Author: dino

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Јулијан Дракслер, не крие дека е разочаран по вчерашниот пораз на гостувањето кај Ливерпул на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.Тој вели дека неговиот тим треба да победува во дерби дуелите ако сака да ја освои титулата. „Во првото полувреме бевме агресивни, но, тоа не беше доволно. Ако сакаме да стигнеме до пехарот, тогаш ќе мораме да ги победуваме тимовите од типот на Ливерпул“ – вели Дрекслер. „Мислам дека требаше да ги освоиме бодовите или најмалку да извлечеме нерешено. Домаќините одиграа добро во завршницата, сега треба да го покажеме нашето вистинско лице во…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, по вчерашниот пораз на теренот на Интер на стартот на Лигата на шампионите, имаше непријатна дискусија со англиските новинари. Тие го запрашаа зошто ги изостави од тимот Трипие и Алдервејде кои претходно беа стандарни на теренот. „Тие играа против Ватфорд и Ливерпул. Многу е лесно да се зборува за играчи кои не се тука. Мислам дека треба да зборуваме за фудбалот, Вие не ги почитувате фудбалерите кои денеска покажаа подобри квалитети од противникот” – одговорил нервозно Почетино. „Можете да ме обвинувате и да ме критикувате за изборот на почетниот состав. Имаме 25  фудбалери…

Read More

Луѓето од англискиот фудбалски состав, Вулверхемптон, испратиле и официјална понуда до екипата на ЦСКА за купување на интернационалецот од Гана, Едвин Џеси, објавија денеска медиумите на островот. Британците за крилото понудиле околу 700.000 фунти на што од клубот одговориле дека Џеси ќе може да си замине, но, дури на крајот на сезоната. Тоа значи дека „Армејците“ ќе го одбијат првичниот предлогот и ќе очекуваа далеку подобра понуда. Според медиумите, уште еден англиски состав – Брајтон, исто така, е заинтересиран за услугите на Џеси, кој се вбројува меѓу топ 3 играчите во ЦСКА.

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, запрашан дали ќе остане долго на „Олд Трафорд“, одговорил дека се чувствува одлично во екипата. Според англиските медиуми, Шпанецот сепак, одбил да каже дали има долгорочни планови поврзани со „црвените ѓаволи“. Неговиот договор ќе истече догодина а клубот има опција да го продолжи за уште 12 месеци. „Многу ми се допаѓа во Манчестер. Тука фановите се одлични, многу сум среќен што играм во еден од најголемите клубови во светот” – изјави голманот. Луѓето од „Олд Трафорд” се убедени дека ќе му го продолжат договорот на 27-годишниот Шпанец иако досегашните преговори не…

Read More

Во лигата на фудбалските шампиони денеска не чекаат новите возбудувања  во рамките на првото коло. Во групата „Е“ Баерн ќе гостува кај Бенфика. Германците се фаворити на хартија иако тренерот Ковач има проблем да го изведе најдобриот состав. Во вториот натпревар од групата, Ајакс ќе биде домаќин на АЕК. Двата тима мораа да поминат низ квалификациите. Холанѓаните најавуваат  атрактивен фудбал, грците пак, дефанзивна тактика. Во групата „Ф“,  Шахтор (Донецк) ќе го пречека германскиот Хофенхајм додека Манчестер Сити ќе му биде домаќин на  Лион.  Во групата „Г“, во дербито, бранителот на тронот Реал Мадрид ќе и биде домаќин на Рома. Во…

Read More

Потпретседателот на фудбалскиот состав Интер, Хавиер Занети, вели дека играњето во Лигата на шампионите е сосема нормална работа за „нероазурите” кои вечер на домашен терен ќе излезат на мегдан со Тотенхем. Средбата за калчо-лигашот претставува враќање на големата европска сцена по долга пауза од цели седум години. Занети и покрај тој податок не крие дека е оптимистички расположен. „Лигата на шампионите е единствен настан. Публиката на Џузепе Меаца ќе им даде поддршка на играчите кои ќе се сретнат со најголемите тимови во Европа.  Се сеќавам на мојот прв натпревар во Лигата на шампионите. Игравме во Пиза против екипата на Рига.…

Read More

Даниел Квајт повторно ќе биде дел од возбудувањата во Формула 1. Тоа треба да го потврди  тимот на Торо Росо на 30 септември на трката за Големата награда на Русија која ќе биде возена на патеката во Сочи. Тој започна во тимот на Торо Росо и доби шанса во Ред Бул, но, поради слабите резултати беше вратен во јуниорскиот состав . Квајт во тековната сезона беше дел од тимот за развој на Ферари а со заминувањето на Пјер Гасли во Ред Бул, повторно ќе добие шанса да се натпреварува во Формула 1. Самиот возач го информирал и раководството на Ферари…

Read More

Тенисерката од Русија, Марија Шарапова, објави дека предвреме ќе ја заврши тековнава сезона за да може максимално да се рехабилитира и да се подготви за предизвиците во наредната година. Некогашната најдобра тенисерка на ВТА листата која сега го има 24-то место, потенцираше, дека нема да се појави на турнирите во Пекинг и во Москва иако тоа значително ќе влијае на нејзиниот рејтинг. Таа годинава најдобрите игри ги покажа во Рим кога влезе меѓу најдобрите четири како и на собирите во Англија и во Мадрид кога успеа да стигне до четврфиналето. Од нејзиниот тим потврдија дека Шарапова, првиот настап ќе го…

Read More

Тренерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини,  доби непријатни вести од лекарскиот штаб откако е утврдено дека новото засилување, Џек Вилшир, ќе мора да оид на операција на глуждот и ќе мора да одмора најмалку шест недели. Откако 26-годишниот англиски репрезентативец се повреди во претходната недела на еден од тренизите, лекарите се надеваа дека нема да оди на операција, но, се случи токму спротивното. Напаѓачот пак, на „чеканите“, Марко Арнаутович, кој заработи повреда на коленото на викенд-мечот со Евертон, исто така ќе биде надвор од терените и нема да игра на дербито со Челзи закажано за наредниот викенд.

Read More

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е најсериозен кандидат за ангажман на мексиканскиот интернационалец, Ирвинг Лозано од екипата на ПСВ Ајндховен. Крилниот играч остави одличен впечаток на Светското првенство во Русија а подолг период е еден и од најдобрите фудбалери на холанскиот тим.Тренерот на англискиот тим, Жозе Мурињо, ќе испрати понуда од околу 30 милиони евра и ќе се обиде да го убеди Мексиканецот да се пресели на „Олд Трафорд“. 23-годишниот Ирвинг Лозано пристигна во ПСВ Ајндховен во 2017 година и досега на 34 средби постигна 21 гол.

Read More