Младиот фудбалер на аргентинската репрезентација и на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо, во новата сезона во Англија ќе ги брани боите на Вулверхемптон, објавија медиумите на островот. Според нив, трансферната сума е околу 30 милиони евра иако двата клуба не објавија прецизни детали. 28-годишниот репрезентативец на „гаучосите“ во месец март го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ до 2021 година што значи дека сега е испратен на позајмица. Дефанзивецот кариерата ќе ја продолжи во новиот премиерлигаш кој пак, најави дека има големи амбиции. Популарните „волци“ во меѓувреме ги ангажираа и Мутињо и Руис Патрисио. Се претспоставува дека тимот од „Олд Трафорд“ парите…
Author: dino
Алжирскиот фудбалер, Ријад Марез, кој во текот на летово го напушти Лестер и се пресели во редовите на шампионот на Премиер лигата, Манчестер Сити, имаше пех да се повреди на пријателскиот натпревар со Баерн Минхен. Според најавите, голгетерот на „граѓаните“ ќе го пропушти мечот со Челзи предвиден во рамките на Комјунити Шилд. Тој веднаш беше испратен во Англија а лекарските прегледи ќе покажат колку ќе мора да одмора и дали ќе го пропушти стартот на новата сезона. Неговиот тим првиот меч во Премиер конкуренцијата ќе го одигра на 12 август на теренот на Арсенал. Марез неодамна ги напушти „лисиците“ и…
Интернационалецот од Костарика на голот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, вели дека не се грижи за неговата иднина на „Сантијаго Бернабе“ иако во континуитет се појавуваат гласини дека „кралевите“ ќе купат нов фудбалер на неговата позиција. Според извори блиски до шпанскиот тим, челниците на Реал планираат да го ангажираат, Тибо Куртоа од Челзи, кој според многумина е еден од најдобрите чувари на мрежата.Тоа сепак не влијае на мотивацијата на Навас кој од денеска му се приклучи на тимот на подоготвките во САД. „Имам уште две години од договорот. Ќе се борам за место во тимот ” – изјави 31-годишниот голман…
Нашиот тенисер, Калин Ивановски, го освои третото место на Европскиот шампионат за играчи до 14 години кој се реализира во Мост во Чешка. Тој загуби во 1/2 финалето од 4 носител, Милик Полчијак со 2-0 по сетови на двапати со 6-1. Ивановски на патот до бронзата успеа да ги победи: Ерик Аритинуан, Микаил Гороков, Бранко Ѓуриќ и Лука ван Еш.
Тренерот, Ернесто Валверде, признава дека Барселона мора да обезбеди барем едно атрактивно засилување за средниот ред. Менаџерот на гигантот од Каталонија остава простор дека ќе се обиде да ја засили линијата за врска во средината на теренот. Според најавите, фудбалерот на ПСЖ, Адријан Рабио е еден од играчите кој може да дојде на „Камп Ноу“. Во истиот контекст се споменува и името на Миралем Пјаниќ од Рома. „Има реални шанси да купиме фудбалер до крајот на преодниот рок. Откако Иниеста и паулињо си заминаа, мораме да најдеме соодветни замени“ – потенцираше Валверде.
Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид, најверојатно нема да обезбеди атрактивно засилување во текот на летово. Заминувањето на Кристијано Роналдо во Јуве наметна дилема дали првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, ќе најде негова замена. Иако се споменуваше во пореден план,играчот на Челзи, Еден Азар, најверојатно репрезентативецот на Белгија нема да заигра на „Сантијаго Бернабе“. Според денешното издание на весникот, „АС“, новиот тренер на Реал Мадрид, Лопетеги, сака максимално да ги искористи квалитетите на Иско и на Асенсио и затоа нема да бара нов играч.
Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, му донесе одлична заработка на легендарниот италијански возач во „Moto GP“, Валентино Роси. Компанијата „VR46“ која е во сопственост на Роси, има задача да ги изработува сите навивачки реквизити на Јувентус кои подоцна можат да се купат од клубот од Торино. Јувентус за само 24 часа од доаѓањето на Португалецот продаде повеќе од половина милион дресови со бројот седум. Цената на еден дрес изнесува 105 евра што значи дека торинскиот клуб за само 24 часа заработи неверојатни 54 милиони евра.
Така наречениот принц на Рим, Франческо Тоти, кој се прости со активно играње на фудбал, вели дека неговата „десетка“ во Рома може да ја добие само легендата на Барселона, Лео Меси. Откако фудбалерот на „волчицата“ замина во пензија, клубот од Италија се определи да го повлече неговиот дрес со бројот десет. „Не сакав да се повлече „десетката“, затоа што многу деца сонуваат да го облечат токму тој дрес на Рома. Ќе видиме кога ќе се појави некој нов Тоти. Кога Меси би дошол во Рим, тогаш би му ја дал „десетката“ и тоа лично на аеродром“ – изјави Тоти. Поранешниот…
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, планира да се ослободи од четворица играчи. Тој откако го продаде Дени Вард во Лестер за 14 милиони евра, планира да ја раскине соработката со уште неколку фудбалери. За Дени Ингс тимот на Кристал Палас понудил 23 милиони евра. Голманот, Симон Мињоле, е блиску до трансфер во Бешикташ за сума од 13-14 милиони фунти додека Лазар Марковиќ би можел да отиде во Олимпијакос за околу осум милиони фунти. Последен на листата е Ориги за кого е заинтересирана Валенсија. Шпанците треба да понудата околу 20-ет милиони за да го добијат играчот на „црвените“.
Фудбалскиот шампион Шкендија е најдобриот македонски тим кој фигурира на клупската листа на УЕФА. Тетовци со последните победи против ТНС и Шериф во квалификациите за ЛШ успеаа да го поминат Вардар кој драстично го расипа рејтингот по поразите од Пјуник во квалификациите за ЛЕ. Шкендија сега има коефициент 5.500 што е доволно за 163-то место додека „црвено-црните“ имаат коефициент 5.000 кој ги спушти на 180-та позиција. На листата на УЕФА има 449 клубови. Што се однесува до ефектот на земјите кои имаат претставници во европските конкуренции, Македонија има коефициент 7.878 и се наоѓа на 34. место од вкупно 55 рангирани.…
