Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа формирани двојките за четвртфиналната фаза во Купот. Бранителот на пехарот, Шкендија, во првиот меч во Тетово ќе биде домаќин на Победа. Силекс на домашен терен во Кратово ќе ја пречека Беласица, на теренот на Академија Пандев ќе гостува Кораб додека во градското дерби Македонија Ѓорче Петров во воведниот меч ќе му биде домаќин на Работнички. Првите средби од 1 /4 финалето во фудбалскиот Куп на нашава земја ќе бидат одиграни на 7 ноември додека реваншите се предвидени за 5 декември.
Author: dino
Македонската фудбалска репрезентација У-21 во наредниот период ја очекуваат нови два меча во квалификациите за ЕП. Иако шансите за висок пласман се загубени, во нашиот табор владее оптимизам дека ќе се прекине лошата серија. Прво ќе гостуваме кај Русија на 12 октомври а неколку денови подоцна на 16-ти ќе бидеме домаќини на Гибралтар. Селекторот, Добринко Илиевски кој денеска го објави списокот на повикани фудбалери, вели дека двата меча се специфични. „Русија ќе биде комплетна бидејќи и требаат бодовите за второто место. Секако дека е голем фаворит. На средбата со Гибралтар очекувам да ги осовиме бодовите и да се реваншираме за…
Челниците на фудбалскиот состав Рома планираат да му понудат нов договор на младиот играч Лоренцо Пелегрини, објавија италијанските медиуми. Фудбалерот на „волчицата“ кој игра блескаво од почетокот на сезоната исто така беше повикан и во националниот тим на Италија. За него во текот на летото се шпекулираше дека може да се пресли во Милан, но, тоа не се случи. Сега со новиот договор неговата откупна клаузула ќе биде зголемена на 30 милиони евра. Тековниот договор на Лоренцо со италијанскиот клуб е валиден до јуни во 2022 година.
Тренерот на фудбалерите на Вест Хем, Мануел Пелегрини, на прес-конференцијата пред денешната средба со Брајтон во рамките на Премиер лигата, потврди, дека Санчез ќе оди на операција и дека Хавиер Ернандез-Чичарито се вратил на тренинзите. „Брајтон е силен тим, солиден. Имаат ист менаџер неколку сезони. Тоа е фактор кој не треба да се занемарува. Очекуваме тежок натпревар“ – вели Пелегрини. Вест Хем по слабиот старт во сезонава успеа во последните три меча да освои 7 бодови и да се пробие на 14-то место на табелата.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, е најновиот играч кој е во лоши односи со менаџерот, Жозе Мурињо, пишува весникот -„Сан“. Незадоволството кон Специјалниот го достигнало врвот откако Чилеанецот беше заменет на мечот со Валенсија (0:0) во Лигата на Шампионите. Тој на пет натпревари започна како стартер но, само на еден одигра 90 минути. Покрај тоа на Санчез не му се допаѓа позицијата на која го става Мурињо. Тренерот го пушта да игра десно на нападот додека негова желба е да игра на спротивниот дел од теренот. 29-годишниот играч кој и претходно имал конфликти со Португалецот, бара начин да го…
Фудбалерот на Вест Хем, Карлос Санчез, ќе треба да се подложи на операција на коленото поради повреда што ја доби на септемврискиот натпревар против Маклесвил одигран во рамките на Лига Купот на Англија. Колумбиецот кој во текот на летото пристигна од редовите на италијанскиот состав Фиорентина, одигра само 9 минути против нисколигашот и мораше да биде принудно заменет. -Карлос ќе мора да се подложи на операција, која е неопходна“ – стои во соопштението на клубот.
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, проговори за сегашната ситуација кај „црвените ѓаволи“. Тој отворено им порача на играчите дека треба да се насочат кон фудбалот и да не влегуваат во конфликти со тренерот Мурињо. „Ако сте играч на Манчестер Јунајтед и излезете на теренот а не дадете 100% од себе затоа што сте лут на некого, тогаш Господ нека му е на помош на Мурињо” – вели Кин. „Во клубот има многу плачковци. Кога ќе излезете на теренот, играте за вашата гордост, за семејството, за градот. Не смеете да размислувате што зборува тренерот за вас, треба да одиграте максимално…
Кошаркарот на Бостон Селтик, Кајри Ирвинг, дефинитивно ќе ја продолжи соработката со НБА клубот откако ќе му истече тековниот договор. Според најавите, тој разговарал со челниците на Бостон по што добил ветување дека во наредното лето ќе му биде понудена нова соработка. Самиот Ирвинг неодамна изјави, дека сака да остане во Масачусетс и во наредниот период. Одличниот кошаркар во првата сезона помината во редовите на Селтик имаше во просек на натпревар по 24 поени, 3,8 скокови и 5 асистенции.
Италијанскиот првак Јувентус отворено застана зад Кристијано Роналдо по повод случајот во кој е обвинет за силување.33-годишниот Португалец е под сомнение дека во Лас Вегас извршил насилен сексуален акт врз 34-годишната Катрин Мајорга.. „Кристијано Роналдо покажа во последниве месеци неверојатен професионализам а тоа е високо оценето од сите во Јувентус. Сомнежите кои се појавуваат од пред 10 години нема да го променат нашиот однос кон големиот шампион“, истакнаа од Јувентус. Роналдо поради случајот е изоставен од списокот на португалскиот селектор за претстојните мечеви додека неговите спонзори најавија дека ќе размислат дали ќе ја продолжат соработката.
Фудбалскиот тим на Реал Мадрид потврди дека дефанзивецот Дани Карвахал кој се повреди на средбата со ЦСКА Москва во Лигата на шампионите ќе мора да паузира извесен период. 26. годишниот фудбалер допрва ќе мора да направи посебни анализи кои ќе одредат колку време ќе биде надвор од ростерот на „кралевите“. Тоа му создава дополнителни проблеми на тренерот Лопетеги, кој ќе мора да го формира составот без тројца стандардни бидејќи на листата на повредени фигурираат и Марсело и Иско. Згора на тоа и Герет Бејл не е фит со повредата што ја има подолг период.
