Author: dino

Дефанзивниот фудбалер на Реал Мадрид, Марсело, по средбата со Атлетик Билбао во шампионатот на Шпанија, изјави дека на екипата не и недостасува само Роналдо (замина во Јуве) туку и многу други кои оставиле печат во тимот. „Навивачите сигурно се сеќаваат на Раул, Зидан, Касиљас…“, одговори Бразилецот и продолжи: „Разочарани сме од ремито. Мислам дека бевме подобриот тим и заслуживме да славиме. Имавме многу шанси за победа, но, понекогаш среќата ќе ви го заврти грбот“, заврши Марсело. „Кралевите“ по четири кола во Примера се наоѓаат на второто место на табелата со два бода помалку од Барселона.

Read More

Екипата на Шкендија го има 161 место во новото рангирање на УЕФА што претставува и најдобар пласман на еден македонски фудбласки тим гледано низ историјата. Тетовци во континуитет забележуваа добри настапи во меѓународната конкуренција по што акумулираните поени ги однесоа до 161 место. Што се однесува до нашиот најтрофеен тим, Вардар, тој го држи 193. место додека Работнички е на 218. место на ранкинг листата.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека неговите избраници нема да го фаулираат често Нејмар и дека нема да му дадат шанса да ги прави препознатливите превиткувања на теренот. „Црвените“ денеска ќе го пречекаат ПСЖ на стартот на групната фаза на Лигата на шампионите а токму Бразилецот во францускиот тим треба да биде најголема закана кон нивниот гол. Сепак, германскиот менаџер вели дека неговите играчи не планираат често да го фаулираат Бразилецот. „Реакциите на Нејмар се нормални бидејќи противниците се фокусираат кон него. Ние нема да се однесуваме така туку ќе играме фудбал и ќе се обидеме да…

Read More

Стратегот на клупата на Тотенхем, Маурицио Почетино, се соочува со многу проблеми во играчкиот ростер за денешното гостување кај Интер на стартот на Лигата на фудбалските шампиони. Тој остана без услугите на четири стандардни првотимци. Голманот Лорис и напаѓачот Деле Али ги немаше и на викенд дербито со Ливерпул додека дефанзивците Трипие и Алдерверелд не отпатуваа во Италија. „Али и Лорис се повредени, исто како и Сисоко, тоа не е ништо ново. Кај Трипие и Алдерверелд не станува збор за повреди туку за моја oдлука“ – истакна Почетино. Средбата меѓу Интер и Тотенхем ќе започне од 18.55 на стадионот – „Џузепе…

Read More

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, потенцира дека денешниот дуел со Тотенхем во групната фаза на Лигата на шампионите има големо значење за неговиот тим. Стратегот се надева дека неговите фудбалери ќе покажат желба да се претстават на високо ниво на големата европска сцена од која апстинира цели 7 години. „Средбите од Лигата на шампионите имаат огромно значење и можат да ти дадат огромен ентузијазам. Минуваме низ тежок момент и мечот има големо значење. Ова е турнир, кој не би го менувал за ништо на светот. Можеш да доживееш убави моменти“ – вели Спалети. „Го анализиравме тоа што го реализиравме до…

Read More

Македонија очекувано славеше на мечот со Романија со 90 спрема 76 со што остана на челната позиција во нашата претквалификациска група за пласман на Европското првенство во кошарка во 2021 година. По стартната победа на теренот на Косово, избраниците на Давитков денеска одиграа многу подобро во повеќе елементи и затоа забележаа убедлива победа против Романците. Мечот беше решен во третиот период кога Македонија прв пат дојде до позитива од 57-41 (плус 16) по што работите тргнаа во посакуваната насока. Во нашите редови Војдан Стојановски и Бојан Трајковски постигнаа по 21 кош додека Хендрикс застана на 14. Кај гостите се издвои…

Read More

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Челзи, Еден Азар, откако со три погодока на вчерашниот меч со Кардиф им помогна на „сините“ да прокнижат значајни три бода, вели, дека имал голема помош од Французинот, Оливие Жиру, кој во два наврата беше асистент. „Оливие е веројатно најдобриот напаѓач во светот. Кога ќе ја добие топката може да ја држи долго и да ни даде доволно време да појдеме во напад. За нас е големо задоволство што играме заедно со Жиру“ вели најдобриот стрелец на Челзи кој се осврна и на играта на тимот кога Мората е во првата постава или кога ќе…

Read More

Пилотот на Ред Бул во Формула 1, Макс Верстапен, изјави дека е презадоволен од освоената втората позиција на Гран при трката во Сингапур. На стартот, Себастијан Фетел беше многу агресивен и успеа да го претекне холанѓанецот на второто место. Потоа, Себ влезе прерано во боксот додека Ред Бул го одбраа најдобриот момент и со одлична стратегија му овозможија на младиот Холанѓанец да се искачи на второто место на пиедесталот. „Резултатот навистина не е лош. Треба да му се заблагодарам на тимот кој направи одлична стратегија и ми овозможи да се пробијам на второто место. Имавме многу проблеми со менувањето на…

Read More

Луис Хамилтон потврди дека се наоѓа во одлична форма откако победи и на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Сингапур. Британецот во болидот на Мерцедес со одлична стратегија на патеката – „Марина Беј“, максимално ја искористи пол-позицијата и стигна до првото место. Холанѓанецот Макс Верстапен со болидот на Ред Бул се искачи на втората позиција на пиедесталот додека Германецот, Себастијан Фетел со возилото на Ферари, трката ја заврши на третото место.  Ботас заврши четврти пред Кими Раиконен и Даниел Рикиардо додека првите 10 ги комплетираа Алонсо, Саинц, Леклерк и Хулкенберг. Хамилтон со денешната победа има 281…

Read More

Македонските најдобри кошаркари славеа на теренот на Косово со 76 спрема 73 и ги освоија првите бодови во втората елиминациска фаза на патот кон Евро-шампионатот во 2021 година. Ниту пеколната атмосфера што ја направија околу 3000 фанови на домаќините не ги спречи избраниците на Давитков да останат со мирна рака и кога беше најпотребно да ја задржат предноста. Нашиот центар, Бојан Трајковски реализираше 17 поени, Дамјан Стојановски застана на 15 а Стојан Ѓуроски заврши со 14. Хендрикс оствари дабл-дабл ефект од 10 поени и 12 скокови. Македонија вториот дуел ќе го одигра в недела во СЦ Борис Трајковски против селекцијата…

Read More