Author: dino

Кошаркарот на Химки, Алексеј Швед, во текот на летото добил дури четири понуди од екипи од НБА лигата, но, одлучил да остане во тимот од Русија бидејќи е задоволен од финансиските услови. Неговиот агент задолжен за трансфери во изјава за медиумите потенцирал дека 29-годишниот бек-шутер е задоволен од условите во Москва и дека нема намера да се пресели во Соединетите Американски Држави додека не добие навистина примамлива понуда. „Годинава Њу Орлеанс, Минесота, Феникс и Мемфис испратија понуди за Швед. Најголемата понуда беше 4 милиони долари, но, тоа не ги исполнува нашите барања. Швед нема потреба да се докажува, затоа треба…

Read More

Поранешниот француски фудбалски репрезетативец, Џибрил Сисе, ќе ја продолжи кариерата и ќе игра за италијанскиот клуб Виченца 1902, според италијанската верзија на „Goal.com“. Тој италијански клуб нема професионален статус. Црномурестиот фудбалер кој има 37-години, во неговата кариера, играше за Олимпик Марсеј, Лацио, Ливерпул, Оксер, Панатинаикос, Кубан и уште неколку други. Минатата сезона Французинот го носеше дресот на швајцарскиот тим Ивердон кој настапуваше во третата дивизија,

Read More

Германскиот елитен фудбалски состав, Баер (Леверкузен), му го продолжи договорот на напаѓачот, Леон Бејли, до летото во 2023 година, стои во соопштението лиферувано до јавноста. Сегашниот договор на 21-годишниот играч од Јамајка му беше валиден  до крајот на сезоната 2021/2022. Тој во дресот на „фармацевтите“ во Бундес-лигата во сезоната 2017-18  имал 76 шутеви кон противничкиот гол и дури 166 успешни дриблинзи. Бејли се пресели во Баер во 2017 година а минатата сезона постигна 12 гола во 36 натпревари.

Read More

Македонскиот автомобилист, Виктор Давидовски, го освои 15. место на денешната втора трка што се возеше на патеката Асен во Холандија во рамките од ТЦР шампионатот. Давидовски иако стартуваше од последниот ред успеа да помине неколку возачи и да го обезбеди 15-то место. Што се однесува пак, до Игор Стефановски – Иџе, тој не успеа да ја заврши трката откако во првиот круг се соочи со проблеми во возилото. ТЦР шампионатот ќе продолжи на 23 септември на патеката Монца во Италија.

Read More
NBA

38-годишниот ветеран од кошаркарската НБА лига, Јадонис Хаслем, ќе ја реализира и шеснаесетта последователна сезона во дресот на Мајами, објавија денеска медиумите на Флорида. Тешкото крило кое дебитираше во тимот во 2003 година, никогаш и не ја криеше желбата да остане во Мајами до крајот на кариерата. Сега се чини дека раководството на „жешките“ ќе му ја исполни желбата иако нема прецизни детали околу новиот договор. Јодонис има одиграно 844 натпревари во регуларната сезона и 147 во плеј-офот. Тој се израдувал и на три шампионски титули.

Read More

Домагој Вида кој со селекцијата на Хрватска го освои второто место на фудбалскиот Мундијал во Русија и понатаму користи слободни денови. Тој беше виден заедно со неговата сопруга како конзумираат алкохолен пијалок во еден познат ресторан. Фудбалерот на турскиот Бешикташ е оженет за поранешната манекенка и МИС на Хрватска за 2014 година, Ивана. Корпулентниот фудбалер стана хит за време на Светското првенство во Русија бидејќи секоја победа ја прославуваше со обилно количество на пиво а се тоа беше постирано и на социјалните мрежи.

Read More

Фудбалерот на Милан, Рикардо Монтоливо, нема намера да си замине од редовите на „росонерите“ иако челниците и тренерот, Џенаро Гатузо, јавно му посочија дека нема да го вклучат во плановите за новата сезона. Монтоливо и покрај нивните укажувања не сака предвреме да го раскине договорот и да побара нов тим наведувајќи дека неговата сопруга е бремена и дека сака да остане во Милано. 33-годишниот фудбалер има активен договр со италијанскиот состав до јуни во 2019 година.

Read More

Светската фудбалска федерација денеска ја објави најновата листа на која Македонија се наоѓа на 70-та позиција или една погоре во однос на претходното рангирање. Што се однесува до нашите противници во нофоромираното натпреварување, Лигата на нации, Ерменија го има 100-то место, Лихтенштајн е 180-ти а Гибралтар се наоѓа на 195-та позиција. На врвот на ФИФАочекувано имаше промени. Нов лидер е светскиот шампион Франција. „Триколорите“ по освојувањето на Мундијалот во Русија скокнаа дури шест позиции и го запоседнаа врвот. На второто место е Белгија  која освои бронза на СП додека Бразил падна на третото. Хрватска која играше во финалето на годинешниов…

Read More

Италијанскиот фудбалски состав Наполи откако продаде дел од првотимците се обиде да ги пополни празнините со неколку нетрактивни играчи од типот на Фабијан Руиз, Симоне Верди, Кевин Малкуи и Винисиус Мораиш за кои беа потрошени 71,5 милиони евра. Токму таквата трансферна политика предизвика нервоза кај навивачите кои преку различни форми му порачаа на претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, дека воопшто не се задоволни од реализираното. Тој пак, им возврати во негов стил. „Како можат навивачите да очекуваат да потрошам стотици милиони евра на нови фудбалери кога постојано купуваат фалсификат дресови и на стадионот влегуваат без да платат билет? “…

Read More

Новиот тренер на Баерн (Минхен), Нико Ковач, вовел нови правила на однесување кои нема да им се допадната на  ѕвездите на баварскиот гигант. Едно од нив не дозволува користење на паметни телефони во клупската база освен во соблекувалната. Играчите не смеат да имаат мобилни уреди во трпезаријата и за време на масажа. „Нормално е играчите да имаат пристап до нивните телефони во соблекувалната, но, кога имаме ручек заедно, треба да комуницираме едни со други. Сакам играчите да комуницираат повеќе меѓу себе” – рече Ковач. „Паметните телефони немаат место во кабинетот за масажа. Професионалните спортисти мора да бидат целосно фокусирани. Покрај…

Read More