Русинот, Кабиб Нурмагомедов, го победи Конор Мекгрегор во четвртата рунда со што успеа да ја одбрани шампионската титула во лесна категорија во УФЦ 229.
Кабиб беше супериорен во првите две рунди и на чекор до нокаут, но, Ирецот успеваше да се извлече од непријатните ситуации. Сепак, во четвртата рунда Кабиб успеа да го принуди Ирецот да се предаде. Мекгрегор откако по мечот не се појави на прес-конференцијата , само неколку часа подоцна се огласи преку „Твитер“. – Добар нокаут. Едвај го чекам реваншот, напиша Ирецот.
Борбата ќе биде запаметена и поради хаосот што се случи во Лас Вегас откако Хабиб влезе во физичка пресметка со членовите на тимот на Конор. Згора на тоа и на улиците имаше масовни инциденти меѓу руските и ирските фанови по што морала да реагира и полицијата.