Поранешниот најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, вели дека полека ќе ја достигне посакуваната форма. Србинот кој сега го има третото место на АТП листата, има реални шанси до крајот на годинава да се пробие и на челната позиција. „Последните три месеци играв многу мечеви и се исцрпив. Се надевам дека паузата добро ќе ми дојде. Ако некој во месец мај ми кажеше дека ќе се борам за прво место на крајот од годината, немаше да му верувам“ -потенцирал Ѓоковиќ. Тој во наредниот период прво ќе се насочи кон Мастерсот во Кина кој ќе стартува на 7 октомври а потоа…
Author: dino
Фудбалерите на Тотенхем и на Барселона утре ги очекува пресметка на легендарниот стадион -„Вембли“ во рамките на второто коло во групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот на домаќините, Маурисио Почетино, се почесто се споменува како можен наследник на Ернесто Валверде доколку Барса продолжи со серијата на лоши резултати. Тие шпекулации в пресрет на утрешниот дуел категорично ги негираше аргентинскиот стратег на клупата на лондончани. „Повеќе од јасно е дека јас никогаш нема да ја водам Барселона. Мојот пат и тој на Барселона се различни“ – објасни како размислува Почетино
Поранешниот фудбалер на Челзи и на англиската репрезентација, Франк Лампард, верува дека Жозе Мурињо ќе ја преброди кризата во Манчестер Јунајтед и дека ќе успее да се врати на победничките патеки. Португалецот и „црвените ѓаволи” освоија само десет бодови во првите седум натпревари што претставува нивни најлош почеток во една сезона во Премиер лигата. Лампард, кој играше под водство на Мурињо во Челзи, изјави, дека жали за случувањата со неговиот поранешен менаџер. „Секој знае како размислувам за Мурињо. Тој се наоѓа во тежок момент. Мурињо е голем човек и ќе се справи со ситуацијата. Односите со фудбалерите не се лесни.…
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на последната средба со новинарите ги демантираше пишувањата на британските медиуми дека сака да го купи Килијан Мбапе за 200 милиони фунти. „Информациите не само што не се точни туку се навредливи за ПСЖ и за нас како клуб. Сите знаеме како треба да течат преговорите. Мбапе навистина вреди многу но, ние немаме намера да платиме таква сума“ – потенцирал Гвардиола. Шпанскиот стратег е уверен дека францускиот тим нема намера да се раздели со еден од најдбрите напаѓачи на денешницата.
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, направи изненадувачки потег откако за гостувањето во Русија кај ЦСКА Москва во второто коло во Лигата на шампионите, го изостави од тимот Серхи Рамос. „Тој одигра повеќе минути од било кој друг играч и одлуката е само моја. Претходно го направив тоа и со Тони Крос. Рамос ќе ми биде благодарен бидејќи има и одредени проблеми со задната ложа“ – вели Лопетеги. Познато е дека „кралевите“ останаа без услугите на Иско кој ќе оди на операција додека на полесни повреди се жалат Марсело и Герет Бејл.
Првата ѕвезда на фудбалскот состав Барселона, Лео Меси, кариерата ќе ја заврши во тимот од Шпанија, порача првиот човек на Каталонците, Хосеп Марија Бартоме. Аргентинецот кој од 13 години го носи дресот на Барса, во тековнава сезона ја има и улогата на прв капитен. „Не сака да си замине. Секогаш му велиме дека може да биде човек кој играл само за еден клуб во кариерата“ – рече Бартоме во изјавата за – „Тајмс“. Меси има тековен договор до 2021-та кога ќе има и полни 34 години. За него се појавија информации дека во финишот на кариерата сака да се врати…
Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, кој пред шест недели заработи тешката повреда на коленото, од денеска се вклучи во тренинг процес. Иако првичните очекувања беа дека 27-годишниот Белгиец ќе отсуствува од терените најмалку три месеци, сега ситуацијата е сосема друга. Од штабот на „граѓаните“ се уште не се изјасниле дали фудбалерот ќе може да игра во некој од претстојните натпревари – утре со Хофенхајм во Лигата на шампионите или на гостувањето кај Ливерпул в недела. Брзоногиот фудбалер кој минатата сезона забележа 12 гола и 21 асистенции, сега има само еден официјален натпревар од почетокот на сезоната и тоа…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, на денешната средба со новинарите направи нов раздор во соблекувалната откако изјави дека во екипата има фудбалери кои се вложуваат многу повеќе за разлика од неколкумина на кои не им е грижа за тимот. „Иако сум повеќе од 20-години во фудбалот, сеуште им верувам на играчите иако постојат и такви што не се искрени со мене. Изгледа дека дел од фубалерите се грижат многу повеќе за клубот за разлика од другите“ – вели Мурињо. „По поразот од Вест Хем, Лук Шо, рече дека играчите треба да даваат повеќе и јас се согласувам со тоа,…
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не е загрижен за голгетерската форма на првиот напаѓач, Мохамед Салах, иако интернационалецот од Египет има постигнато само три гола на седум одиграни средби а на повеќето мечеви предвреме беше повлечен од игра. „Се разбира дека не е среќен. Како е можно да биде? Не е среќен, но, тоа е нормална работа. Затоа постојат тренерите. Не сум загрижен за неговата форма, тоа момче работи напорно и сигурен сум дека ќе успее во намерите“ – вели Клоп. Тимот од „Енфилд“ кој во првото коло во Лигата на шампионите славеше на домашен терен против ПСЖ,…
Најдобриот играч во составот на Астон Вила, Џек Грилиш, жали што во текот на летото не успеа да обезбеди трансфер во Тотенхем. Како што е познато, договорот пропадна во последен миг иако младиот играч со едната нога беше на „Вајт Харт Лејн“. „Се разбира дека чувствувам големо разочарување. Ако отидев таму, верувам дека ќе станев и репрезентативец на Англија” – вели играчот во интервју за – „ Дејли телеграф“. 23-годишниот фудбалер кој има настапувано за младата селекција на „Гордиот Албион“, има реализирано повеќе од 100 средби за екипата од Бирмингем.
