Возачот во Формула 1, Себастијан Фетел, се надева дека со подобрената верзија на болидот на Ферари ќе успее да победи на патеката во Монца и на тој начин да го оддржи нејзиното постоење во календарот на ФИА за подолг период. Италијанската патека има договор со првите луѓе на мото-спортот за наредната сезона, но, од 2020 година се е под знак прашалник.
„Верувам дека ќе имаме голема помош од навивачите исто така се надевам дека ако победам ќе придонесам патеката во Монца да остане и понатаму во Формула 1. Морам да издвојам дека е секогаш убаво да се вратиш во Италија“ – потенцираше германскиот возач.
Тој има тенденција да стане првиот член на Ферари по Фернандо Алонсо во 2010 година кој успеал да победи на патеката во Монца.