Фудбалерот, Еден Азар, кој можеби ќе го продолжи договорот со Челзи со далеку подобри финансики параметри во однос на претходниот, вели дека се чувствува добро, бидејќи е рамо до рамо со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. „Се обидувам да го правам тоа што можам кога сум на теренот.Јас сум истиот играч каков што бев и пред две или три години. Сега само давам повеќе голови и затоа секој зборува за мене дека сум во Топ 3. Само сакам да продолжам по истиот пат. Мојата цел е да освојувам трофеи. Минатата сезона го освоивме ФА Купот. Знаеме дека во Премиер лигата…
Author: dino
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, в пресрет на саботниот дуел со Вест Хем, ја посвети речиси целата денешна прес-конференција да одговори на прашањата за односот со Пол Погба и нивниот последен конфликт на тренингот кој беше уловен од телевизиските камери. „Тој е фудбалер, како и сите други. Никој не е поголем од клубот. Имаше критики и упатства со повисок тон, но, тоа се случува секој ден. Тоа можете да го видите бидејќи е дозволено да снимате 15 минути од секој трениг“ – вели Мурињо. „Тоа нема да се промени, немаше никаква конфронтација. Нашиот однос е како на…
Шефот на тимот на Рено во Формула 1, Сирил Абитбул, ги негираше тврдењата на Верстапен дека најновата верзија на моторот не работи при голема надморска височина. Тој го советува Макс да се фокусира на автомобилот. Вчера пилотот изјави, дека Ред Бул се вратиле кон претходната спецификација бидејќи сегашната верзија прави проблеми на високите писти како што се во Мексико и Бразил. На тоа првиот човек на Рено на денешната прес конференција во Сочи даде негово објаснување. „Зголемената моќност што ја остваривме треба да биде иста како во Мексико. Не се согласувам со слични коментари и мислам дека Макс треба да…
Луис Хамилтон заедно со неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас, остварија најдобро време на вториот денешен слободен тренинг во Сочи како загревање за неделната трка во Формула 1. За разлика од утринските часови, кога двајцата ги користеа бавните викенд-гуми , тие сега возеа само со „хиперфор“ и успеаа да се пробијат на чело на табелата. Зад нив останаа членовите на Ред Бул, Макс Верстатен и Даниел Рикардо. Себастијан Фетел беше петти со повеќе од половина секунда зад Луис. Неговиот тимски колега Кими Раиконен не успеа да стигне под 1 минута и 34 секунди и остана на шесто место. Во средината…
Европското фудбалско првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија, објави европската фудбалска федерација (УЕФА). Германија ја доби битката со Турција што значи дека „панцирите“ ќе бидат домаќини на голем фудбалски настап по пауза од 18 години односно по Мундијалот што се реализираше во 2006. година. На собирот ќе учествуваат 24 репрезентации. Берлин ќе биде домаќин на решавачкиот меч за победничкиот пехар а фудбал ќе се игра и во Дортмунд, Дизелдорф, Гелзенкирхен, Хамбург, Лајпиц, Минхен и Штутгарт. Ќе потсетиме, дека Турција беше кандидат за ЕУРО 2008, 2012 и 2016. година, но досега ниту еднаш не успеа да ја добие…
Федерацијата на боречки спортови на Македонија денеска со посебна церемонија во СЦ Борис Трајковски во Скопје, го најави проектот – „Развој на борењето“. Пред бројни гости од светското борење беше презентирана дел од опремата која подоцна ќе им биде донирана на нашите клубови. За значењето на проектот проговори и првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. „Со боречката федерација започнавме еден проект за донирање на опрема на боречките клубовите. Станува збор за навистина прекрасен проект кој кореспондира и со сите наши кои се наменети за подигање на стандардите кај клубовите. Целосно и активно сме вклучени во соработка…
Во текот на денов во просториите на МКФ беше составен натпреварувачкиот календар за новата сезона во кошаркарското првенство кое ќе започне на 6 октомври со учество на вкупно 11 клуба. Откако сите прволигаши дадоа согласност тимот на Шкупи сепак да биде вклучен во натпреварувањето иако не ги подмири навреме обврските за котизација, чаирчани ќе бидат слободни во првото коло за да имаат повеќе време да да го комплетираат ростерот. На стартот на првенството ќе го имаме и првото дерби меѓу Блокотехна и МЗТ Скопје а уште ќе играат и Охрид – Работнички, Вардар – Куманово, Гостивар – Кожув и Пелистер…
Еди Хорн и неговиот татко Бери, иако упорно се обидуваат да издејствуваат борба меѓу боксерите Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер, континуирано добиваат негативен одговор од претставниците не Џошуа. „Испратив три и-меила на Бари во кои велам дека немам потреба да се сретнам со него. Тој и јас сме долго време во бизнисот, така да и двајцата знаеме како треба да изгледа таа понуда. Еди Херн може да вика колку што сака, јас цврсто верувам дека ако нешто толку многу го сака тоа и ќе го оствари. Ако не сака, тогаш и нема“ – изјави Шели Финкел кој му е советник…
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го пофали младиот Фил Фоден кој блесна на вчерашниот меч со Оксфорд одигран во рамките на Лига Купот на Англија. 18-годишниот фудбалер кој учествуваше во акциите за првите два гола, успеа и самиот да се запише во листата на стрелците. „Начинот на кој го прослави неговиот прв гол за клубот беше како да постигнал погодок во финале на светско првенство. Сонувам тој да биде тука во наредните 10 години и да игра редовно, верувам дека тоа ќе се случи” – изјави Пеп.
Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, вели дека тековнава сезона во Формула 1 има чуден тек. Австралиецот триумфираше во Кина и Монако, но, потоа меговиот болид не успеа да го задржи темпото на Ферари и Мерцедес. „Двете победи во првите шест трки го донесоа мојот најдобар старт во една сезона во Формула 1. По Монако мислев дека годинава ќе се бориме за титулата од позицијата на аутсајдер. Вербата не ја загубив, но, мотивацијата и љубовта кон спортот полека се губат“ – вели Рикардо. „Мислев дека со напуштањето на Ред Бул по трката во Абу Даби ќе ми биде тешко, но,…
