Еди Хорн и неговиот татко Бери, иако упорно се обидуваат да издејствуваат борба меѓу боксерите Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер, континуирано добиваат негативен одговор од претставниците не Џошуа.
„Испратив три и-меила на Бари во кои велам дека немам потреба да се сретнам со него. Тој и јас сме долго време во бизнисот, така да и двајцата знаеме како треба да изгледа таа понуда. Еди Херн може да вика колку што сака, јас цврсто верувам дека ако нешто толку многу го сака тоа и ќе го оствари. Ако не сака, тогаш и нема“ – изјави Шели Финкел кој му е советник на Вајлдер.
Вајлдер на 1 декември ќе го брани ВБЦ појасот на мечот против Тајсон Фјури.