Луис Хамилтон заедно со неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас, остварија најдобро време на вториот денешен слободен тренинг во Сочи како загревање за неделната трка во Формула 1.
За разлика од утринските часови, кога двајцата ги користеа бавните викенд-гуми , тие сега возеа само со „хиперфор“ и успеаа да се пробијат на чело на табелата. Зад нив останаа членовите на Ред Бул, Макс Верстатен и Даниел Рикардо.
Себастијан Фетел беше петти со повеќе од половина секунда зад Луис. Неговиот тимски колега Кими Раиконен не успеа да стигне под 1 минута и 34 секунди и остана на шесто место. Во средината на рангирањето заврши Серхио Перез со Форс Индија пред Пјер Гасли со Торо Росо.