Возачот на Мерцедес, Вандоор, вели дека ќе даде се од себе во последните сезонски трки во Формула 1 иако на крајот на шампионатото ќе го напушти тимот. Белгискиот возач иако има подолг стаж на птеките, во наредната сезона ќе биде заменет од новодојдениот Ландо Норис. Јас и тимот вложуваме многу напор за да дојдеме до посакуваните успеси “, вели Вандоор кој ја искористи можноста да се пожали и на квалитетот на болидот. Дури и Зак Браун потврди дека нивниот автомобил е многу слаб. „Продолжуваме да се бориме, но, за жал имаме ужасно мизерен автомобил кој не реагира на подобрувањата. Другите…
Author: dino
Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, откри дека две од најголемите ѕвезди на тимот нема да играат на саботното дерби со Ливерпул. „Спарси“ кои ќе му бидат домаќини на моменталниот лидер на табелата и тоа на легендарниот стадион „Вембли“, ќе бидат ослабени со неиграњето на светскиот шампион и воедно капитен на тимот Уго Лорис како и англискиот репрезентативец , Деле Али. „Али немаше среќа, бидејќи заработи повреда по само 20 минути против Шпанија. Ќе ни недостасува против Ливерпул а најверојатно и на натпреварот против Интер од Лигата на Шампионите. Лорис мора да помине нов преглед, но, се надеваме дека…
Еден од најголемите фудбалски таленти на светов, Килиан Мбапе, бил блиску да стане играч на Челзи во 2012 година кога имал само 13 години. Тоа го открива поранешниот скаут на Челзи, Даниел Бог, кој успеал да ги забележи квалитетите на Французинот и го поканил да биде дел од кампот во рок од една недела. Мбапе уште тогаш ги покажал способностите со топката, но, од клубот побарале од големиот талент да дојде уште еднаш на пробен период. Тогаш мајката на Мбапе која го придружувала во Лондон, одбила нејзиниот син да направи втор пробен период и поставила услов да биде купен веднаш…
Технологијата VAR ќе биде тестирана за прв пат на неколку натпревари во исто време во Премиер Лигата. Тоа ќе се случи в сабота на пет мечеви кои ќе започнат во 16 часот. Минатата сезона системот беше тестиран на одделни средби, но, луѓето од ФА сакаат да видат како ќе функционира на еден друг начин покривајќи неколку средби одеднаш. Сите видео-асистенти ќе бидат на една локација за да ги прегледуваат спорните моменти, но, во ниту еден момент нема да имаат комуникација со судиите на теренот. Клубовите на Премиер лигата во месец април гласаа против воведувањето на системот од тековнава сезона и…
Името на Антонио Џовинаци изненадувачки се појави високо на листата на можните кандидати да возат заедно со Кими Раиконен во екипата на Заубер во Формула 1 шампионатот во 2019 година. Сегашниот тандем на швајцарскиот тим се состои од Шарл Леклер и Маркус Ериксон, кој има солиден грб и врски со сопствениците на тимот. „Не е тајна дека сакам да останам во Заубер, но, свесен сум дека наредните трки се многу значајни за мене и мојата иднина во екипата” – изјави Маркус. Во истовреме, неколку изданија тврдат дека Италијанецот, Џовинаци ќе биде новиот адолесцент на Ферари од академијата во Маранело, кој…
Боксерот, Ентони Џошуа, на мечот против Александар Поветкин на 22 септември на стадионот – „Вембли“, ќе влезе подготвен да ги одбрани појасите на Меѓународната боксерска федерација (IBF), Меѓународната боксерска организација (IBO), Светската боксерска асоцијација (WBA) и Светската боксерска организација (WBO). Шампионот на средбата со новинарите, изјавил, дека максимално се подготвува за големиот меч и дека ги знае слабостите на противникот. Џошуа во негов стил најави голем спектакл. „Ќе одам таму и ќе се забавувам. Знам како ќе се справам со него. Ќе боксувам и ќе се смеам, максимално го анализирав противникот“ – вели британскиот боксер. Неговиот противник, Александар Поветкин, има…
Роберт Кубица ќе проба да се активира во друг спорт доколку остане со пасивна улога во Формула 1 шампионатот. Тој во 2010 година имаше тежок инцидент кој го одалечи од патеките. Полјакот сега работи како резервен возач во Вилијамс.Деновиве се слушаа гласини дека пилотот на Вилијамс, Ленс Строу, ќе се активира во екипата на Рејсинг Форс Индија која од неодамна е во сопственост на неговиот татко.Тоа може да отвори простор за Кубица конечно да влезе во болидот. „Вложив многу напор да дојдам до тука. Мојот приоритет е во наредната сезона да стартувам на трката во Австралија. Ако тоа не се…
Градските фудбалски ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, може да започнат нова битка на трансфер-пазарот која најверојатно ќе добие на интензитет во почетокот на јануари во 2019 година. Двата тима се заинтересирани за играчот на е Вулверхемптон, Рубен Невес, кој се проценува на околу 60 милиони фунти. 21-годишниот фудбалер започна одлично во новата сезона и се претвори во клучна фигура во составот на тренерот, Еспирито Санто. Невес кој потекнува од школата на Порто, пред една година ги одби понудите на Челзи и на Ливерпул и се определи да потпише за Вулверхемптон. Неговиот тековен договор е валиден до 2020 година.
Извршниот потпретседател на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, сака да донесе нова личност која ќе ја има улогата на спортски директор и која ќе работи заедно од повеќе аспекти со тренерот, Жозе Мурињо. Прв на неговиот спискот е Андреа Берт кој ја има таа функција во редовите на шпанскиот состав Атлетико Мадрид. Италијанецот кој работи во тимот од Пиринеите од 2013 година, имаше клучна улога за остварување на дел од успешните трансфери кај „јорганџиите. Тој е најзаслужен за ангажманот на Антоан Гризман и на Јан Облак како и за враќањето на Диего Коста. Доколку пропадне планот со Берт, Манчестер…
ПСЖ во последниве неколку години се обидува да направи конкурентен состав кој ќе се бори за титулата во Лигата на фудбалските шампиони. За таа цел, првиот човек на французите, Насер Ел-Калаифи го купи Нејмар од Барселона за огромни 222 милиони евра а во тимот успеа да ги задржи и големите ѕвезди од типот на Мбапе и Кавани. Сега првиот човек на екипата од Франција е свесен дека со трансферот на Роналдо во Јуве, „старата дама“ од Торино се вбројува меѓу главните фаворити за освојување на победничкиот пехар во фудбалската елита на стариот континент. „Со него, Јуве станува нашиот најголем ривал…
