Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, потврди дека му ја одземал капитенската лента на Пол Погба. Специјалниот по вчерашната елиминацијат од Дерби Каунти во Карабао Купот, изјави дека немал расправија со Французинот. „Навистина не се случи ништо драматично. Јас одлучив Пол да не биде втор капитен на тимот во продолжението од сезоната. Немаше ништо друго“ – потенцирал португалскиот стратег за – „Скај Спортс“. Погба во отсуство на Антонио Валенсија беше назначен за втор капитен на тимот на „црвените ѓаволи“, но, сега со последната одлука на Мурињо остана без таа улога.

Read More

Фубалерите на Аугсбург вчера направија пријатно изненадување откако одиграа нерешено 1 спрема 1 на теренот на големиот фаворит, Баерн Минхен.  Мечот на „Алијанц арената“ помина во целосна доминација на баварците, но, гостите ја искосристија шансата и однесоа голем  бод. „Аугсбург направи одлична работа во одбранбените задачи и ни предизвика многу проблеми. Не беше лесно да се создадат шанси а кога стигнавме до нив, ги промашивме. Натпревари во Бундеслигата се тешки. Жал ми е што не победивме” рече тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач. Неговиот тим во наредното коло во Бундес лигата ќе гостува во Берлин кај екипата на Херта.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, пред денешниот меч на теренот на Легањес во рамките на шампионатот на Шпанија, беше запрашан што мисли за изборот на ФИФА за најдобар фудбалер на светот. На тоа искусниот тренер на средбата со новинарите одговорил дека секој има право да мисли како сака и да гласа како сака. „Сега навистина не е време да ги споредуваме фудбалерите, но, за мене Лионел Меси е најдобриот. Модриќ е одличен фудбалер кој имаше фантастична година“ – потенцирал стратегот на Каталонците.

Read More

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека се преземаат чекори за подобрување на прегледноста при реализирање на трансферите се со цел да се добие вистински фер-плеј. Тој се обиде да објасни дека клубовите ќе можат да испраѓаат само ограничен број на играчи како позајмени во други клубови и дека ќе биде регулирана и провизијата што треба да ја добијат агентите задолжени за трансфери. „Во целиот процес ќе бидат вклучени сите инволвирани страни.Ќе треба да се анализира и нивното размислување за нашиот предлог“ – потенцирал Инфантино со напомена дека реформите ќе треба да се изгласаат на конгресот на Светската фудбалска…

Read More

Илија Абутовиќ кој во „црвено-црниот“ дрес се израдува на титулата во Лигата на ракометните шампиони нема да настапи за Рајн Некар Левен на средбата со Вардарци закажана за наредниот месец во Скопје. Тој добил повреда на задната ложа на мечот со Кјелце и ќе мора да одмора од четири до шест недели. Имајќи в предвид дека Абутовиќ е специјалист за играта во одбрана, тоа му создава дополнителни проблеми на тренерот, Јакобсен. Ракометарите на Вардар по двете победи со Монпелје и Кристијанштад, сега ги очекува гостување во Унгарија кај Веспрем а веднаш потоа на 6 октомври и средбата во Скопје со…

Read More
NBA

Кошаркарот на Минесота, Џими Батлер, нема да ја промени одлуката и ќе го напушти НБА тимот иако Том Тибодо се обидел да го убеди да остане. Тренерот вчера се сретнал со Батлер за да го замоли да се врати во составот, но, тој не сакал да се премисли и изјавил дека не сака да игра повеќе за Минесота. „ESPN“, тврди, дека Батлер нема апсолутно никава желба да тренира заедно со соиграчите а уште помалку да игра натпревари за  „шумските волци“. Поранешниот играч на Чикаго дури им посочил на сопствениците дека е подобра варијанта да го продадат сега отколку да си…

Read More

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Челзи, Еден Азар, имал успешни преговори за нов договор со челниците на тимот. Според медиумите во Англија, тој ќе ја продолжи соработката со „сините“ од Лондон до 2022 година и ќе добива неделна плата од 300.000 фунти. Белгискиот интернационалец во текот на летото беше тѕрансферна цел на првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, но сепка остана на „Стемфорд Бриџ“. 27-годишниот напаѓач во тековнава сезона под водство на новиот тренер, Маурицио Сари, покажува блескави партии и на шест натпревари во Премиер лигата успеа дури пет пати да се запише во листата на стрелците.

Read More

Возачот на Дукати во Мото Гран шампионатот, Хорхе Лоренцо, кој заработи повреда на неделната трка во Арагон во Шпанија, најверојатно ќе го пропушти наредниот круг кој ќе се реализира на Тајланд. Тој според првичните проценки има повреда на палецот на десната нога а дополнителните прегледи в четврток ќе потврдат дали ќе може да вози и на трката на Тајланд.  Лоренцо сепак ќе мора да се појави Азија за да учествува во рекламна кампања. Од специјализираното издание – „ Autosport“ дополнуваат дека Хорхе чувствува болка и дека не сака да се подложи на ризик да доживее уште една несреќа. Во меѓувреме…

Read More

Фудбалерот, Андер Херера, ќе се врати во редовите на Манчестер Јунајтед за денешниот натпревар против Дерби Каунти во рамките на Лига купот на Англија.Шпанецот последен пат играше на 2 септември кога заработи повреда. Веста пред новинарите ја потврди менаџерот, Жозе Мурињо. „Андер е подготвен. Маркос Рохо е единствениот играч кој не ми  е достапен поради повреда додека Маркус Рашфорд е казнет ” – изјави Португалецот.  Специјалистот на денешната средба со Дерби Каунти најверојатно ќе изведе комбиниран тим во кој ќе доминираат играчите што ретко добиваат шанса во Премиер лигата и во евро-конкуренцијата.

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Арсенал, Петер Чех, потенцира дека неговиот тим треба да научи како се освојуваат титули во Англија во Премиер лигата. Ветеранот има интересно размислување кое го сподели пред новинарите. „Секој клуб што освојува пехари има визија и стратегија. Арсенал ништо не освоил 10 години и тоа треба да се промени. Сега со новиот тренер работиме максимално напорно за да ја освоиме титулата“ – вели Чех. „Мислам дека мора да го промениме и пристапот. Понекогаш мора да победиш и со лоша игра. Треба да поведеш 1-0 и да ги затвориш сите приоди кон голот. Мислам дека тоа ни…

Read More