Возачот на Мерцедес, Вандоор, вели дека ќе даде се од себе во последните сезонски трки во Формула 1 иако на крајот на шампионатото ќе го напушти тимот. Белгискиот возач иако има подолг стаж на птеките, во наредната сезона ќе биде заменет од новодојдениот Ландо Норис.
Јас и тимот вложуваме многу напор за да дојдеме до посакуваните успеси “, вели Вандоор кој ја искористи можноста да се пожали и на квалитетот на болидот. Дури и Зак Браун потврди дека нивниот автомобил е многу слаб.
„Продолжуваме да се бориме, но, за жал имаме ужасно мизерен автомобил кој не реагира на подобрувањата. Другите тимови напредуваат многу добро а ние како да назадуваме. Сепак, нема да се откажуваме бидејќи ги идентификуваме проблемите и се обидуваме да ги надминеме“ – потенцираше Вандоор.