Пилотот на Ред Бул во Формула 1, Макс Верстапен, изјави дека е презадоволен од освоената втората позиција на Гран при трката во Сингапур.
На стартот, Себастијан Фетел беше многу агресивен и успеа да го претекне холанѓанецот на второто место. Потоа, Себ влезе прерано во боксот додека Ред Бул го одбраа најдобриот момент и со одлична стратегија му овозможија на младиот Холанѓанец да се искачи на второто место на пиедесталот.
„Резултатот навистина не е лош. Треба да му се заблагодарам на тимот кој направи одлична стратегија и ми овозможи да се пробијам на второто место. Имавме многу проблеми со менувањето на брзините особено зад безбедносното возило, но, на крајот се заврши добро. Јас сум многу задоволен” –изјави Верстапен.