Името на Антонио Џовинаци изненадувачки се појави високо на листата на можните кандидати да возат заедно со Кими Раиконен во екипата на Заубер во Формула 1 шампионатот во 2019 година. Сегашниот тандем на швајцарскиот тим се состои од Шарл Леклер и Маркус Ериксон, кој има солиден грб и врски со сопствениците на тимот.
„Не е тајна дека сакам да останам во Заубер, но, свесен сум дека наредните трки се многу значајни за мене и мојата иднина во екипата” – изјави Маркус. Во истовреме, неколку изданија тврдат дека Италијанецот, Џовинаци ќе биде новиот адолесцент на Ферари од академијата во Маранело, кој ќе се здобие со место во Ф1 – и тоа веројатно ќе го наследи Ериксон.
Според експертите, Антонио е голем талент.Во меѓувреме, поранешниот возач, Мика Сало, проценува дека Леклер во наредната година може да има значајна улога во трката за шампионската титула.