Author: dino

Нашиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми по вчерашната победа на неговиот Динамо Загреб на теренот на Андерлехт во групната фаза во Лигата на Европа, потенцира, дека е презадоволен од досегашните резултати. „Покажавме дека сме европска екипа, победата е сосема заслужена. Потврдивме дека триумфот против Фенербахче не беше случајност“ – вели играчот на хрватскиот тим. „Не сакаме многу да размислуваме за тоа што не очекува во Европа. Наредниот меч е против Трнава, екипа која не смее да се потцени“ – потенцираше Адеми.

Read More

Академија Пандев, Беласица, Шкендија, Македонија ЃП, Победа, Работнички и Силекс му се придружија на Кораб во 1 /4  финалето во фудбалскиот Куп на Македонија. Академија иако загуби од Брегалница Штип со 1:0 имаше убедлива предност од првиот меч од 6:2. Беласица го совлада Пелистер со 3:1 и со вкупни 5-1 оди понатаму. Шкендија успешно помина кај Кит Го во Пехчево славејќи со 5:0, претходно во Тетово беше 2:0 за домаќинот.„Лавовите“ од Ѓорче го победија Вардар со 2:1 и покажаа дека не случајно одиграа во првата средба 1:1. Прилепчани немаа проблеми со Гостивар, денеска славеа со 4:1 а беа подобри и…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Валенсија, Марселино, не крие дека е задоволен по нерешените 0-0 на теренот на Манчестер Јунајтед откако неговиот тим во првото коло загуби на домашен терен од Јувентус со 2-0. „Мислам дека се претставивме солидно во сите 90 минути. Имавме шанси пред нивниот гол, но, недостигаше малку повеќе прецизност во завршницата. Јас сум задоволен бидејќи одигравме нерешно со голем тим каков што е Манчестер Јунајтед“ – вели Марселино. „Покажавме дека сме ја научиле лекцијата по поразот од Јувентус и дека можеме да гледаме позитивно кон наредните четири средби” додаде тренерот на Валенсија.

Read More

Фудбалерот, Жуниор Мораеш, кој синоќа ги постигна двата гола за Шахтјор на мечот со Лион кој заврши 2 спрема 2  во Лигата на шампионите, вели дека неговиот состав бил подобар во првиот дел. „Натпреварот го започнавме многу добро. Игравме многу организирано, покажавме добар фудбал. За жал, во второто полувреме ја изгубивме концентрација. Во Лигата на шампионите тоа е голема грешка, Лион не казни со два погодока“ – потенцираше Мораеш. „Треба да се учиме од нашите грешки. Лион има големи играчи, навистина беше одлично кога ги дадов головите” – изјави по натпреварот Жуниор.

Read More

Значително му се намалија шансите на младиот руски возач, Артом Маркелов да влезе во Формула 1 откако неговиот татко беше уапсен во изминатата недела. Маркелов кој се натпреваруваше во Формула 2 и имаше шанса со болидот на Рено да се појави на тренинзите на патеката во Сочи, откри пред медиумите дека луѓето од Вилијамс се заинтересирани за него и дека шансите за влегување во Формула 1 во сезоната 2019 му се 50 – 50. Во исто време, властите го уапсија неговиот татко, Валери – поради измама и нудење поткуп кон лица од владата во вредност од 2 милијарди. Рубљи (26.3…

Read More

Кошаркарот на Голден Стејт, Кевин Дурант,  сеуште не е сигурен каде ќе игра во сезоната 2019/20. Американец кој е висок 210-сантиметри и ја освои наградата за „најкорисен играч“ на финалето во последните две сезони, има само уште една година од договорот со „Воините”. „Јас не знам што ќе ми се случи во наредното лето. Луѓето често ме прашуваат за тоа и почнуваат да шират гласини. Јас не сум разговарал со никого околу тоа прашање, се што се пишува и зборува е само во сферата на веројатности. Ќе играм таму каде што ќе се чувствувам комфорно” – изјави Дурант. Ќе потсетиме…

Read More

Герет Саутгејт во наредните 48 часа треба да потпише нов четиригодишен договор и да остане селектор на фудбалската репрезентација на Англија. Тој пред две години го наследи на кормилото Сем Алардајс кој изненадувачки се повлече. Договорот на Саутгејт треба да истече по Евро 2020. Се претпоставува дека искусниот тренер кој сега заработува по 1 милион фунти годишно, ќе добие далеку подобри финансиски параметри и дека платата ќе му се зголеми на три милиони. Бидејќи одборот на  фудбалска асоцијација на Англија во изминатата недела гласаше позитивно за продолжување на соработката со Саутгејт, преговорите најверојатно ќе бидат само формалност.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Дани Велбек, може да ги напушти лондончани во наредното лето откако ќе му заврши тековниот договор. Тој доколку во наредниот период не потпише нов, тогаш ќе може веќе од 1 јануари да започне преговори со друг состав. Според „Мирор“, Велбек кој досега даде 4 голови и пружа забележителни партии треба да остане во тимот. Затоа се верува дека раководството ќе направи нов обид да го убеди да остане со далеку подобри услови. 27-годишниот фудбалер кој имаше и серија на повреди и не играше извесен период потенцирал дека сака да остане во тимот.

Read More

Фудбалската елита на Стариот континент во текот на денов ја очекуваат нови средби во групната фаза. Од 18.55 часот, Локомотив во Москва ќе го пречека Шалке додека францускиот ПСЖ ќе и биде домаќин на Црвена Ѕвезда. Русите и германците најавуваат фајтерска битка, белграѓани пак, сензација на „Паркот на принцовите“. Во терминот од 21.00 часот ќе бидат реализирани вкупно 6 средби. Атлетико Мадрид треба да ја потврди добрата форма против Бриж. Шпанците се влезени во ритам, тимот од Белгија ги чека првите бодови. Борусија Дортмун која меле се пред себе треба да има лесна задача против Монако откако гостите од Франција…

Read More

Во текот на денов ќе бидат реализирани воведните мечеви во второто коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Понудата започнува од 18.55 со мечевите Хофенхајм-Манчестер Сити и Јувентус-Јанг Бојс. „Граѓаните“ по поразот од Лион ќе мораат на поправен кај германците додека Јуве без суспендираниот Роналдо, ќе ја има фаворитската улога на мечот со Швајцарците. Во терминот од 21.00 часот ќе бидат одиграни 6 средби. АЕК ќе биде домаќин на Бенфика, Рома ќе игра со Викторија Плзен, Баерн Минхен против Ајакс, бранителот на тронот Реал Мадрид ќе гостува кај ЦСКА Москва. Лион кој изненади со триумфот кај Сити денеска…

Read More