Author: dino

Менаџерот на Евертон, Марко Силва, рече дека напаѓачот, Сандро Рамирез, треба да остане во клубот од Премиер Лигата. 23-годишниот фудбалер премина во Евертон во изминатата сезона, но, одигра само 14 натпревари пред да биде испратен во јануари на позајмица во шпанскиот состав Севилја. Голгетерот синоќа одигра добар натпревар при победата со 3:1 против Родерам во вториот круг на турнирот за Купот на Лигата на Англија. „Сандро е играч кој сака да остане во тимот бидејќи му верувам“ – рече Силва по вчерашниот натпревар. Евертон кој има една победа и две реми во првите три натпревари од сезоната во англиското првенство,…

Read More

Свен Горан Ериксон кој своевремено седеша на клупата на репрезентацијата на Англија, го советува менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, да молчи кога ќе добие критики од медиумите. Стратегот од Шведска потенцира дека тоа го извлекол како поука додека работел во екипите во Англија и во селекцијата на „Гордиот Албион“. Познато е дека Специјалниот во континуитет влегува во расправија со новинарите а последен пат тоа го направи по викенд-поразот на домашен терен од Тотенхем. „Кога ќе добиеш критика од медиумите подобро е да молчиш. Единствен начин да се одбраниш е да направиш одлични резултати. Ако завојуваш со медиумите никогаш нема…

Read More

Првиот напаѓач на фудбалскиот состав Селтик, Муса Дембеле, има реална шанса да ја продолжи кариерата во редовите на францускиот прволигаш Лион. Според најавите, тој ќе треба да го пополни местото на Маријано Дијаз кој од вчера за 30 милиони евра го облече дресот на Реал Мадрид. Медиумите во Франција тврдат дека „лавовите“ ќе платат за услугите на Дембеле околу 25 милиони евра. Тие се надеваат дека работата ќе биде завршена до крајот на преодниот рок. Дека во пишувањата има вистина, потврди и тренерот на шкотскиот тим Брендон Роџерс.. „Има понуда за Муса Дембеле. Во европскиот фудбал едноставно морате да бидете…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, кој се повреди на мечот меѓу неговиот Динамо Загреб и Јанг Бојс во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе мора да одмора најмалку еден месец. Тоа значи дека искусниот играч ќе ги пропушти средбите со Гибралтар и Ерменија на 6 и 9 септември на стартот на ново формираното натпреварување – Лигата на Нации. Лекарските прегледи покажале дека капитенот на хрватскиот состав има проблем со задниот бутен мускул. Селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски, на вчерашната средба со новинарите потенцираше дека нема да повика друг играч како замена за повредениот Адеми бидејќи има доволно квалитет во…

Read More

Левиот бек на фудбалскиот состав Тотенхем, Дани Роуз, има намера да се бори за место во тимот. Според –„Телеграф”, дефанзивецот ќе остане во лондонскиот клуб барем до јануари откако одби да замине на позајмица во Пари Сен Жермен или Олимпик Марсеј. Според најавите, двата тима од Франција ќе се обидат да дојдат до неговиот потпис до петок кога се затвора преодниот рок иако е евидентно дека Роуз сака да остане во Англија. Тој изјави дека е задоволен од шансата што му ја дава тренерот, Почетино и дека сака да ја оправда неговата доверба. Сепак, бекот на Тотенхем оставил простор дека…

Read More

Саид Берахињо кој според многумина треба да биде еден од врните голгетери на Англија падна во бездна откако го промени составот во 2017 година. Т ој го напушти тимот на ВБА откако ја освои наградата за најдобар млад играч до 21 година и за 12 милиони фунти се активираше во Стоук. Во трансферот нема ништо пробелматично, но, неговиот ефек за речиси една година е поразителен. Фудбалерот кој е роден во Бурунди го постигна дебитантскиот гол во црвено-белиот дрес по дури 34 натпревари. „Среќен сум што успеав да ги израдувам нашите навивачи“ – вели Берахињо кој на куп мечот со Хадерсфилд…

Read More

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, во интервју за – „Скај Спортс” му даде поддршка на тренерот,  Жозе Мурињо. Португалскиот тренер е подложен на сериозни критики по слабиот почеток на сезоната во која „црвените ѓаволи“ победија само во една од првите три средби во Премиер лигата. „Манчестер Јунајтед има фантастичен менаџер. Клубот поминува низ тешки времиња, но, мора да се справи со нив. Мислам дека Мурињо е вистинската личност и треба да остане. Клубот, играчите и навивачите треба да се една целина ” – изјави Гигс. „Манчестер Јунајтед има одличен менаџер и одлична група на играчи. Знаме дека тие многу…

Read More

Возачот во Формула 1, Себастијан Фетел, се надева дека со подобрената верзија на болидот на Ферари ќе успее да победи на патеката во Монца и на тој начин да го оддржи нејзиното постоење во календарот на ФИА за подолг период. Италијанската патека има договор со првите луѓе на мото-спортот за наредната сезона, но, од 2020 година се е под знак прашалник. „Верувам дека ќе имаме голема помош од навивачите исто така се надевам дека ако победам ќе придонесам патеката во Монца да остане и понатаму во Формула 1. Морам да издвојам дека е секогаш убаво да се вратиш во Италија“…

Read More

Тренерот на кошаркарите на Кливленд, Тајрон Лу, вели дека ќе биде тешко да се надополни заминувањето на Леброн Џејмс бидејќи според него, тој е еден од најдобрите играчи во НБА лигата. Џејмс во текот на летово за 154 милиони долари го напушти тимот на Кливленд и потпиша договор за четири години со  Лос Анѓелес Лејкерс. „Сакав да остане во мојот тим, но, тоа не се случи. Сега ќе биде поинаку бидејќи имаме многу млади кошаркари кои допрва треба да се формираат. Не може да се замени Џејмс бидејќи станува збор за еден од најдбрите играчи на сите времиња„ – вели…

Read More
NBA

41-годишниот ветеран под обрачите, Винс Картер, потпиша договор за соработка со Атланта хокс во период од една година, објавија медиумите во САД. Тоа за него ќе биде 21-та сезона во НБА откако претходно ги бранеше боите на: Торонто Рапторс, Њу Џерси Нетс, Орландо Меџик, Феникс Санс, Далас Маверикс, Мемфис Гризлис и Сакраменто Кингс. Картер кој со неговите игри остави  посебен белег во најсилната лига на светов, има во просек по 18 кошеви, 4,5 скокови и 3,3 асистенции. Картер во 1999 година го доби признанието за најдобар дебитант. Тој има и осум учества на Ол-стар натпреварите а со селекцијата на САД…

Read More