„Кориере дело Спорт објави дека италијанскиот фудбалски состав Интер не се откажал од намерата да го ангажира фудбалерот на Хрватска и на шпанскиот состав, Реал Мадрид , Лука Модриќ. Наводно, „нероаѕурите“ во јануарскиот траснфер период ќе се обидат да дојдат до потписот на искусниот плеј-мејкер иако првиот човек на Реал, Флорентино Перез, најави дека ќе го пријави Интер во УЕФА бидејќи преговара со играчот без дозвола на тимот. Како стојат работите, Интер нема да попушти и затоа ќе се обиде да го убеди Модриќ да се пресели во Милано и да биде во друшто со неговите репрезентативни колеги, Иван Перишиќ,…
Author: dino
Ракометарот на Вардар, Стојанче Стоилов, ќе мора да паузира подолг период откако заработи скрешница на десната дланка на вчерашниот меч одигран со ПСЖ на силниот меѓународен турнир во Стразбур. Капитенот на „црвено-црните“ настрада по еден дуел со Карабатиќ по што го пропушти вториот дел од мечот. Од таборот на вардарци ќе дадат поконкретна информација околу повредата откако ќе бидат направени дополнителни лекарски прегледи. Како и да е, Стоилов ќе мора да пропушти дел од мечвите на стартот на новата сезона. Што се однесува, пак, до собирот во Стразбур, нашиот тим денеск од 18.15 часот ќе излезе на мегдан со Мешков…
Нашите најдобри одбојкари денеска од 17.00 часот ќе и гостуваат на селекцијата на Швајцарија во рамките на групата „Ф“ во квалификациите за Европското првенство кое ќе се реализира во наредната година. За Македонија тоа ќе биде последен натпревар во сегашниов период на мечеви бидејќи последните два ќе ги реализира догодина. Македонија во моментов се наоѓа на втората позиција во групата со тенденција да остане таму и во најмала рака да биде најдобар второпласиран тим и со тоа да обезбеди место на континенталниот собир. Во вториот денешен меч во нашата група, Унгарија од 18.30 часот ќе ја пречека Украина.
Екипата на Шкупи кој вчера беше сензационално елиминирана од фудбалскиот Куп на Македонија, денеска остана и без тренер. Зекирија Рамадани си поднесе оставка а тоа го објави и на неговиот профил на социјалната мрежа – „Фејсбук“. „Сакам да соопштам дека поднесувам оставка. Благодарност на раководството за поддршката, на фудбалерите и на сите наши навивачи. Многу успех на Шкупи во иднина“ – напиша Рамадани. Шкупи вклучувајќи го и двомечот со Глазгов Ренџерс во квалификациите за Лига Европа не успеа да забележи победа на стартот на новата сезона. Во Шкотска загуби со 2-0 а дома одигра без голови. Потоа дојдоа мечевите од…
Легендата на австралискиот и светскиот тенис, Род Лејвер, иако е голем навивач на Роџер Федерер, вели дека Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал заедно со уште неколку помлади тенисери се главните фаворити за победа на годинешното издание на – „САД Опен“. „Тоа е навистина тежок и напорен турнир. Федерер е можеби подготвен, но, видовте што се случи во Синсинати, времето го уништи. Не можеше да го следи ритамот на Ѓоковиќ“ – потенцирал носителот на 11-ет грен слем титули. Отвореното тениско првенство на Соединетите Американски држави ќе започне на 27 август а пехарот ќе го брани Шпанецот, Рафел Надал.
Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити ја разгледуваат можноста да го ангажираат голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас и тоа како замена за повредениот Клаудио Браво. Чилеанецот ја искина тетивата на еден од тренинзите на „граѓаните“ и ќе мора да ја пропушти целата сезона. Тоа значи дека тренерот, Пеп Гвардиола, сега го има на располагање само 20-годишниот Даниел Гримшо како замена за Бразилецот, Едерсон. Иако трансферниот период во Англија е затворен, тимовите имаат право да ангажираат фудбалер ако се соочат со случај на потешка повреда на фудбалер. Во меѓувреме, Навас вели дека нема желба да го напушти Мадрид бидејќи неговиот…
Хозе Марија Марин, некогашен втор човек на Светската фудбалска федерација и претседател на Бразилската фудбалска конфедерација, поради корупција, заработи затворска казна од четири години . Судот во Њујорк го прогласи за виновен 86-годишниот Марин со обвинение дека работел незаконски и дека примал мито. Покрај ефективната казна на Марин му е изречена и глоба од 1,2 милиони долари. Тој ќе мора да го врати и износот од 3,3 милиони долари што го добил со направените малверзации.
Анти-корупциската комисија на ИААФ го ослободи од обвинение за незаконски банкарски трансфери легендарниот атлетичар, Сергеј Бубка, кој е актуелен потпретседател на Светската атлетска федерација. Мината година францускиот весник – „Ле Монд“ ја започна приказната откако објави дека Бубка во 2009 година префрлал пари на компанија поврзана со тогашниот финансиски директор во ИААФ, Валентин Балахничев, кој подоцна доби доживотна суспензија заради изнудување и корупција. Бубка кој е олимписки шампион и светски рекордер во скок со стап, сега е претседател на Украинскиот олимписки комитет а паралелно ја извршува и функцијата во ИААФ.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, проговори за катастрофалните грешки на голманот Лорис Кариус во последното финале во Лигата на фудбалските шампиони против Реал Мадрид кои директно влијаеја на епилогот и практично донесоа победа за шпанскиот состав. Германскиот чувар на мрежата од тој натпревар е под постојан притисок а шпекулациите одат до таму што највауваат и негов трансфер во Бешикташ. Искусниот стратег на „црвените“, признава дека по тој натпревар немал зборови да го утеши разочараниот Кариус. „Јас сум силен подржувач на идејата да молчите ако ги немате виситнските зборови. Не знаев што да кажам. Ниту бев лут, ниту бев разочаран или нешто…
Медиумите во Англија во комбинација со видни личности од светот на фудбалот а посебно од Островот, не престануваат да ја коментираат ситуацијата во Манчестер Јунајтед и работата на тренерот, Жозе Мурињо. „Црвените ѓаволи“ во викенд колото загубија изненадувачки на теренот на аутсајдерот Брајтон што повторно предизвика лавина на реакции и критики упатени кон португалскиот тренер. Британските медиуми денеска шпекулираат дека челниците на тимот имаат направено листа на потенцијални наследници на Специјалниот. Според нив на истата се ставени: Маурицио Почетино, Зинедин Зидан, Рајан Гигс, Лорен Блан и Антонио Конте.
