Фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер, му честиташе на соиграчот, Мохамед Салах, кој вчера на гала свеченост ја доби наградата од ФИФА – „Ференц Пушкаш“ која се доделува за најубав постигнат гол во претходната сезона во сите конкуренции. Египѓанецот се израдува на спомената награда благодарение на погодокот на средбата со Евертон во Премиер лигата иако според многумина фудбалските личности, неговиот погодок не е најубавиот во прикажаната конкуренција. Во тој правец поранешниот играч на Тотенхем, Рајан Мејсон, упати критики за изборот за гол на годината. „Наградата на ФИФА со името на Пушкаш го загуби авторитетот. Му припадна на Салах за гол кој…
Author: dino
Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, кој поради повреда тренирал индивидуално во фитнес салата, може да го пропушти утрешниот меч на теренот на Севилја во рамките на новото коло во Примера Дивизион. Тренерот на „кралевите“, Лопетеги, изјавил дека допрва ќе одлучи дали 26-годишниот крилен фудбалер ќе го понесе на утрешното гостување на -„Рамон Санчез Писхуан“. Во исто време и дефанзивецот, Даниел Карвахал, поради проблеми со мускулот на ногата работи под посебна програма надвор од тековните активности на тимот. Според објавеното од „кралскиот клуб“, сите други фудбалери ќе му бидат на располагање на Лопетеги за тешкот гостување кај Севилја. Неговиот тим досега…
Возачот на Хонда, Марк Маркез, постигна уште една победа во Мото ГП шампионатот откако беше најбрз на денешната трка во „кралската класа“ возена на патеката во Шпанија. Втората позиција му припадна на Андреа Довициозо со моторот на Дукати додека третото место на подиумот го пополни Андреа Јаноне со неговото Сузуки. Алекс Ринс заврши четврти пред Педроса и Еспаргаро, седми беше Петручи додека Роси успеа да се избори за осмото место. Шпанецот, Маркез, води во генералниот пласман со 246 бодови пред Довициозо со 174 и Валентино Роси кој има 159. До крајот на шампионатот остануваат уште пет трки.
Ракометарите на Вардар ја забележаа и втората победа во групната фаза во Лигата на шампионите откако славеа на денешниот меч со шведскиот состав Кристијанштад со 33 спрема 25. „Црвено-црните“ во СЦ Јане Сандански тргна одлично, набилдаа голема позитива и практично му ги срушија надежите на гостинот дека може да направи изненадување. За дваесет минути резултатот беше 15-5. Во продолжението на мечот а посебно во завршните минути, тренерто Парондо им даде шанса на сите ракометари па , гостите колку толку успеаа да се спасат од катастрофа. Во нашиот тим Иван Чупиќ постигна седум голови додека Вуко Борозан застана на пет. Голманот…
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јиргнен Клоп, потврди дека Роберто Фирмињо ќе биде во првата постава на утрешниот меч со Саутемптон предвиден во рамките на Премиер лигата на Англија. Бразилецот кој доби повреда на окот пред една недела, деновиве влезе како резерва на мечот со ПСЖ во ЛШ и го постигна победничкиот гол. Запрашан дали враќањето на Фирмињо ќе го седне Даниел Стариџ на резeрвната клупа, Клоп одговорил. „Даниел навистина одигра фантастичен натпревар. Не чекаат многу средби и убаво е да знаеме дека можеме да го користиме. Фирмињо и Стариџ може да игра заедно, тоа се случило а може да…
Интернационалецот од Белгија во редовите на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, се опоравува побрзо од прогнозите и набрзо може да се врати на фудбалските терени, објавија дел од медиумите во Англија. Тој пред околу триесетина денона го повреди коленото а лекарските прогнози велеа дека ќе мора да одмора најмалку три месеци. Сепак, на радост на тренерот , Пеп Гвардиола и навивачите на „сити“, фудбалерот ќе се врати многу порано. Познатиот шпански физиотерапевт, Рамон Кугат, успеа да се погрижи за повредата на Де Бруин и да ја санира во најбрз можен рок. „Мислам дека за враќање на теренот ќе ми бидат…
Лидерот во генералниот пласман во „MotoGP“, Марк Маркес, беше најбрз на вториот тренинг кој е реализиран како загревање за главниот настан во текот на викендот во шпанската област Арагон. Членот на Сузуки, Андреа Јахоне, имаше одлично возење и остана на челното место речиси до крајот на тренингот. Тогаш Андреа Довициозо, кој беше најбрз на првиот тренинг, стави нови гуми и успеа да го потисне Јахоне на второто место. Сепак до крајот на сесијата, практично во завршните кругови, Маркез и Лоренцо се пробија пред Довициозо. Возачите на „Јамаха“, исто така влегоа во топ 10. Валентино Роси се избори за деветтот а…
Никола Тод ќе биде максимално активен околу евентуалното враќање на рускиот возач Даниел Квајт во Формула 1 шампионатот и тоа во екипата на Торо Росо. Французинот откри дека работи со Квајт извесен период и дека Русинот има уште што да покаже во Формула 1. Квајт кој го напушти составот на Ред Бул по Гран При трката на САД во 2017 година, во тековнава работи како тест возач во тимот на Ферари. Иако неговото враќање во Торо Росо не е потврдено, тој ја прекина работата во Скудерија. „Мислам дека Квајт е позрел, но, нема да брзаме да донесеме одлука. Ние ќе…
Луис Фиго, еден од легендарните фудбалери на Реал Мадрид, се осврна на заминувањето на Кристијано Роналдо во екипата на Јувентус. Португалецот е убеден дека “кралевите“ нема да имаат проблеми во играта откако неговиот сонародник се определи да го напушти тимот и да заигра за „старата дама“ од Торино. „Кристијано е одличен играч, но, неговото заминување нема да влијае лошо на Реал. Животот оди понатаму а тие што сега играат може да испишат нова историја“ рече Фиго. Легендата од „Сантијаго Бернабе“ настапуваше за шпанскиот тим од 2000 до 2005 година откако направи изнеандувачки трансфер од големиот ривал – Барселона.
Британскиот тенисер, Енди Мареј, поради повреда, ќе го пропушти завршниот дел од сезоната. Шкотланѓанецот кој има разочарувачка година со само една освоена титула, од истата причина мораше да го пропушти и Отвореното првенство на САД. „Нема да бидам во можност да играм на турнирите во октомври во Шангај и Пекинг како и на тие во Виена и Париз на крајот на сезоната. Имам повреда со која се соочувам во последниве неколку месеци. Се консултирав со експертите и тие ми препорачаа да направам подолга пауза. Тоа е најдоброто решение за мојата иднина” напиша Мареј на неговиот профил на „Фејсбук“. 30-годишниот Шкотланѓанец…
