Author: dino

Французинот, Зинедин Зидан, откако го напушти кормилото на Реал Мадрид, максимално го искористи летниот период да се одалечи од фудбалот и да размисли за неговите планови во наредниот период. Тој во вчерашното гостување на националната шпанска телевизија, посочи дека набрзо ќе се врати во фудбалот бидејќи тоа е неговиот живот .„За краток период повторно ќе имам ангажман и ќе работам во фудбалот“ – вели францускиот тренер кој успеа со Реал Мадрид во три сезони едно подруго да го освои врвот на Европа. Вчера, британскиот таблоид – „Мирор“, објави, дека Зидан е главниот кандидат за да го наследи Жозе Мурињо на…

Read More

Македонија со денешната победа против Ерменија од 2 спрема 0 се зацврсти на челната позиција во групата „Д“ во новоформираното натпреварување на УЕФА  – Лигата на нации. Пред околу 8000 фанови на Арената во Скопје, нашите репрезентативци одигра итро во нападот и стабилно во одбраната. Гостите во ниту еден момен не успеаа да се наметнат и затоа останаа со празни раце. Македонија успеа да поведе во 14 минута откако Пандев беше некоректно соборен во шеснаесетникот а Алиоски успешно го изведе ударот од 11. метри. Вториот наш гол беше дело на капитенот Пандев откако во 59 минута доби одлична топка од…

Read More

Капитенот на фудбалскиот состав Арсенал, Лоран Косчелни, кој се повреди во месец мај и не настапи на Мундијалот во Русија, имал намера да го напушти тимот во текот на летово, изјави Стефан Кербис, агентот задолжен за трансфери на 33-годишниот француски дефанзивец. „Кога се повреди, веднаш видов дека е многу сериозно. Во тој  момент помислив на најлошото што и се потврди кога се дозна дека ќе го пропушти СП. Лорен тогаш можеби ќе ги одиграше последните мечеви за Арсенал. Тој започна да размислува за евентуално заминување откако дојде нов менаџер“ – вели Кербис. „Тогаш бевме отворени за различни опции кои вклучуваа…

Read More

Возачот на Ферари во Формула 1, Себастијан Фетел, откако изјави дека неговиот клупски колега Кими Раиконен не му помага во битката за титулата со Британецот, Луис Хамилтон, од Мерцедес, сега излезе со сосема други размислувања. Германецот објасни дека не очекува заповеди од боксот на Ферари во негова корист и тврди дека со задоволство ќе ја прифати борбата со клупскиот колега. „Задоволен сум што се борам со три автомобили. Нема проблем. Јас само ја вршам мојата работа и подготвен сум да се натпреварувам против сите. Во Монца се обидов да нападнам на првиот свиок а потоа на вториот, но не ми…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, може да ја шокира фудбалската јавност и да ја привлече легендата на Челзи, Џон Тери,  објавија денеска сензационално неколку различни медиуми. Португалскиот тренер во текот на летово сакаше да обезбеди играч кој ќе го засили средниот ред, но, раководството на „црвените ѓаволи“ не му излезе в пресрет и не му дозволи да купи нов играч.  Што се однесува до 37-годишниот ветеран, тој е слободен играч откако по крајот на претходната сезона го напушти составот на Астон Вила. Мурињо и Тери се блиски пријатели а дефанзивецот беше и капитен на „сините” од Лондон во периодот…

Read More

Фудбалерот од Белгија во редовите на англискиот состав Тотенхем, Јан Вертонген, верува дека ќе ја продолжи соработката со Спарси ако ништо друго барем за одреден период. Договорот на дефанзивецот истекува на крајот од сезоната, но, може да му се продолжи за една година автоматски со одлука на клубот. „Мојот договор истекува на крајот од сезоната а Тотенхем има опција да го продолжи за уште една година. Мислам дека тие ќе ја искористат опцијата. Ќе видиме што се случува“ – изјави искусниот играч за медиумите од неговата татковина. 31-годишниот поранешен играч на Ајакс има реализирано 250 натпревари за Тотенхем. Неговиот постоечки…

Read More

Англискиот фудбалски состав, Ливерпул, може со слободен трансфер да го ангажира играчот на ПСЖ, Адриен Рабиол. 23-годишниот фудбалер ги отфрли сите понуди за потпишување нов договор со парижаните со што се создаде голема веројатност дека ќе ги напуштина крајот на сезоната. Членот на ПСЖ ќе може во јануари да преговара и со други тимови и во текот на летото да направи слободен трансфер. Во меѓувреме тренерот на англичаните, Јирген Клоп, ќе направи се да го убеди Рабио да му се приклучи на „Енфилд“. Самиот фудбалер во едно интервју потврди дека има огромна желба да заигра во Англија и дека од…

Read More

Екипата на Дорадос де Синалоа која настапува во втората фудбалска лига на Мексико ќе направи напор да го убеди легендарниот, Диего Армандо Mарадона да го преземе кормилото во продолжението на сезоната,  објавија – „ESPN Mexico“ и аргентинската телевизија – „Tuc Sports“. Според информациите, преговорите меѓу двете страни се започнати, но, постои еден проблем. Имено,  Марадона од месец јули е претседател на  белорускиот sostav Динамо Брест. Пред тоа, Аргентинецот беше селектор на „гаучосите“ a ги водеше и тимовите од ОАЕ, Ал-Фуџа и Ал-Васл. Екипата на Дорадос нема победа во сезонава и моментално се наоѓа на 13 место во мексиканската втора лига.…

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Челзи, Алваро Мората, не крие дека во изминатите месеци размислувал да си замине од екипата бидејќи не е задоволен од прикажаното. „Изминатата сезона не бев среќен, се беше кошмар. Мислев дека ќе се вратам во шпанскиот или во италијанскиот шампионат. Ја напуштив мојата татковина и не знаев каде сум“- изјави 25-годишниот поранешен напаѓач на Јувентус и Реал Мадрид. „Ми беше многу тешко бидејќи не добив повик да настапам на Мундијалот. Тоа беше коректна одлука на селекторот, Лопетеги“ – вели Мората кој остана на „Стемфорд Бриџ“ и реално гледано се препороди со новиот менаџер, Маурицио Сари, кој…

Read More

Англискиот фудбалски состав, Вест Хем, ќе треба да одвои голема финансиска сума за да ги подмири сите обврски кон тренерот, Мануел Пелегрини, доколку се определи го отпушти, објавија денеска британските медиуми. Според – „Тајмс”, износот на компензација утврден во договорот со специјалистот од Чиле е 15 милиони фунти. Вест Хем ги изгуби сите четири натпревари од почетокот на сезоната во Премиер Лигата и го зазема последното место. Затоа се појавија и првите шпекулации дека клубот кој потроши голема сума за трансфери во текот на летото, веројатно набрзо ќе ја прекине соработката со Пелегрини.

Read More