Затоа сега полицијата најави дека ќе преземе посебни мерки и дека во континуитет ќе го обезбедува до стадионот. Згора на тоа сите расположливи камери низ градот ќе бидат насочени на трасата по која ќе поминува автобусот со играчите на Сити за да се регистрираат евентуалните инциденти и да се откријат потенцијалните сторители.

Read More