Author: dino

Германскиот елитен состав, Борусија (Дортмунд), е најблиску да го обезбеди потписот на напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер, тврдат различни информации во шпанските медиуми. По се изгледа дека 24-годишниот напаѓач нема да остане на „Камп Ноу” бидејќи неговото име се поврзува со можен трансфер во Порто или Бетис. Последните информации велат дека Борусија (Дортмунд) започнала преговори за ангажирање на голгетерот и дека двата клуба набрзо може да најдат заедники јазик. Алкасер во 2016 година за 30 милиони евра ја напушти Валенсија и потпиша пет годишне договор со Каталонците. За нив одигра 50 натпревари на кои постигна 15 голови. Алкасер за Шпанија…

Read More

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, кој во изминатата сезона настапуваше како позајмен во италијанскиот состав Интер, повторно ќе биде надвор од „Камп Ноу“ и од плановите на тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде. Откако „нероаѕурите“ проценија дека не им треба Рафиња и одбија да го откупат неговиот договор во текот на летово, Барселона се определи да го испрати Рафиња повторно на позајмица и тоа во екипата на Бетис. Клубот од Севилја кој ќе ја покрие целата негова плата, ќе добие можност на крајот на сезоната да му го откупи договорот за скромни  25 милиони евра.  

Read More

Откако челниците на шпанскиот фудбал најавија дека дел од мечевите може да се реализираат во САД, жестоко реагираа капитените на екипите кои се собраа на сотанок во Мадрид. Нивниот став за најавените планови на федерацијата го пренесе претседателот на Асоцијацијата на фудбалерите во Шпанија, Давид Аганзо. Тој посочи дека играчите се крајно изнервирани и не ја подржуваат одлуката на првите луѓе на Федерацијата. „ Фудбалот не е само бизнис и одлуките не може да се носат само унилатерално. Сите играчи се против иако дел од клубовите сакаат да играат натпревари во САД. Ја го пренесувам само мислењето на фудбалерите“ – истакна…

Read More

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, успеа да влезе во второто елиминациско коло на последниот годинашен грен слем турнир – Отвореното првенство на САД. Таа денеска на стартот на квалификациите успеа да ја совлада фаворизирната домашна претставничка, Лорен Дејвис, со 2 спрема 1, по сетови 6-7, 7-5 и 6-3. Ѓорческа во третиот сет направи два брејка и дојде до големи 5-0, но, потоа и дозволи на Дејвис да влезе во серија и да намали на 5-3. Сепак, во продолжението нашата тенисерка повотрно демонстрираше квалитет и обезбеди победа од 6-3 што значи и пласман во второто елиминацско коло. Таму ја очекува пресметка со…

Read More

Англискиот фудбалски репрезентативец, Дени Роуз, има реални шанси да си замине од редовите на Тотенхем до крајот на летниов преоден рок. Левиот бек одбил да биде испратен на позајмица во германскиот Шалке 04, но, затоа е расположен за трансфер во францускиот шампион ПСЖ, кој јавно објави, дека е заинтересиран за неговите услуги. Според, „Лондон Ивнинг Стандард”, првите луѓе на Тотенхем се подготвени да се разделат со фудбалерот доколку ја добијат посакуваната сума. Во истовреме, Тоби Алдерверлед кој цело лето беше поврзуван за трансфер, сепак ќе остане во екипата на инсистирање на стратегот, Маурисио Почетино. Весникот објави дека Камерон Картер-Викерс ќе…

Read More

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо, кој во текот на летово го напушти Реал Мадрид и се пресели во редовите на Јувентус, откри зошто ја промени средината. „Никогаш не очекував дека ќе играм за Јуве, но, работите дојдоа по природен пат. Во Реал направив многу нешта и освоив се што можев.Таму имам многу пријатели, но, навистина  немав проблем да ја донесам одлуката да си заминам“ – вели Роналдо кој се насочи и кон новиот предизвик. „Многу сум среќен во Торино, имаме добар тим и пријатно сум изненаден од темпото на работа. Тука сум опкружен со професионалци и затоа верувам во успех“…

Read More

Екипата на Тотенхем првиот меч од Лигата на фудбалските шампиони ќе мора да го одигра на стадионот  – „Вембли“. Одлуката е донесена по консултации со УЕФА бидејќи новиот стадион кој требаше да биде пуштен во почетокот на септември нема да биде подготвен. Англискиот тим првиот меч од групната фаза во Лигата на Шампионите ќе го одиграат на 15 или 16 септември или на 2 или 3 октомври. Тотенхем наредните мечеви од Премиер лигата со Ливерпул и Кардиф ќе мора да ги одигра на – “Вембли”. Се претпоставува дека и големото дерби со Манчестер Сити ќе биде одиграно на 28 октомври…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, му посочил на напаѓачот, Ентони Марсијал, да си замине до крајот на преодниот рок. Познато е дека за францускиот репрезентативец се заинтересирани екипите од типот на: ПСЖ,  Јувентус и Баерн Минхен. Марсијал кој има нарушени односи со португалскиот стратег и не ја добива вистинската шанса за докажување, неодамна изјави,  дека сака да си замине од „Олд Трафорд“. Ќе потсетиме дека Марсијал пристигна кај „црвените ѓаволи“ во 2015 година откако за неговиот потпис беа платени големи 60. милиони фунти.

Read More

Тенисерот од Германија, Александар Зверев, кој во почетокот на годинава по настапот на Австралија Опен се реши да ја прекине соработката со тренерот, Хуан Карлос Ферер, конечно се одлучи да ангажира нов. Тоа ќе биде легендарниот, Иван Лендл, кој има дури осум Грен слем титули од најсилните светски турнири. Детали за договорот не се познати. Зверев  кој извесен период работеше со неговиот татко, сега се наоѓа на четвртото место на листата на најдобрите светски тенисери. Што се однесува до Лендл, тој како тренер најдобрите резултати ги постигна со  Енди Мареј, но, поради бројните повреди на Британецот одлучи да ја прекине…

Read More

Новиот селектор на нашата фудбалска репрезентација У-21, Добринко Илиевски, започна со формирање на тим во кој ќе бидат активни многу играчи од  генерацијата до 19 години која се пласираше во елитните квалификации на УЕФА. „ Креираме нов тим. Средбите против Србија и Ерменија и на крајот на квалификациите против Русија и Гибралтар, треба да ни помогнат да се врати самодовербата меѓу играчите“ – изјави Илиевски. Нашата млада селекција У-21 која ги загуби шансите за висок пласман, на 7 септември ќе гостува во Србија додека на 11-ти ќе и биде домаќин на Ерменија.

Read More