Легендата на австралискиот и светскиот тенис, Род Лејвер, иако е голем навивач на Роџер Федерер, вели дека Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал заедно со уште неколку помлади тенисери се главните фаворити за победа на годинешното издание на – „САД Опен“.
„Тоа е навистина тежок и напорен турнир. Федерер е можеби подготвен, но, видовте што се случи во Синсинати, времето го уништи. Не можеше да го следи ритамот на Ѓоковиќ“ – потенцирал носителот на 11-ет грен слем титули.
Отвореното тениско првенство на Соединетите Американски држави ќе започне на 27 август а пехарот ќе го брани Шпанецот, Рафел Надал.