Анти-корупциската комисија на ИААФ го ослободи од обвинение за незаконски банкарски трансфери легендарниот атлетичар, Сергеј Бубка, кој е актуелен потпретседател на Светската атлетска федерација.
Мината година францускиот весник – „Ле Монд“ ја започна приказната откако објави дека Бубка во 2009 година префрлал пари на компанија поврзана со тогашниот финансиски директор во ИААФ, Валентин Балахничев, кој подоцна доби доживотна суспензија заради изнудување и корупција.
Бубка кој е олимписки шампион и светски рекордер во скок со стап, сега е претседател на Украинскиот олимписки комитет а паралелно ја извршува и функцијата во ИААФ.