Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Карлос Тевез, вели дека Кристијано Роналдо е подобар фудбалер споредено со ѕвездата на Барселона, Лео Меси. Иако поранешниот напаѓач на „гаучосите“ има одиграно многу репрезентативни дуели заедно со Меси, тој е категоричен во проценката дека Португалецот е подобар од неговиот сонародник. „Меси никогаш не сум го видел во теретана. Никогаш не сум го видел како дополнително тренира или прави интересни вежби. Кристијано сака да биде најдобриот. Кога имавме тренинг во девет часот, јас доаѓав во осум а тој беше таму“ потенцираше Тевез.
Author: dino
Светскиот фудбалски вице-шампион, Хрватска вчера доживеа дебакл на теренот на Шпанија во Лигата на нации откако домаќините славеа со фантастични 6 спрема 0. Тешкиот пораз го изнервира капитенот на „коцкестите“ Лука Модриќ, кој „распали“ по соиграчите. „Доколку не играме на Мундијалот тогаш не можеме да се носиме репрезентации од типот на Шпанија“ вели разочарано Модриќ. „Не смееме лесно да го уништиме рејтингот што го стекнавме. Ако извлечеме поука ќе биде добро. Мораме да имаме различен пристап кон мечевите“ –изјави Модриќ.
Фудбалерите на Црвена Ѕвезда ќе имаат одлична поддршка на сите домашни мечеви во групната фаза во Лигата на шампионите против Наполи, ПСЖ и Ливерпул откако денеска беа експресно рапродадени сите предвидени влезници за стадионот „Маракана“. Белграѓани по двомечот со австрскиот Салцбург успеаа по цели 26 години да обезбедат место во групната фаза во фудбалската елита на стариот континент. „Најголемиот успех на нашиот тим во последните 25 години предизвика огромно внимание кај публиката. Блок билетите за групната фаза во Лигата на шампионите се распродадени за помалку од три часа“ – се вели во соопштението на „црвено белите“.
Играчот на италијанскиот Јувентус, Блез Матуиди, во интервју за „Газета Дело Спорт“ се насочи кон целите на тимот во тековнава сезона. Фудбалерот кој со Франција во текот на летото дојде до титулата светски шампион, вели дека ангажманот на Кристијано Роналдо во редовите на „старата дама“, дополнително ќе го подигне квалитетот и ќе ги зголемии апетите во Лигата на шампионите.Според Матуиди, токму искуството што го има Португалецот треба да му помогне на Јуве конечно во ризницата во Торино да го донесе и победничкиот пехар од ЛШ. „Треба да бидеме насочени кон нашата игра. Кристијано Роналдо е фудбалер кој има освоено пет…
Легендарниот шпански фудбалер, Андрес Иниеста, кој во моментов игра за јапонскиот состав Висел Кобе, се вклучи во добротворна акција за собирање на средства за настраданите од минато неделниот земјотресот кој со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот остров Хокаидо. Тогаш 8 лица загинаа како последица на природната катастрофа а скоро 3 милиони домаќинства останаа без потребни услови за живот гледано од повеќе аспекти. Иниеста денеска прикачи наТвитер фотографии, придружени со следниов текст: Ден на солидарност, заедно со нашите фанови да собереме средства за настраданите од земјотресот во Хокадо. Тимот и фановите заедно“.
Селекторот на нашата фудбалска репрезентација У-21, Добринко Илиевски, пред утрешниот меч со Ерменија, вели, дека последниот несреќен пораз од Србија во квалификациите за ЕП нема да влијае врз неговите избраници. „На теренот на Србија бевме на чекор да ја прекинеме лошата серија бидејќи до 80-та минута го имавме посакуваниот резултат и игра, но, примивме лесен, несреќен гол по кој немаше време да се избегне поразот. Во секој случај, мораме да бидеме задоволни од играта на младите фудбалери бидејќи поголемиот дел од нив се речиси две години помлади од противничките. Нашата главна цел е да се подготвиме за наредниот циклус“ -…
Леброн Џејмс кој во текот на летото се пресели во екипата на Лос Анџелес Лејкерс знае дека неговиот нов состав прво го очекува жестока битка за влез во финалето во конференцијата а дури потоа ќе може да размислува и за титулата во НБА лигата. Еден од најдобрите кошаркари на денешницата кој осум години во континуитет дел од решавачките мечеви за шампионскиот прстен во најсилната светска лига, свесно не го стави неговиот тим меѓу фаворитите во новата сезона. „Има многу конкуренти за титулата, но, може да има само еден шампион. Тоа е Голден Стејт. Тука се секако и Бостон, Филаделфија, Хјустон,…
Новак Ѓоковиќ и се израдува на третата титула на Отвореното тениско првенство на САД откако во текот на ноќта успеа да го совлада Аргентинецот, Дел Потро, со максимални три спрема нула. Во првиот сет по изедначена игра пресуди осмиот гем кој со голем пресврт успеа да го освои Србинот со вкупни 6:3. Вториот сет заврши по голема борба со триумф на Ѓоковиќ со 7:6 додека во третиот двајцата финалисти држеа темпо се до осмиот гем кога новиот шампион на терените во Њујорк направи брејк, се одлепи и забележа победа со 6:3. На Ѓоковиќ третата победа на отвореното првенство на САД…
Фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ, изјави дека неговата екипа ќе се бори за сите титули во новата сезона. Интернационалецот од БИХ, потенцира, дека со ангажманот на Кристијано Роналдо, Јуве, ќе може да направи чекор понапред и да триумфира во Лигата на шампионите откако во последните четири години беа загубени две финалиња. „Ние секогаш играме и се обидуваме да ги освоиме сите пехари. Во последните четири години игравме две финалиња во Лигата на Шампионите. Кристијано Роналдо сега треба да биде нашиот клучен играч. Со него сме посилни, Јувентус е голем клуб и веруваме дека можеме да победиме во Лигата на шампионите“…
Ракометарот на Металург, Марио Танкоски, кој се повреди на вчерашниот меч со Нексе во рамките на СЕХА лигата ќе паузира околу една седмица. Тој во средината на првиот дел при еден доскок лошо го извитка скочниот зглоб, но, за негова среќа, повредата е од полесен карактер и рехабилитацијата ќе трае краток период. Тренерот на Металург, Данило Брестовац, на стартот на сезоната глава не може да подигне од серијата на повреди кај ракометарите. Прво на листата беше ставен Велковски, потоа му се придружи и Јагуриновски а од вчера надвор од стројот ќе биде и Танкоски. Познато е дека деновиве составот од…
